МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ ТИМ ПРОДЕФИЛИРА ВО РИО, ОЧЕКУВАЊАТА СЕ МАЛИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ ТИМ ПРОДЕФИЛИРА ВО РИО, ОЧЕКУВАЊАТА СЕ МАЛИ

    Предводена од знаменосецот Анастасија Богдановски, малубројната македонска олимписка делегација продефилира ноќеска на свеченото отворање на Игрите во Рио. Покрај пливачката Богдановски, во македонскиот тим се уште атлетичарите Ристе Пандев и Дрита Исљами, стрелачката Нина Балабан, џудистката Катерина Николоска и пливачот Марко Блажевски.
    И овојпат немаме спортист со „А“ норма, па очекувањата не се големи и се насочени кон подобрување на личните постигнувања и соборување на по некој државен рекорд. Прва во Рио ќе настапи Балабан, и тоа уште денеска во 13.30 часот во дисциплината воздушна пушка, 10 метри. 21-годишната охриѓанка беше првиот македонски спортист со потврдено учество на Игрите на во Рио.

    Следна, в понеделник, ќе настапи Богдановски, која е родена и живее во САД. Богдановски (23) е актуелна државна рекордерка во неколку плкивачки дисциплини, а во Рио ќе плива во дисциплината 200 метри слободно.
    Македонија во Николоска  првпат ќе има претставник во џудо на олимписките игри. 25-годишната џудистка на стартот ќе се сретне со Турчинката Бусра Капитоглу.
    Пливачот Блажевски, кој тренира во САД, е единствениот македонски спортист кој настапи и на претходната Олимпијада во Лондон, кога заврши 34. место во квалификациите на 400 метри мешано. Овојпат, 23-годишникот ќе плива на 200 метри мешано.
    22-годишниот Пандев е најбрзиот Македонец, откако во 2013 година постави нов државен рекорд во дисциплината на 100 метри со време од 10,61 секунди и тој ќе настапи во најатрактивната атлетска дисциплина на 13 август. Последна на Игрите во Рио ќе настапи 20-годишната Дрита Исљами во атлетската дисциплина 400 метри со пречки.
    Покрај шестемина спортисти, Македонија во Рио ќе биде претставувана и од четири официјални лица: ракометните судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, тенискиот судија Зоран Поповски и ракомениот делегат Драган Начевски.
    Олимпијадата во Рио е шеста за Македонија по осамостојувањето. Досега имаме освоено само еден медал, бронзата на натурализираниот борач Могамед Ибрагимов од Дагестан на Олимпијадата во Сиднеј во 2000 година во категоријата до 85 килограми во слободен стил.mkd-olimpijci-2 РАСПОРЕД
    Нина Балабан (Спортско стрелаштво 10 метри)  – Денеска во 13.30 часот
    Анастасија  Богдановски (Пливање 200 метри слободно)  – 8 август во 18.02 часот  Катерина Николоска (Џудо категорија до 63 килограми). –  9 август во 15.00 часот
    Марко Блажевски (Пливање 200 метри мешано) – 10 Август во 19.14 часот
    Ристе Пандев ( Атлетика 100 метри) – 13 август во 14.30 часот
    Дрита Исљами (Атлетика 400 метри со пречки) – 16 август во 02.30 часот

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари