ЗА ШЕСТ ГОДИНИ БИЛЕ ИСЕЧЕНИ НАД 800 МИЛИОНИ ДРВЈА ВО БРАЗИЛ ЗАРАДИ СТОЧАРСТВОТО

    ЗА ШЕСТ ГОДИНИ БИЛЕ ИСЕЧЕНИ НАД 800 МИЛИОНИ ДРВЈА ВО БРАЗИЛ ЗАРАДИ СТОЧАРСТВОТОВо Бразил има илјадници сточарски фарми во близина на 20-ина големи кланици (Фото: Гети)

    Над 800 милиони дрвја биле исечени во амазонските дождовни шуми за период од шест години со цел да се задоволи светската побарувачка по бразилското говедско месо, и покрај предупредувањата дека овие шуми имаат важна улога во борбата против климатските промени. Истражувањето спроведено од Бирото за истражувачко новинарство откри систематски и огромни шумски загуби поврзани со сточарството.

    Индустријата на говедското месо во Бразил постојано ветува дека ќе избегнува фарми поврзани со уништувањето шуми. Сепак, новата анализа покажа дека биле уништени 1,7 милиони хектари од Амазонија близу месните индустрии кои извезуваат говедско месо низ цел свет.

    Уништувањето шуми низ Бразил особено порасна меѓу 2019 и 2022 во времето на претседателот Жаир Болсонаро и како главна причина за тоа се наведуваат илјадниците сточарски фарми во близина на 20-ина големи кланици.

    Целата месна индустрија во Бразил е во сопственост на три големи извозни компании. Најголемиот купувач на бразилското говедско месо е Кина, но големи количини увезуваат и ЕУ и Велика Британија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира