ЧЕТИРИ ДЕНА ПО МЕДАЛОТ ВО РИО, ЛИНГ СЕДНА ВО КОМБАЈН ДА МУ ПОМОГНЕ НА ТАТКО МУ СО ЖЕТВАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"Сомерсет,(ДејлиМејл)

    ЧЕТИРИ ДЕНА ПО МЕДАЛОТ ВО РИО, ЛИНГ СЕДНА ВО КОМБАЈН ДА МУ ПОМОГНЕ НА ТАТКО МУ СО ЖЕТВАТА

    Олимпискиот медалист во стрелаштво Ед Линг ја замени пушката со комбајн веднаш откако се врати на семејната фарма по настапот во Рио. 33-годишниот Британец, кој освои бронза во дисциплината трап, пристигна во Сомерсет само честири дена откако и го донесе на Велика Британија третиот медал на Игрите во Рио. Само неколку часа по симнувањето од авионот, Линг беше зад воланот на комбајнот, заедно со татко му Стив, кој, истовремено, му е и тренер.

    Прва работа на 33-годишникот е жнеење на пченицата, а потоа го чекаат јачменот, грашокот и компирите, како и кравите и кокошките

    Прва работа на 33-годишникот е жнеење на пченицата, а потоа го чекаат јачменот, грашокот и компирите, како и кравите и кокошките

    „Не очекував татко ми да има волку сработено, бидејќи седеше пред телевизорот за да го гледа мојот настап“, се пошегува олимпиецот.
    Прва работа на Линг ќе му биде жнеење на пченицата,потоа го чекаат јачменот, грашокот и компирите, а треба да се грижи и за кравите и кокошките.
    „Ова добро ми доаѓа, ми служи како издувен вентил. Кога ќе ми здодее земјоделството, одам да пукам и обратно. Многу сум среќен што можам да правам така. Стрелаштвото не е еден од оние спортови, коишто бараат интензивни тренинзи, едноставно, можеш да се занимаваш колку што сакаш. Само кога има големи настани, како Олимпијадата, тренирам повеќе“, вели Линг.
    Тој откри дека го искористил бронзениот медал за да помине побрзо со пушката низ проверките на аеродромот во Рио.
    „На враќање имаше воена полиција во Бразил и јас им го покажав медалот во обид да поминам малку побрзо. Одеднаш, сите ги извадија телефоните и почнаа да прават самослици со мене“, кажа тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира