ПРВИТЕ ПАРИ МАКЕДОНИЈА ГИ ДОБИ НА ВЕЛИГДЕН

    ПРВИТЕ ПАРИ МАКЕДОНИЈА ГИ ДОБИ НА ВЕЛИГДЕН

    25god

     

     

    Македонија монетарно се осамостои точно на Велигден во 1992 година. Првите македонски пари беа промовирани на 26 април на собраниската говорница од тогашниот премиер Никола Кљусев. Името „денари“ го даде Македонската академија на науките и уметностите и потекнува од староримскиот „денариус“. Првата серија македонски банкноти беше пуштена во промет во дури осум апоени – 10, 25, 50, 100, 500, 1.000, 5.000 и 10.000.

    Веќе следната година, денарите добија нов дизајн, а три години подоцна повторно имаше редизајн, кој опстана до денеска.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира