ЕРАТА НА СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ СО ОБИЛЕН СНЕГ Е ГОТОВА ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ, ВЕЛИ НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ

    ЕРАТА НА СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ СО ОБИЛЕН СНЕГ Е ГОТОВА ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ, ВЕЛИ НОВО ИСТРАЖУВАЊЕИ австрискиот скијачки центар Капрун оваа зима се соочи со голи планини поради невообичаено топлото време (Фото: СДК.МК)

    Скијање и сноубординг на планини прекриени со снег наскоро би можеле да бидат само убаво сеќавање откако едно ново истражување покажа дека ерата на ски-центрите со обилен снег е можеби завршена поради климатските промени.

    Американската скијачка индустрија изгубила повеќе од пет милијарди долари во изминатите две децении поради глобалното загревање предизвикано од човекот. Претходни студии покажаа дека на многу места врнежите сега доаѓаат во форма на дожд наместо снег поради покачувањето на температурите. Ваквата ситуација ја скратила просечната скијачка сезона во САД за пет до седум дена, што ја чинело индустријата околу 252 милиони долари годишно.

    „Веројатно сме ја поминале ерата на врвните скијачки сезони. Климатските промени се реалност за скијачката индустрија и туристичкиот сектор“, изјави Даниел Скот, научник од Универзитетот Вотерлу во Канада.

    Невообичаено топлото време во делови од САД и во скијачките центри во Европа ги нагласија растечките проблеми со кои се соочуваат љубителите на скијањето. Планини во Франција, Австрија и БиХ речиси целосно останаа без снег. Во западниот дел на САД падна помалку од половина од вообичаените количини снег, па за да ги задржат гостите, ски-центрите се принудени да го зголемат производството на вештачки снег.

    Едно истражување од лани покажа дека повеќе од половина од европските скијачки центри се соочуваат со голем ризик од недостиг на снег во иднина ако температурите пораснат за 2 Целзиусови степени. Ако покачувањето биде за 4 степени, тогаш во ризик ќе бидат 98% планини.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира