„СПАС ЗА ВАЛАНДОВО“ БАРА ПОТПИС ОД КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ДЕКА ЌЕ СЕ СПРОТИСТАВАТ НА ОТВОРАЊЕТО НА РУДНИКОТ КАЗАНДОЛ

    „СПАС ЗА ВАЛАНДОВО“ БАРА ПОТПИС ОД КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ДЕКА ЌЕ СЕ СПРОТИСТАВАТ НА ОТВОРАЊЕТО НА РУДНИКОТ КАЗАНДОЛАктивистите велат дека Платформата за стопирање на изградбата на рударскиот комплекс Казандол произлегува од 4.509-те граѓани кои на августовскиот референдум се изјаснија против отворање каков било рудник во Валандово (Фото: СДК.МК)

    Активистите на граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ од кандидатите за градоначалник и советници во оваа општина бараат да ја потпишат Платформата за стопирање на изградбата на рударскиот комплекс Казандол. Платформата, како што велат тие, произлегува од 4.509 те граѓани кои на августовскиот референдум се изјаснија против отворање каков било рудник во Валандово.

    Во документот, како што вели Симона Гетова од граѓанската иницијатива, се наведени работи за кои идниот градоначалник и членови на Советот треба најдоца до 15 ноември да донесат одлуки, со кои како локална власт ќе мора да се спротистават на подигање тешка и загадувачка индустрија во општината, не само за Казандол туку и за издадените концесии за детални геолошки истражувања за локациите Плавуш и Бајрамбос.

    Платформата е своевидна писмена изјава која кандидатите треба да ја потпишат најдоцна до први октомври, додека активистите на шести ги повикуваат сите кандидати за градоначалници и носители на советничките листи на дебата за да јавно се изјаснат по прашањето за Казандол. Во Валандово има тројца кандидати за градоначалници и две советнички листи (Фото: СДК.МК)

    „Бараме идниот градоначалник и членовите на Советот да направат ревизија на доделените дозволи и позитивни мислења од Општина Валандово за издадените концесии. Во урбанистичкиот план да нема парцели за тешка и загадувачка индустрија. Сите плански документи, евентуални дозволи, пред да се додели концесија за експлотација за Казандол, но и за Бајрмбос и Плавуш да бидат дадени на увид и презентирани на јавноста и за нив да се расправа на јавна седница со преставници на нашата инцијатива. Како активисти бараме да бидеме вклучени во работните групи за локалниот економски развој на Валандово, каде бараме поддршка да се даде на земјоделието, екологијата, енергетиката односно на промоција и искористување на локалните обновливи извори на енергија“, вели Симона Гетова.

    Платформата е своевидна писмена изјава која кандидатите треба да ја потпишат најдоцна до први октомври, додека на шести ги повикуваат сите кандидати за градоначалници и носители на советничките листи на дебата за да јавно се изјаснат по прашањето за Казандол. Во Валандово има тројца кандидати за градоначалници и две советнички листи.

    Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ најави дека и во иднина ќе превзема чекори со кои ќе бараат да се спаси вландовската општина од тешка и загадувачка индустрија и стопирање на изградата на рударскиот комплекс Казандол.

    В. ТРАЈКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира