ЖЕНЕВА ПОСТАВУВА ФРИЖИДЕРИ ЗА БЕСПЛАТНИ ПРОДУКТИ КОИ БРЗО СЕ РАСИПУВААТ, СО ЦЕЛ ДА СЕ НАМАЛИ ОТПАДОТ НА ХРАНА

    ЖЕНЕВА ПОСТАВУВА ФРИЖИДЕРИ ЗА БЕСПЛАТНИ ПРОДУКТИ КОИ БРЗО СЕ РАСИПУВААТ, СО ЦЕЛ ДА СЕ НАМАЛИ ОТПАДОТ НА ХРАНАОд фрижидерите минувачите, како и рестораните, бесплатно можат да земат овошје, зеленчук, леб, кроасани и други расипливи производи. (Фото: АП)

    Непрофитна организација од Женева поставува јавни фрижидери со слободен пристап, кои може да ги користат рестораните и домаќинките, каде се остава храна која набрзо би можела да се расипе. Како на пример, ако сте купиле премногу леб или премногу зелена салата, а заминувате на одмор.

    Целта е, да им се помогне на потрошувачите кои се свесни за еколошкото здравје, за зачувување на животната средина, а истовремено се помага да се намали отпадот од храна.

    Непрофитната организација „Фри-Го“ постави фрижидери и полици, во вид на мини кујна, каде минувачите бесплатно можат да земат овошје, зеленчук, леб, кроасани и други расипливи производи за да ги однесат дома.

    Програмата чини околу 40.000 долари годишно и е поддржана од хуманитарни организации и од градската власт. Почна пред една година, со еден фрижидер во западна Женева и сега има четири фрижидери, стратешки поставени низ градот. Петтиот е планиран при крајот на годината.

    Директорката на проектот, Марин Диливо вели дека депонираната храна генерално се подигнува во рок од еден час по испораката. Од здравствени и регулаторни причини, во фрижидерите не се дозволени замрзната храна, отворени садови за храна, зготвени оброци или алкохол.

    „Фри-Го“ исто така експериментира со подигнување храна со комбе од станбените згради за да им олесни на жителите да учествуваат во програмата. Отворена е и телефонска линија што рестораните можат да ја користат за да повикаат да се извади неискористената храна.

    Од здравствени и регулаторни причини, во фрижидерите не се дозволени замрзната храна, отворени садови за храна, зготвени оброци или алкохол. (Фото: АП)

    Диливо рече дека првиот женевски фрижидер помогнал да се спасат околу 3,2 тони храна од фрлање минатата година. Од донираната храна, само околу 3% мораше да се фрли бидејќи никој не ја земал..

    Соработниците на храна од приватниот сектор – како што се рестораните или продавачите на храна – мора да се обврзат да обезбедат дека донираната храна е безбедна за јадење. Швајцарскиот закон вели дека храната по „препорачаниот датум на употреба“ може да се конзумира до една година потоа, рече Диливо.

    „Фри-Го“ вели дека околу 1 милијарда тони храна се фрлаат на отпад секоја година ширум светот – искористувајќи ја енергијата и другите ресурси во процесот на земјоделство и транспорт.

    „Расфрлањето храна не е само етичко и економско прашање, туку исто така ја осиромашува животната средина со ограничени природни ресурси“, велат од Комисијата на ЕУ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира