ЃОКОВИЌ ДОЖИВЕА ПАД НА ФОРМАТА ВО НАЈЛОШ МОЖЕН МОМЕНТ

a:1:{s:9:"td_source";s:18:"Рио,(ЕСПН)

    ЃОКОВИЌ ДОЖИВЕА ПАД НА ФОРМАТА ВО НАЈЛОШ МОЖЕН МОМЕНТ

    Сезоната на Новак Ѓоковиќ изгледаше фантастично до пред само два месеца, но за кус период српскиот тенисер доживеа драматичен пад на формата, кој кулминираше со раната елиминација на Олимписките игри во Рио.
    Во неделата, светскиот рекет број еден беше елиминиран од Хуан Мартин дел Потро во сингл, пораз кој Ѓоковиќ го нарече „најтежок во неговата кариера“. Веќе следниот ден, тој и Ненад Зимониќ беа елиминирани и во првото коло во двојки.
    Веднаш по неуспехот во Рио, српскиот тенисер соопшти дека се повлекува од Мастерсот во Синсинати, сугерирајќи дека нешто сериозно не е во ред. И сето ова се случува во период, кога надвор од тениските терени е и еден од неговите најголеми ривали, Роже Федерер.
    Ќе биде интересно да се види дали и какви трајни последици ќе има олимпискиот неуспех по Ѓоковиќ и дали одличниот старт на сезоната ќе се распадне целосно до „Ју-Ес Опен“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари