ДИПЛОМАТИ ОД АВСТРИЈА И ШВАЈЦАРИЈА СО ТЕТОВСКИ КОМУНАЛЕЦ СОБРАА 3 ТОНИ СМЕТ ОД ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК „ШАР ПЛАНИНА“

    ДИПЛОМАТИ ОД АВСТРИЈА И ШВАЈЦАРИЈА СО ТЕТОВСКИ КОМУНАЛЕЦ СОБРАА 3 ТОНИ СМЕТ ОД ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК „ШАР ПЛАНИНА“Во акцијата беа собрани над 3 тони отпад од повеќегодишна нелегална депонија во Вејце, во срцето на Националниот парк „Шар Планина“. (Фото: Заубмахер)

    Тетовската комунална фирма „Заубмахер“, вработени во општинската администрација од Тетово, заедно со повеќе волонтери на кои им се придружија и неколку дипломати од странските амбасади во Македонија, се вклучија во акцијата „Генералка викенд 2025“ при што, освен во градот, се чистеа и дивите депонии во Националниот парк „Шар Планина“.

    Првин се чистеше во Тетово, а потоа акцијата продолжи на една од најголемите диви депонии во Националниот парк, таа кај селото Вејце, од каде беа собрани над 3 тони отпад.

    „Заубермахер, со својата администрација, а во партнерство со Националниот парк ‘Шар Планина’, ја продолжи акцијата на чистење во Вејце. Тука бевме почестени со присуството на заменик-амбасадорот на Австрија во Северна Македонија, Матијас Хуменбергер и Кармен Тенисен, регионален советник за вода и животна средина во Амбасадата на Швајцарија. Во акцијата беа собрани над 3 тони отпад од повеќегодишна нелегална депонија во срцето на Националниот парк ‘Шар Планина’“, соопшти „Заубермахер“, австриско-словенечка фирма која од минатата година го презеде управувањето со комуналниот отпад во Општина Тетово.

    Од фирмата велат дека во дводневната акција „Генералка викенд 2025“ транспортирале приближно 6 тони отпад, обезбедувајќи правилно депонирање во депонијата Русино.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира