ЕСЕНСКО ЃУБРЕЊЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:69:"Самоценатанапроституткитеефиксна

    1. Конечно утре ќе избереме градоначалник и супер ќе живееме. Човеците од наше маало ќе се грижат за старите маала, ќе ни прават нови улици, ќе ни ги осветлат градовите, ќе ни направат камп за наркомани, ќе формираат градска банка, ќе изградат ѕидови за графити, ќе ни ја вратат душата, ќе се грижат за хен­ди­кепираните, за сите ќе има чашка ракиичка пред ручек, таткото во прекрасно уредените деловни простории ќе се “фаќа” со млади и згодни секре­тарки, а мајките во народни носии ќе чуваат бебиња кои потоа ќе пораснат во партиски подмладок…
    Одвај чекам веднаш по изборите да заврне снег. Да проработи зимската служба по градовите. Да видиме дека сме се зезнале во изборот.

    2. Добро е што сите учесници во изборната трка ја разбираат пазарната економија и ја прифаќаат како свој начин на размислување. Особено меѓу двата круга имаше многу продавање и купување. Некои си ги продадоа партиите, некои си ги продадоа гласовите, некои си купуваа места за во иднина, некои се нудеа, ама не успеаја да постигнат прифатлива цена…
    Изминативе денови нашиот весник објави серија текстови за проституцијата и го “ископа” податокот дека само во Скопје има околу 4 илјади проститутки. Поделени се во неколку категории, во однос на работното место. Горе-долу за сите нив цената е утврдена.
    Нормално, при вакви трансакции, реагираше и берзата. Како и во секоја нор­мална држава кога се одржуваат изборите. Порасна вредноста на германската марка во однос на денарот.
    Власта вели дека се работи за шпекулантски обид на приватните менувачници да остварат брза заработувачка. Според едно друго објаснување, скокот на марката се поврза со изборната кампања, која исфрли на виделина вишок денари. Партиите своите трошоци за изборните активности главно ги плаќаат во кеш. Тие што ги примаат парите за дадените услуги на партиите ги претвораат дена­рите во марки. И што добиваме како заклучок? Плаќањето во кеш обично дава широки можности за криење на вистинските износи, не се евидентира кој колку добил, па според тоа, не е јасно и кој колку треба да ѝ плати данок на државата, а може и да се “ескивира” и законското ограничување на средствата употребени за кампањата. Втората работа што логично следува како заклучок е: штом сите брзаат да ги претворат денарите во марки, значи и самите не му веруваат на денарот.
    За кого да гласаш кога сите учесници во трката ни зборуваат за стабилен денар и строга финансиска дисциплина?

    3. Неколку недели пред воопшто и да почне предизборната кампања за локалните избори, на влезот во зградата во која што живеам некој закачил опомена за станарите со текст “Не фрлајте ѓубре пред гаражите!” Потоа почнаа јавните трибини и соочувања за почист град, се организираше облагородување на животните средини, секаде наоколу “вриштеше” од плакати од кои ни се насмевнуваа кандидатите за градоначалници. Тоа парче хартија залепено на влезната врата им одолеа на сите лепачи на плакати, на сите полноќни пресметки на подмлаткарите на политичките партии, на сите активисти што се “муваа” низ влезот и ни делеа пенкалца и запалки, а патем ги преполнуваа поштенските сандачиња со среќни лица и купишта ветувања… И таман заврши целата оваа бркотница, неколку дена пред вториот круг, дошле луѓето од општинската и градската изборна комисија, ги залепиле огласите за кого и под кој реден број можеме да гласаме и го тргнале ливчето: “Не фрлај ѓубре…” Им пречело.
    Сега знаеме под кој реден број ни е кандидатот за кого сакаме да гласаме. Уште некој да ни каже дали смееме да фрламе ѓубре пред гаражите.

    4. Јавното претпријатие за комунална хигиена во Скопје знае каде треба да го фрла ѓубрето. На забранетата депонија “Вардариште”. Од пред три дена скоп­ското ѓубре повторно се носи на старото ѓубриште. Некое возило на “Кому­нал­на хигиена” имало мала хаварија на новата депонија “Дрисла”, поради “несоод­вет­носта на патот низ депонијата”. Инаку, спорот на релацијата Јавно претпри­јатие – Градско собрание сé уште е актуелен и по “свеченото” пуштање на “Дрис­ла” од пред два месеца.
    Во меѓувреме, во рамките на предизборните активности, кандидатите за гра­до­началник на Скопје пред првиот круг отидоа на “Вардариште” и засадија дрвца. Од резултатите на утрешните избори ќе зависи дали станувало збор само за есенско ѓубрење на садниците.

    5. Само во соседна Србија Слободан Милошевиќ нема гајле од изборите. Како и да е, тој си останува на власт.
    Се сеќавате ли на лорд Овен, лорд Карингтон, Џани де Микелис, Торвалд Столтенберг, Ричард Холдбрук, Даглас Херд, Козирев, Мицотакис, Јасуши Акаши… Се сеќавате ли на сите можни претседавачи на Европската унија, на сите специјални пратеници, медијатори и преговарачи од цел свет?
    Поминаа толку години, нив ги заборавивме… Додека тие се менуваа и си заминуваа, Милошевиќ доби три избори. Балканскиот касап што меѓународната заедница го промовира во балкански миротворец, сега може да стане и јајчар, но останува впечатокот дека политиката е – обичен сматок.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари