Четворица американски пливачи, вклучувајќи го шесткратниот олимписки шампион Рајан Локти, беа ограбени во Рио од разбојници, преправени во вооружени полицајци, потврди Американскиот олимписки комитет (УСОК).
Локти и другите тројца пливачи патувале со такси од кампот на францускиот олимписки тим до олимпиското село во раните утрински часови по бразилско време, кога нивното возило било запрено од вооружената група.
„Таксито било запрено од лица преправени во вооружени полицајци, кои им ги побарале на спортистите парите и останатите лични работи“, соопшти Патрик Сандески, портпаролот на УСОК.
Сандески кажа дека четворицата пливачи се на безбедно и соработуваат со локалните власти.
УСОК првично демантираше дека Локти бил ограбен, откако веста за инцидентот ја објави неговата мајка Илијан Локти. Госпоѓа Локти за „Ју-Ес-Еј Тудеј“ изјави дека нејзиниот син е потресен по вооружениот напад. Локти (32) неколку часа пред инцидентот пливаше на два настани на Игрите во Рио и освои златен медал на штафетата 4х200 метри слободно.
ЛАЖНИ ПОЛИЦАЈЦИ ВО РИО ГО ОГРАБИЈА ЛОКТИ И УШТЕ ТРОЈЦА АМЕРИКАНСКИ ПЛИВАЧИ
a:1:{s:9:"td_source";s:14:"Рио,(АП)