ФЕЛПС Е НАЈДОБРИОТ ОЛИМПИЕЦ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 2.168 ГОДИНИ, ИЗРАМНИ РЕКОРД ОД 152 П.Н.Е.

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Рио,(Дедспин)

    ФЕЛПС Е НАЈДОБРИОТ ОЛИМПИЕЦ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 2.168 ГОДИНИ, ИЗРАМНИ РЕКОРД ОД 152 П.Н.Е.

    Со последните два златни медали на Игрите во Рио, најтрофејниот олимпиец Мајкл Фелпс стигна до бројката од 21 злато во кариерата и вкупно 25 медали.

    Американскиот пливач вчера триумфираше на 200 метри пеперутка, што беше негов 12. златен медал во индивидуална конкуренција на олимпијадите, израмнувајќи се со најуспешниот спортист од античките олимпијади, Леонидас од Родос.

    Овој податок го откри олимпискиот историчар Бил Мелон, кој има солидна репутација и нема причина за сомнеж.

    Според историските извори, Леонидас бил спринтер, кој на Олимпијадата во 162 година пред нашата ера триумфирал во три дисциплини: спринт на една должина од стадионската патека (околу 200 метри), трка на две должини на стадионската патека и во дисциплината хоплитодромос, на која натпреварувачите трчаат со шлем и оклоп и штит на себеси.

    Потоа, Леонидас го повторил постигнувањето и на наредните три олимпијади во 160 п.н.е, 156 п.н.е. и во 154 п.н.е. за вкупно 12 олимписки победи.

    „Енциклопедијата на модерното олимписко движење” потврдува дека Леонидас има 12 триумфи, со таа разлика што тогаш победникот добивал ловорови венци, место златни медали.

    Мајкл Фелпс има две шанси на Олимпијадата во Рио да го надмине Леонидас, бидејќи се натпреварува и во дисциплините 200 метри мешано и 100 метри пеперутка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира