АКТИВИСТИ СЕ ЗАЛЕПИЈА ЗА ПАТИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА И БАРАА ПОВЕЌЕ АКЦИЈА ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

    АКТИВИСТИ СЕ ЗАЛЕПИЈА ЗА ПАТИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА И БАРАА ПОВЕЌЕ АКЦИЈА ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИАктивистите од „Последна генерација“ денеска ги блокираа патиштата во Берлин, Лајпциг, Магдебург и други германски градови (Фото: ЕПА)

    Активистите на движењето „Последна генерација“ денеска ги блокираа патиштата во Берлин, Лајпциг, Магдебург и други германски градови барајќи повеќе акција за климатските промени, при што се создадоа долги колони возила. Активистите се залепија на улицата на излезниот пат од автопатот во Берлин, додека во Хановер група блокираше кружен тек, при што две лица се залепија на површината, соопшти полицијата.

    Катарина Дреге, шефица на парламентарната група на Партијата на зелените, изрази неразбирање за новата рунда блокади на улиците.

    „Која е пораката овде? Што имаат за цел да постигнат? праша во интервјуто на телевизискиот сервис РТЛ. „Ако целта беше да им се каже на луѓето да не патуваат на работа или да не ги носат своите деца на училиште, акцијата и пораката не се поклопија“, рече Дреге.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира