ТРУДОВАТА ИНСПЕКЦИЈА НЕ ВЕРУВА ДЕКА ЧЕВЛАРСКИТЕ РАБОТНИЦИ СЕ ЕКСПЛОАТИРАНИ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:858:"Еденмесецоткакобританскиотвесник„Гардијан“објавидекаскапитечевлинакоистоидекасепроизведенивоИталијаиливоГерманија,всушностсепроизведуваатвоМакедонијавомизерниусловизаплатиподутврдениотминимумод9.000денари,ДржавниотинспекторатзатрудтврдидекасамоделумноеточноотиработницитеимаатлошиусловизаработаиотиинспекциитеутврдиледекавоМакедонијаимафабрикизакоиможатдапозавидатмногупоразвиениекономииоднашата";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТРУДОВАТА ИНСПЕКЦИЈА НЕ ВЕРУВА ДЕКА ЧЕВЛАРСКИТЕ РАБОТНИЦИ СЕ ЕКСПЛОАТИРАНИ

    Условите во кои работат македонските работници во чевларската индустрија го згрозија светот, но не и домашните институции и инспекции. Нема поместување кон подобри услови за работа, ниту дополнителни инспекции, еден месец  откако британскиот весник „Гардијан“ објави дека скапите чевли на кои стои дека се произведени во Италија или во Германија, всушност се произведуваат во Македонија во мизерни услови за плати под утврдениот минимум од 9.000 денари.

    Но, според Државниот инспекторат за труд, тврдењата на работниците дека имаат лоши услови за работа се делумно точни. Нивните инспекции утврдиле дека во Македонија има фабрики во кои за условите за работа можат да позавидат многу поразвиени економии од нашата.

    „Гардијан“ објави истражување за  условите за работа во земји со ниски плати во Европа, Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Полска, Романија и Словачка. Во меѓународното истражување насловено „Труд на врвки за чевли“, интервјуирани биле вкупно 179 работници во 12 фабрики. Условите во македонските фабрики за чевли ги истражувале членови на „Отворена порта“, Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе. Миранда Рамова, социјален работник во „Отворена порта“, која ги правела интервјуата, вели дека чевларските работници во Македонија работат во екстремно лоши услови.

    „Чевларските работници кај нас работат со стари машини, во фабрики изградени во времето на бивша Југославија без индустриски клими за греење и за ладење. Немаат соодветни работни униформи, се жалат на начинот на кој што им се пресметува месечната плата, работат прекувремено и работат на државни празници. Работниците се жалеа најмногу на ниските плати, лошите работни услови и нефункционалнота на Синдикатот“, вели Рамова.

    „Отворена порта“ не ги открива имињата на фабриките поради заштита на работниците.  Во разговорите утврдиле дека од истражуваните фабрики, само во една  имало синдикат, но и тој не ги застапувал интересите на работниците. Изјавиле дека немаат доверба во претставниците на синдикатот и дека се оставени сами на себе.

    Работниците се пожалиле дека немаат доверба ниту во Трудовата инспекција.

    „Поголемиот дел од интервјуираните работници истакнаа дека инспекторите од Трудова инспекција се добро запознати со работните услови во кои тие работа, и секогаш кога биле посетувани од нив ништо не се превземало за подобрување на работните услови во фабриките. Исто така, како проблем ги наведоа предвременото информирање на работодавецот дека фабриката ќе биде посетена од инспекторот од Трудова инспекција“, објасни Рамова.

    Поголемиот дел од работниците се изјасниле дека иако условите за работа се тешки, тие не размислуваат да ја напуштат работата оти тоа им е единствениот приход во семејството.

    Наспроти сведочењата на работниците, од Државниот инспекторат за труд велат дека состојбата со условите за работа и исплаќањето плати во чевларската индустрија е за нијасна подобрена во однос на претходните години. Ова тврдење е врз основа на пријавите кај нив. Инспекторите велат дека во споредба со претходните години кога ловеле непријавени работници, сега главно откриваат прекувремена работа и недоследности околу исплатата на плати.

    „Минатата година поведени се околу 16 прекршочни пријави. Главно се однесуваат на неисплатени плати, неплатена прекувремена работа и слично. Глобата што се одредува за ваквите прекршоци зависи од големината на приходите“, велат од Државниот инспекторат за труд.

    „Ние имаме производство на чевли во Куманово, во Штип и во Скопје. Во некои од фабриките контрола вршат и странци, оти се работи за странски пазари па кога ќе дојдат во контрола се случувало и да ги пофалат фабриките за условите за работа. Чевларските работници работат со лепаци па многу треба да се внимава на вентилацијата за да се зачува здравјето на работниците, а нашите контроли покажуваат дека тоа се почитува“, велат инспекторите.

    Тие тврдат дека не ги најавуваат контролите во фабриките и дека не се во дослух со сопствениците иако изјавите на работниците се сосема спротивни.

    Токму трудовата експлоатација, како груба форма на трговија со луѓе е главниот интерес на Отворена порта. Од таму велат дека кај нас речиси и да не се препознава оваа форма на трговија со луѓе. Тие веќе неколку години работат на превенција и едукација за препознавање на овој вид трговија со луѓе.

    Резултатите од истражувањето, „Отворена порта“  ќе ги достави и до надлежните институции.

    Работниците во истражувањето сведочеле дека зададената норма, на пример од 9.000 чифта чевли, мора да ја завршат дури и ако треба да умрат. Извештајот утврдил дека фабрика од Македонија која произведува „Геокс“ чевли, на работниците им исплатила плата од 131 евро, иако имале и прекувремена работа, а законскиот минимум е 145 евра.

    Истражувачите откриле дека фабриките произведуваат чевли за брендови како „Зара“, „Лива“, „Дихмкан“, „Ара“, „Бета“, „Ледер унд Шу“…

    Од Бата за „Гардијан“ не одговориле директно на обвинувањата, но рекле дека извештајот бил добредојден бидејќи понудил интересни информации за работните услови во источна Европа за кои немало доволно извештаи.

    Од Државниот инспекторат за труд кај нас изјавија дека знаат за објавеното истражување во „Гардијан“, но се уште официјално не ги добиле податоците за македонските фабрики за да можат да постапат по него.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира