НАЈДОБРАТА СВЕТСКА СКИЈАЧКА МИКАЕЛА ШИФРИН ПОБАРА ДА ИМА ПОМАЛКУ ПАТУВАЊА ВО ЕДНА СЕЗОНА ЗА ДА СЕ ЗАШТИТИ КЛИМАТА

    НАЈДОБРАТА СВЕТСКА СКИЈАЧКА МИКАЕЛА ШИФРИН ПОБАРА ДА ИМА ПОМАЛКУ ПАТУВАЊА ВО ЕДНА СЕЗОНА ЗА ДА СЕ ЗАШТИТИ КЛИМАТАШифрин вели дека откако скија, сведочи на ефектите на климатските промени (Фото: ДПА)

    Најдобрата светска скијачка Микаела Шифрин повторно ја повика Меѓународната скијачка федерација (ФИС) да ја направи скијачката сезона поеколошка. Шифрин, која неодамна ја забележа рекордната 87. победа во Светскиот куп, кажа дека патувањата би требало да бидат намалени, предлагајќи, меѓу другото, да не се оди двапати во Северна Америка во една сезона.

    Можеме да ги признаеме последиците за кои сме одговорни. Би можеле да не патуваме двапати од Европа до Северна Америка во текот на една сезона. Можеби би можеле да ги намалиме патувањата. Не би требало да бидеме дел од проблемот, туку дел од решението“, кажа 28-годишната Шифрин.

    Таа беше меѓу 150 скијачи и скијачки кои неодамна ја повикаа ФИС да игра водечка улога во борбата против климатските промени, барајќи да го измени календарот на трките и да воведе поеколошки патувања.

    Шифрин кажа дека откако скија, сведочи на ефектите на климатските промени.

    Тие особено се видливи на глечерите. Се разбира, јас не сум научник, но ги гледам последиците“, кажа Американката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира