ИЗБОРЕН МОЛК

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:47:"НакафекајПретседателот

    1. Нема понепријатана ситуација од рубриката насловена со “Сакам да кажам” да се пополнува во време на предизборен молк. Не знам како ќе прежи­вееме овие два дена без главните јунаци на телевизиите и по весниците. Ќе биде шокантно да се вратиме на нормални теми.
    Имав голема среќа изборната кампања да ја преседам далеку од дома – во Америка. Таму ја следев кампањата на Клинтон и Дол и само можев да замислам што се случува дома. Прв пат во животот ми се случило моите пријатели и најблиските роднини, кога ќе се слушневме по телефон, да ми речат: “Многу сме среќни што не си тука!” Демек, се плашеле да не кажам нешто што не треба. Сега, кога се вратив, ми порачуваат за следните парламентарни избори да одам некаде уште подалеку. Има ли некој службен пат за Марс!?
    Морам да признаам дека по тринеделно отсуство од државава, ова ми се виде многу убаво место за живеење. Никогаш не сме се изнагледале толку среќни луѓе по улиците, толку убаво зачувана стара архитектура, толку зеленило по градовите, толку пријателски расположена власт и работни победи. Да не беа рекламните спотови на партиите и на кандидатите за градоначалници, сé уште ќе живеев во заблуда дека живеам во некој друг град и некоја друга држава.

    2. На еден  брифинг во американскиот Стејт департмент одговорниот службеник за Македонија, зборувајќи пред групата од осум новинари од нашата земја, неколку пати ги употреби зборовите: импресивно, одлично, исклучително, добро… Ние со внимание ги слушавме овие фалби за Македонија и кога дојде ред на нас да поставуваме прашања, првото логично прашање кое ни дојде на ум беше: ” Се извинуваме, да не сме влегле во некоја друга просторија, да не требало тука да има брифинг за некоја друга држава, дали вие зборувате за истата држава во која што ние живееме…” Не било грешка. Кога се вративме, видовме на спотовите каде живееме. Како на филм.

    3. Мислам дека сега е вистинското време кога ќе почнам да се придржувам кон законитоста за молчење…

    4. Претседателот Киро Глигоров не е кандидат ниту за градоначалник ниту за општински советник. Освен тоа внимаваше како да остане настрана од досегашната изборна трка, иако се обидуваа да го вклучат. Затоа за него не важи изборниот молк.
    Претседателот завчера прими делегација на партијата Нова демократија. Да нема недоразбирања, не се работи за грчката силна опозициона Нова демо­кратија, туку за некоја српска Нова демокрација, за која и во самата Србија не им е јасно со каква ориентација е, иако на последните избори влезе во побед­ничката коалиција како приврзаник на партиите на брачниот пар Милошевиќ – Марковиќ. Претседателот на државата веројатно во текот на кампањата за локални избори немал сериозни државнички работи штом примил претседател на некоја мала партија од соседството. Можеби, зафатени со митинзите и претставувањата, лидерите на нашите партии немале време да се сретнат со гостите од Србија. Иако најверојатна варијанта е дека, едноставно, Нова демокра­тија не можела да најде соодветна на нив македонска партија.
    Дошле “дечките” од Белград и немало кој да ги прими. За да го спаси образот на Македонците како гостопримлив народ, се понудил претседателот на државата. Што е важно што посетата не била на ниво? Важно е дека кај претседателот може секој да влезе. Одиме кај Киро на кафе? Одиме!

    5. Уште една авионска несреќа во која како можна причина се наведува незнаењето англиски јазик на пилотите од некогашниот Советски Сојуз. По распаѓањето на СССР и осипувањето на империјата “Аерофлот”, во бившите советски републики, а и во самата Русија се формираа многу таканаречени “ком­пании-бебиња” со чии авиони управуваат пилоти кои во старите времиња на “Аеро­флот” летаа на домашни линии и не им требаше англиски јазик, како универзален во воздухопловната комуникација. Тие евтини авиони, со евтини екипажи, можат да се најдат изнајмени и надвор од границите на Русија и  бившите советски републики.
    На охридскиот аеродром, во гордата македонска флота на она што се нарекува македонско воздухопловство, деновиве можат да се видат три руски авиони со кои управуваат руски екипажи.
    Во декември 1993 година се случи голема авионска несреќа во близината на Охрид со изнајмен руски авион, со кој управуваше руски пилот. Извештајот за причините зошто авионот го промаши аеродромот и се најде на околните охридски планини сé уште го нема. Изборниот молк трае скоро три години.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари