СЕ УРНА ПЛАНИНСКИ ВРВ ВО АВСТРИЈА ПОРАДИ ТОПЕЊЕТО НА ВЕЧНИОТ МРАЗ ПРЕДИЗВИКАНО ОД КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

    СЕ УРНА ПЛАНИНСКИ ВРВ ВО АВСТРИЈА ПОРАДИ ТОПЕЊЕТО НА ВЕЧНИОТ МРАЗ ПРЕДИЗВИКАНО ОД КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИКарпите од Флухторн во неделата почнале да паѓаат

    Се урна дел од врвот на планина во австриската покраина Тирол, што доведе до паѓање на најмалку 100.000 кубни метри карпи во долината под неа и до одрони од кал.

    Карпите во неделата почнале да паѓаат од Флухторн, речиси 3.400 метри високата планина на границата на Швајцарија и Австрија и геолозите го поврзуваат ова со топењето на пермафростот, односно вечен мраз. Локалната полиција кажа дека нема повредени во одроните.

    Геолозите направија извиднички лет над погодената област со цел да дадат првични проценки за количеството паднати карпи, но велат дека ќе треба некое време за да добијат целосна слика.

    Ова е релативно голем инцидент. Зборуваме за најмалку 100.000 кубни метри карпи кои паднале, а можеби и повеќе. Можеме да бидеме релативно сигурни за причината за инцидентот, а тоа е одмрзнување на пермафростот. Мразот е лепакот на планината и тој мраз се топи веќе долго време поради климатските промени. Кога пермафростот се топи, тоа може да има дестабилизирачки ефект“, изјави геологот Томас Фигл.

    Научниците велат дека нема доволно податоци дали се зголемил бројот на одрони во изминатите години, зашто вообичаено се документираат само вакви големи настани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира