ХОЛИВУДСКИ СЕРИЈАЛ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:51:"По­лаГе­ди­ни-це­лабе­ља

    1. Џа­бе ѝ е на ВМРО-ДПМНЕ што се по­ви­ку­ва на ис­то­рис­ки­от кон­ти­ну­и­тет со ле­ген­дар­ната ВМРО. Из­гле­да де­ка Вла­да­та не из­влек­ла ни­как­ва ис­то­ри­ска по­у­ка. Др­жа­ва­та пак ни е во ра­це­те на ис­ти­те што ја раз­не­би­ти­ја. Теш­ко нас ко­га за на­ши­от спас се гри­жат Ан­гли­ја, Фран­ци­ја и Ру­си­ја. Ако са­каа да нé спа­сат, ќе не спа­сеа уш­те во вре­ме­то на ВМРО, а не­ма­ше да нé по­де­лат.
    Се­га се по­мо­дер­ни вре­ми­ња, па на ВМРО му се до­да­де и ДПМНЕ, а на ис­то­рис­ки­те спа­си­те­ли – Аме­ри­ка. Се­га тре­ба уш­те да че­ка­ме не­кое ут­ро,  ко­га ќе се раз­бу­ди­ме, пак да се ви­ди­ме по­де­ле­ни. Да се на­де­ва­ме са­мо де­ка не­ма да ни го зе­мат ба­рем Кру­ше­во. Белки ед­на Кру­шев­ска Ре­пуб­ли­ка ќе ус­пее да нé со­бе­ре. Ако онаа од 1903 тра­е­ла це­ли 12 де­на, овој пат ќе из­др­жи­ме и 12 го­ди­ни, ако тре­ба, во сопс­тве­на др­жа­ва.

    2. Пред три де­на, гра­ни­ца­та кај Бла­це бе­ше зат­во­ре­на. От­ка­ко во др­жа­ва­та вле­гоа над 200 ил­ја­ди бе­гал­ци, Вла­да­та пре­зе­де ре­ши­те­лен по­тег. Ре­че ис­то­ри­ско “Не!”. От­ка­ко пр­во нé нап­ра­ви­ја ре­ше­то.

    3. Прет­се­да­те­лот Гли­го­ров ба­ди­ја­ла се за­ка­ну­ва­ше де­ка ќе пред­ло­жи во­ве­ду­ва­ње во­е­на сос­тој­ба. Тоа ќе зна­че­ше сус­пен­ди­ра­ње на Вла­да­та. Ме­ѓу­на­род­ни­от фак­тор пра­ви за­го­вор со Гли­го­ров. И без прог­ла­се­на во­е­на сос­тој­ба, Вла­да­та е сус­пен­ди­ра­на. Со др­жа­ва­та вла­дее Ви­со­ки­от ко­ме­са­ри­јат за бе­гал­ци на ОН. И тоа, ка­ко што мо­же да се за­бе­ле­жи, при­лич­но не­ор­га­ни­зи­ра­но.
    На при­мер, по­ле­ка – по­ле­ка, глав­на во др­жа­ва­та ни ста­ну­ва По­ла Ге­ди­ни. По­ла е, а це­ла бе­ља нап­ра­ви. Се од­не­су­ва не­ба­ре е Дос­та Ди­мов­ска или Рад­ми­ла Кип­ри­ја­но­ва. Си­те ги ка­ра, па ду­ри и де­мар­ши да­ва. Ка­ко што трг­на­ла, си­гур­но ќе им ги зе­ме и ка­би­не­ти­те да ги на­пол­ни со бе­гал­ци, ко­га ве­ќе не ус­пеа да им обез­бе­ди те­ни­ски те­ре­ни и ба­зе­ни со чис­та во­да.
    Ќе се пов­ле­чат и ми­нис­те­рот за внат­реш­ни ра­бо­ти Пав­ле Тра­ја­нов и за­ме­ни­к-ми­нис­терот за над­во­реш­ни Бо­рис Трај­ков­ски. Са­мо уш­те не мо­жат да си ги по­де­лат сек­то­ри­те. Им се ме­ша­ат ком­пе­тен­ци­и­те. Бо­рис пуш­та зе­ле­ни свет­ла на се­ма­фо­ри­те, а се знае, тоа му е ра­бо­та на Пав­ле. Овој, пак, ја др­жи гра­ни­ца­та от­во­ре­на, а рам­па­та спуш­те­на. Сé се ис­по­ме­ша­ло. До­де­ка не им дој­де НАТО со оние гра­фит­ни бом­би, па то­гаш ни се­ма­фо­ри ќе ра­бо­тат, ни рам­па­та ќе се спуш­та.
    Ми­нис­те­рот за од­бра­на Ни­ко­ла Кљу­сев ќе се нај­де нај­лес­но. Тој си е про­фе­сор и ќе си се вра­ти на нас­та­ва. Гле­да­те ка­ко го из­бр­ка за­ме­ни­к-ми­нис­терот за здрав­ство од час, за­тоа што ка­жу­ва­ше не­ко­ја дру­га лек­ци­ја.  Са­мо та­ков про­фе­сор мо­же да ги до­те­ра на ум и ова стран­ци­те што ни ја во­дат др­жа­ва­та. Ако се на­лу­ти Кљу­сев, мо­же да ја при­ме­ни и пе­да­гош­ка­та ме­то­да од вре­ме­то ко­га тој бил уче­ник. Кој не вни­ма­ва на ча­сот, пет па­ти со прач­ка по ра­це­те. Кој ка­жу­ва пог­реш­ни лек­ции – де­сет прач­ки. Не­ма са­мо бр­ка­ње од час и “плук­ни ја мас­ти­ка­та”, заш­то не е од ма­ке­дон­ско про­из­вод­ство. Са­мо та­ка тре­ба, стро­го и пра­вич­но, па ќе ви­дат тие да­ли и во ид­ни­на не­ма да ку­пу­ва­ат ма­ке­дон­ска хра­на и ќе се пра­ват важ­ни де­ка нив­на­та хра­на би­ла по НАТО стан­дар­ди. Ви­ди ги ти нив, так­ва уба­ва чор­ба сме им сва­ри­ле, а неј­ќат да ја ја­дат!
    Ми­нис­те­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти Алек­сан­дар Ди­мит­ров не е во зем­ја­ва. Под­гот­ву­ва те­рен за вла­да во ег­зил. Ко­га стран­ци­те ќе ги пре­зе­мат си­те фун­кции во Ма­ке­до­ни­ја, Вла­да­та ќе се пре­се­ли во стран­ство. Ту­ка, и она­ка, ни­кој не ја слу­ша.

    4. Си­те што до­а­ѓа­ат да нé спа­су­ва­ат, апе­ли­ра­ат да би­де­ме ху­ма­ни и да при­ми­ме уш­те бе­гал­ци. Зош­то апе­ли­ра­ат да би­де­ме ху­ма­ни? За да не би­де­ме ка­ко нив.
    Кол­ку по­ху­ма­на е Ма­ке­до­ни­ја тол­ку тие по­у­ба­во ќе си жи­ве­ат. Ако си ги при­мат ко­сов­ски­те бе­гал­ци до­ма, не­ма да има­ат ви­со­ки днев­ни­ци, не­ма да спи­јат по ска­пи хо­те­ли, не­ма да пи­јат ев­ти­но пи­во и да пу­шат ев­ти­ни ци­га­ри. Ќе мо­ра да жи­ве­ат од пла­та. А ва­ка, што по­ве­ќе проб­ле­ми за нас тол­ку по­у­бав жи­вот за нив. Ех, ко­га би мо­же­ле да нé на­те­ра­ат да би­де­ме тол­ку ху­ма­ни, па це­ла Ма­ке­до­ни­ја да ја нап­ра­ви­ме еден го­лем камп, са­ми да си ја униш­ти­ме др­жа­ва­та, па пос­ле и ние да се раз­бе­га­ме по со­сед­ни­те зем­ји, па тие да се пот­ре­су­ва­ат ка­ко ќе ни по­ди­га­ат ша­то­ри, ка­ко ќе нé вак­ци­ни­ра­ат, па ка­ко ќе нé лекуваат по НАТО стан­дар­ди, ка­ко ќе ни обез­бе­дат те­ни­ски те­ре­ни по кам­по­ви­те. Тоа е мно­гу мач­на ра­бо­та. Кој ли ќе мис­ли ка­ко да си обез­бе­дат днев­ни­ци, па оси­гу­ру­ва­ња, па на­до­мес­то­ци за жи­вот во криз­но под­рач­је… Ев­роп­ска­та ко­ми­си­ја пад­на, ме­ѓу дру­го­то, и по­ра­ди скан­дал со про­не­ве­ри во ху­ма­ни­тар­ни­те фон­до­ви, па се­га тре­ба да им се да­де поп­ра­вен ис­пит. Ан­ти­во­е­ни про­фи­те­ри – кол­ку са­каш.

    5. Се­га ги има­ме “Стен­ко­вец 1” и “Стен­ко­вец 2”. Ка­ко што трг­на­ла ра­бо­та­та, ќе за­вр­ши­ме ка­ко во оние ма­мут­ските хо­ли­вуд­ски се­ри­ја­ли. Па ќе слу­ша­ме ка­ко не­кој го по­се­тил “Стен­ко­вец 15”, се от­во­ри­ла дет­ска гра­дин­ка во “Браз­да 9”, а прис­тиг­на­ла но­ва ме­ди­цин­ска оп­ре­ма во “Ра­ду­ша 17”.
    Во хо­ли­вуд­ска­та са­пун­ска опе­ра зас­ки­та и Ри­чард Гир. Го при­ми соп­ру­га­та на прет­се­да­те­лот, гос­по­ѓа На­да Гли­го­ро­ва со дру­гар­ки­те. Ис­ти­от ден, на ве­че­ра во “Св. Пан­те­леј­мон” во Не­ре­зи го из­ве­де и соп­ру­га­та на пре­ми­е­рот, гос­по­ѓа Сне­жа­на Ге­ор­ги­ев­ска со дру­гар­ки­те. Гир се ви­де со си­те важ­ни дру­гар­ки во др­жа­ва­та, ос­вен со ра­ко­ме­тар­ки­те. Тре­ба­ше да се срет­не и со нив, да му за­иг­ра­ат ед­но оро и да му за­пе­ат “Ма­ке­дон­ско де­вој­че”.

    6. Как­ви се тие глу­па­ви за­бе­леш­ки де­ка Тан­за­ни­ја на до­на­тор­ска­та кон­фе­рен­ци­ја до­би­ла ед­на ми­ли­јар­да до­ла­ри, а Ма­ке­до­ни­ја са­мо 100 ми­ли­о­ни до­ла­ри.
    Па ние не сме Аф­ри­ка!

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари