ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:97:"Кајсеви­де­лоов­цидасигоиз­би­ра­атов­ча­рот?

    1. Ако вни­ма­тел­но слу­шаш сé што ќе ка­жат прет­се­да­тел­ски­те кан­ди­да­ти и ако не­маш по­па­мет­на ра­бо­та от­кол­ку да им ги гле­даш спо­то­ви­те и пла­те­на­та по­ли­тич­ка прог­ра­ма, ќе те фа­ти еу­фо­ри­ја од са­ма­та по­мис­ла кол­ку уба­во ќе ни би­де ко­га кој би­ло од нив ќе ни дој­де на власт. Ако си­те ни да­дат ба­рем ед­на де­се­тти­на од тоа што ни го ве­ту­ва­ат во ев­ти­ни­те при­каз­ни, ние не­ма да зна­е­ме што да пра­ви­ме со се­бе од ра­дост и бо­гат­ство.
    За­тоа, за да не се за­не­су­ва­ме прем­но­гу, не е ло­шо ка­мер­ма­ни­те и фо­то­ре­пор­те­ри­те да ги сни­ма­ат кан­ди­да­ти­те од­за­ди. Да ви­ди­ме да­ли ко­га ни збо­ру­ва­ат за уба­ви­от жи­вот што нé оче­ку­ва, не ја др­жат ра­ка­та затс­кри­е­на за да не им се за­бе­ле­жи де­ка сред­ни­от прст го пре­фр­ли­ле над по­ка­за­ле­цот. Та­ка обич­но пра­ват де­ца­та ко­га ла­жат и се кол­нат де­ка не ла­жат. За да не ги фа­ти бак­суз.

    2. Еве Ци­ле по­ра­чу­ва де­ка ла­ги­те не­ма­ло да го соп­рат. Ре­зул­та­ти­те ќе се ви­де­ле. Се­га оди по се­ла­та, пот­пи­шу­ва до­го­во­ри и де­ли па­ри. Пр­во чек на ра­ка, па ми­тинг. Бла­зе си им на се­ла­ни­те, ту­ку, да не пре­те­ра Ци­ле со рас­фр­ла­ње­то па­ри на­о­ко­лу, па ако му преј­де во на­ви­ка и ако ста­не прет­се­да­тел, да до­би­е­ме расипник и не­до­ма­ќин­ски шеф на др­жа­ва. Проб­ле­мот со че­ко­ви­те без пок­ри­тие, ако не те фа­тат на самото мес­то, обич­но до­а­ѓа по­доц­на. Ко­га ќе дој­дат смет­ки­те за нап­ла­та.
    Бо­рис не ни по­мис­лу­ва да ла­же. Тој е вер­ник. Ве­ру­ва во Ма­ке­до­ни­ја, ве­ру­ва во љу­бов­та, ве­ру­ва во се­мејс­тво­то, ве­ру­ва во тра­ди­ци­ја­та, ве­ру­ва во мла­ди­те… Ве­ру­ва во сé, ама из­гле­да не ве­ру­ва во се­бе. За­тоа, без Љуб­чо ни­ка­де не мр­да.
    Ус­пе­а­ја ду­ри и Ан­дов да го збу­нат, па не знае про­тив ко­го да збо­ру­ва, про­тив Бо­рис или про­тив Љуб­чо. А Ан­дов е за ред. Не за џа­бе се ток­ми да ста­не прв ре­дар во зем­ја­та. “Рим, Бер­лин, То­кио / вер­ни во бор­ба­та / тие ште нап­ра­ват / нов ред на зем­ја­та.”
    Ти­то нас­та­пу­ва со прин­ци­пи. Не­го­ва­та пар­ти­ја го др­жи кон­ти­ну­и­те­тот на КПМ, а Ти­то не ги ме­ну­ва прин­ци­пи­те од 1945 го­ди­на. Во го­во­ри­те ве­ли де­ка не­ма да скрш­не од па­тот на Ки­ро Гли­го­ров, кој е нај­го­лем син на ма­ке­дон­ски­от на­род. “Дру­же Ти­то ми ти се ку­не­мо / да са тво­га пу­та не скре­не­мо”. И по Ти­то – Ти­то!

    3. Бо­рис тре­ба да му се на­лу­ти на Ти­то, за­тоа што му ја ук­ра­де иде­ја­та за се­меј­ни­те тра­ди­ции. И ед­ни­от и дру­ги­от нас­та­пу­ва­ат со­се се­мејс­тво­то. Љуб­чо и Бран­ко им се тат­ков­ци, и син­чи­ња­та ни­ка­де не из­ле­гу­ва­ат са­ми од до­ма без пра­ша­ње. На сце­на­та пр­во се по­ја­ву­ва­ат тат­ков­ци­те да си ги ис­по­фа­лат де­ца­та. И пос­ле им ве­лат на Бо­рис и Ти­то: “Ај се­га, син­че, ка­жи им на лу­ѓе­то што си на­у­чил!”. Тие ќе из­ре­ци­ти­ра­ат, ќе се пок­ло­нат и ќе си за­ми­нат за­ед­но со та­то. Пу, пу, ма­ша­ла, нап­ред­ни де­ца.
    Бит­ка­та ме­ѓу кан­ди­да­ти­те е не­рам­ноп­рав­на. Ти­то е во по­по­вол­на по­зи­ци­ја од Бо­рис. Бран­ко не­ма дру­га ра­бо­та, па мо­же се­кој ден да оди со Ти­то на ми­тинг. А Љуб­чо ко­га има ра­бо­та, Бо­рис мо­ра да пра­ви па­у­за.

    4. Ми­нис­те­рот Бо­рис Стој­ме­нов про­дол­жу­ва со ус­пеш­на­та тр­го­ви­ја. Кни­жар­ни­ца, те­ле­ви­зи­ја, ште­дил­ни­ца… Еве се­га и сто­ков­на ку­ќа. И се чу­дам на опо­зи­ци­ја­та ка­ко мо­же да ја об­ви­ну­ва Вла­да­та де­ка вр­ши ев­ти­на рас­про­даж­ба, ко­га за ми­нис­тер го има Бо­рис Стој­ме­нов. Тој не про­да­ва, тој са­мо ку­пу­ва. Нај­ка­тас­тро­фал­на греш­ка е ко­га об­ви­ну­ва­ат де­ка Вла­да­та ја про­да­ва Ма­ке­до­ни­ја. Сé до­де­ка та­му се­ди Стој­ме­нов, мо­же­ме мир­но да спи­е­ме. Ка­ко трг­нал, тој ќе ја ку­пи и Ма­ке­до­ни­ја.

    5. Ци­ле се ка­ра со ко­а­ли­ци­о­ни­те пар­тне­ри, заш­то не му да­ва­ле да ора во нив­ни­те ни­ви. Ве­ли, има­ло уш­те мно­гу ни­ви за ора­ње во Ма­ке­до­ни­ја, са­мо не­ма­ло кој да ги ора.
    Вис­ти­на е. Има мно­гу ни­ви за ора­ње. Ама, има и мно­гу ов­ци за стри­же­ње. Ту­ку, кај се ви­де­ло ов­ци са­ми да си го изби­ра­ат ов­ча­рот.
    П.С. Ти­то Пет­ков­ски во прек­си­ноќно­то ин­тер­вју за А1 те­ле­ви­зи­ја из­не­се ед­на ла­га де­ка во “Ве­чер” се пос­та­ве­ни лу­ѓе од ра­ко­вод­ства на пар­ти­и­те на влас­та. Кол­ку и да са­кав во овој пер­и­од да не му при­да­вам зна­че­ње на ни­ту еден од прет­се­да­тел­ски­те кан­ди­да­ти, ќе мо­рам да ја ви­дам уш­те ед­наш сним­ка­та од ин­тер­вју­то.
    Се пла­шам де­ка ќе мо­рам за­ра­ди заш­ти­та на сопс­тве­ни­от уг­лед и чест, но и за уг­ле­дот на вес­ни­кот кој го пот­пи­шу­вам, да го ту­жам гос­по­ди­нот Пет­ков­ски. Нас­тра­на што по­ра­ди таа из­ја­ва ќе мо­ра да по­ба­ра­ме и ма­те­ри­јал­но обес­ште­ту­ва­ње, ако прет­се­да­тел­ски­от кан­ди­дат ко­го го по­чи­ту­ва­ме тол­ку кол­ку и ос­та­на­ти­те, не по­ка­же доб­лест да ни се из­ви­ни.
    Ете му на Ти­то уш­те еден мо­тив за да ста­не прет­се­да­тел на др­жа­ва­та. Ка­ко што обич­но би­дува кај нас, каз­на­та ќе ја пла­ти со др­жав­ни па­ри.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари