ПОРАДИ БИРОКРАТИЈА БИЛА ПРЕКИНАТА ТЕРАПИЈА НА ПАЦИЕНТИ СО РАК НА ДЕБЕЛО ЦРЕВО

a:1:{s:9:"td_source";s:47:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМК.МК)

    ПОРАДИ БИРОКРАТИЈА БИЛА ПРЕКИНАТА ТЕРАПИЈА НА ПАЦИЕНТИ СО РАК НА ДЕБЕЛО ЦРЕВО

    БИРОКРАТИЈАТА ПОВАЖНА ОД ЗДРАВЈЕТО – Серија текстови за корупцијата во здравството (2)

    Болни од рак на дебело црево кон крајот на март годинава останаа без терапија, бидејќи се потрошија дел од лековите на Клиниката за радиотерапија и онкологија, а набавката на нови сe уште не беше завршена. Дел од пациентите се пожалија дека почнатата терапија со цитостатици морале да ја прекинат, оти на клиниката нема лекови, а немаат пари сами да ги купат скапите лекови.
    “Денес почнав со зрачна терапија, и според препораките од лекарот требаше паралелно да продолжам и со цитостатиците. Но, бидејќи ги нема, сега само сум на зрачење. И на други пациенти што чекаа со мене, не знам за кој вид рак, им кажуваа дека нема лек, но им нудеа замена. Мене не ми понудија замена”, изјави тогаш пациент од Скопје.
    Директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија д-р Милан Ристески, тогаш изјави дека доцнат со набавката, бидејќи новиот буџет го добиле на крајот на 2015 година, а потоа изгубиле месец и пол додека се формира нов Управен одбор на Клиниката, кој треба да ги одобри набавките.
    “Потоа Советот за јавни набавки на три пати ни ја враќаше документацијата и изгубивме многу време”, рече тогаш д-р Ристески.
    Клиниката побара одобрение за итна набавка, бидејќи и други лекови беа потрошени или се при крај.
    “Ако до крајот на неделата не набавиме нови количини, ќе мора пациентите да ги префрлиме на друг цитостатик што се дава интравенски. Ако се случи да не ни ја одобрат итната набавка, пациентите ќе може цитостатикот сами да го купат, а потоа ФЗОМ ќе им рефундира средства. Тоа е за оние лекови што ги има во аптеките, но има и цитостатици што ги нема во аптеките”, изјави тогаш д-р Ристески.
    Итната набавка за овие лекови беше одобрена, но дури по неколку недели. Во меѓувреме пациентите беа без лек, или сами го купуваа.
    Борче Христов, претседател на Советот за јавни набавки, вели дека случите како овој со Клиниката за онкологија и радиотерапија, каде дозволија интервентна набавка, се ретки.
    “Во вакви случаи одобруваме одвојување на дел од набавката за интервентно да се набави лек. Но, овие случаи се многу ретки”, објаснува Христов.
    Според последните податоци од Советот за јавни набавки Клиниката за радиотерапија и онкологија во 2015 година и првата половина од 2016 година поднела 76 барања за добивање согласност за јавни набавки.
    “Клиниката за радиотерапија и онкологија поднела вкупно седум барања, за постапката со преговарање без објавување оглас од причини од крајна итност, и тоа три барања се поднесени лани, а четири годинава”, велат од Советот за јавни набавки.

     

    birokratija-zdravtsvo-1

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира