Струшката дива депонија и денес пак гори. Чадот се прошири на голема површина во близина на градот, а се чувствува и силна смрдеа. Надеж дека ќе има решение за проблемот дава најавата дека почнала постапката за конзервација на депонијата и изготвување на техничка документација.
Охридската локална власт, и самата соочена со проблемот за депонирање на отпадот, предложи да се изготви студија за можностите депонијата кај Буково да го прифати ѓубрето од двата крајезерски града.
За активистите од невладиниот еколошки сектор овој предлог е неприфатлив, бидејќи сметаат дека изработка на една таква студија би можела да трае подолго време и оти не дава гаранија за трајно решавање на проблемот. Тие бараат дислокација на постојната депонија во Струга, изградба на регионална депонија која се најавува од порано и посторги прописи кои ќе го регулираат складирањето на отпадот.
Највено дека невладините еколошки здруженија ќе предложат предлог мерки за кои треба да се изјаснат советниците од Градскиот совет на Струга.
Стружани на 18 април протестираа поради екеолошката катастрофа што ја создава дивата депонија кај Струшко Поле, која на Велигден беше запалена со гуми полиени со бензин и чадеше со денови. На протестот некои стружани протестираа и со заштитни маски, симболично покажувајќи дека сега е опасно да се живее во Струга поради чадот.
Д. ЧУБРИЌ