КАФЕ И ВИСКИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:108:"Де­ца­таод"Нелу­тисечо­ве­че"пре­ми­наана"Мо­но­пол"

    1. Ко­а­ли­ци­о­ни­те пар­тне­ри про­дол­жу­ва­ат со дет­ска­та иг­ра. Та­мам по­мис­лив­ме де­ка ми­на­та­та не­де­ла се до­го­во­ри­ле ка­ко да се из­вле­чат од си­ту­а­ци­ја­та со гла­са­ње­то за из­бор­на­та ко­ми­си­ја, ко­га на про­дол­же­ни­е­то на сед­ни­ца­та на Соб­ра­ни­е­то си про­дол­жи­ја се­кој по сво­е­то. Из­гле­да не им рек­ла учи­тел­ка­та ка­ко да се од­не­су­ва­ат. Или, им рек­ла, ама не ја слу­ша­ат.
    Та­ка и пим­пла­ње­то што е за­кон­ско, а што е не­за­кон­ско оде­ше слич­но ка­ко ко­га де­ца­та ќе се со­бе­рат на ро­ден­ден да ду­ва­ат све­ќич­ки на тор­та. Па ед­наш не­кој ќе ги дув­не све­ќич­ки­те пред­вре­ме, а дру­ги­те се лу­тат. Па вто­ри­от пат, сла­ве­ни­кот не­ма да зе­ме до­вол­но здив за да ги дув­не, па си­те му по­ма­га­ат. Ду­ри по трет пат им ус­пеа на де­ца­та си­те да дув­нат во еден здив.
    Не де­ка им дош­ло вре­ме за ду­ва­ње све­ќич­ки. Ко­а­ли­ци­ја­та уш­те не нап­ра­ви­ла ни ед­на го­ди­на. Влас­та ни е во пе­ле­ни.
    За­тоа, од­вре­ме-нав­ре­ме им тре­ба про­ме­на на пе­ле­ни­те. За про­вет­ру­ва­ње. Са­мо што тие не се де­ца, па про­вет­ру­ва­ње­то си го ви­ка­ат – са­мит. Во пос­лед­но вре­ме им смр­ди ра­бо­та­та па за­чес­ти­ја со ме­ѓу­пар­тис­ки­те са­ми­ти. Баш ме ин­те­ре­си­ра, ако ве­ќе се од­не­су­ва­ат ка­ко де­ца, што ли пра­ват на тие са­ми­те пр­ви­те лу­ѓе на ВМРО-ДПМНЕ и ДА. Си­гур­но не иг­ра­ат “Не лу­ти се чо­ве­че”. Не оди да збо­ру­ва­ат за ра­фи­не­рии и бан­ки, а да вр­тат “чо­ве­чи­ња”. Тие вр­тат “Мо­но­пол”. Пр­во се ка­раа око­лу по­дел­ба­та на фун­кци­о­нер­ски­те мес­та по оп­шти­ни­те. Но, по сé из­гле­да, ве­ќе го над­ми­наа вре­ме­то ко­га се лу­теа ако не­кој не­ко­му му зас­та­не на по­ле­то. Се­га се лу­тат ко­га не­кој не­ко­му ќе му ги зе­ме ми­ли­о­ни­те.

    2. Са­ми­ти­те по­тоа пре­рас­ну­ва­ат во ка­фе­ан­ска друж­ба. Та­ка му ка­жа­ле на ли­де­рот на СДСМ Бран­ко Цр­вен­ков­ски. И тој пред­ло­жи нај­ви­со­ка ин­сти­ту­ци­ја во др­жа­ва­та да би­де ри­ту­а­лот на пи­е­ње ка­фе на Љуб­чо и Ци­ле во “Га­ли­ја”. За­тоа што во вре­ме­то на Бран­ко не се пи­е­ше ка­фе во ка­фе­а­на. Се пи­е­ше ви­ски.
    Ако ин­сти­ту­ци­ја­та “пи­е­ње ка­фе на Љуб­чо и Бран­ко” се прог­ла­си за вр­хов­на др­жав­на ин­сти­ту­ци­ја спо­ред Ус­та­вот на Ма­ке­до­ни­ја, то­гаш ќе нас­та­пи се­ри­оз­на вла­ди­на кри­за. Ќе се ја­ви Џа­фе­ри со пра­ша­ње­то: “Ка­мо чај за ме­не?” Па пос­ле ќе се ја­ват ме­ѓу­на­род­ни пос­ред­ни­ци, ко­ми­сии за чо­ве­ко­ви пра­ва, па од­лу­ки на па­ри­тет­на ос­но­ва, по прин­ци­пот на по­зи­тив­на дис­кри­ми­на­ци­ја “две ка­фи­ња и еден чај” и на крај ќе мо­ра да се ус­во­ју­ва­ат аман­дма­ни на Ус­та­вот.
    Плус, овие од ВМРО-ДПМНЕ на­вис­ти­на са­ка­ат сé да би­де по нив­но. Ај Љуб­чо ќе по­ми­не со ка­фе, ама Ци­ле кај по­ми­ну­ва без ска­ра. Не пос­тои ко­а­ли­ци­ја ко­ја би оп­ста­на­ла ако не се по­чи­ту­ва­ат те­мел­ни­те вред­нос­ти на де­мок­ра­ти­ја­та – во ка­фе­а­на се­кој да си на­ра­ча што си са­ка. Ос­вен тоа, не се ни овие веч­ни. Ај ут­ре ако им се вра­ти Бран­ко на власт, а во Ус­та­вот не е за­пи­ша­но пи­е­ње­то ви­ски. За­тоа овој член од Ус­та­вот мо­ра да би­де осо­бе­но пре­циз­но де­фи­ни­ран. Ова е се­ри­оз­на прав­на др­жа­ва и не се мис­ли од де­нес за ут­ре. Се мис­ли де­не­ска, што ќе пи­е­ме ве­чер­ва.

    3. Во пар­тис­ки­те шта­бо­ви и во Вла­да­та се от­во­ра­ат но­ви ра­бот­ни мес­та на бро­ја­чи на ре­до­ви. Се­кој ден по не­кој ни ка­жу­ва кол­ку ре­да сме од­во­и­ле за не­кој кан­ди­дат за прет­се­да­тел, ка­де сме го ста­ви­ле на стра­ни­ца­та, ни ја ме­рат го­ле­ми­на­та на бук­ви­те на нас­ло­ви­те, оце­ну­ва­ат ко­ја фо­тог­ра­фи­ја е ма­ли­ци­оз­на. Опо­зи­ци­о­не­ри­те ни се лу­тат по на­ви­ка – др­жа­вен вес­ник, па мо­ра да е про­тив нив. А овие од влас­та, пак, ни пре­фр­лу­ва­ат де­ка по­не­ко­гаш сме по­о­по­зи­ци­о­ни от­кол­ку ме­ди­у­ми­те што се бли­ски до опо­зи­ци­ја­та. И мис­лат де­ка со тоа ќе нé нав­ре­дат. Тол­ку се заг­ри­же­ни за нас што ве­ќе поч­ну­ва да ста­ну­ва не­у­доб­но.
    Ту­ку, има­ме сре­ќа што на­ро­дот не тре­ба да го из­би­ра и пр­ви­от чо­век на Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на црк­ва. Уш­те и кан­ди­да­ти­те за ар­хи­е­пис­коп да поч­неа да ни пра­ќа­ат по­ра­ки, ка­ко што ни пра­ќа­ат не­кои кан­ди­да­ти за прет­се­да­тел, ќе се мрд­нев­ме од умот. Ва­ка, сре­ќа што не­ма оп­што­на­род­ни из­бо­ри и за ар­хи­е­пис­ко­пот. А со овие зем­ни­ве – ќе из­др­жи­ме не­ка­ко. Не ни е првпат.

    4. При­каз­на­та око­лу мис­те­ри­оз­ни­от то­вар што бил ис­фр­лен од мис­те­ри­оз­ни­от хе­ли­коп­тер на КФОР во Лип­ков­ско­то Езе­ро се зап­ле­тку­ва. Пр­во се твр­де­ше де­ка е фр­ле­но “неш­то”. По­тоа “неш­то­то” се прет­во­ри во ог­не­ни топ­ки. От­ка­ко топ­ки­те со­го­реа, поч­наа рас­ка­жу­ва­ња­та де­ка хе­ли­коп­те­рот фр­лил не­кое бу­ре. Ко­га, пред два де­на, еден оче­ви­дец на те­ле­ви­зис­ка­та еки­па ѝ твр­де­ше де­ка де­ка тоа би­ло го­ле­ма кон­зер­ва. Ка­ко од­ми­ну­ва вре­ме­то, а нат­пре­ва­рот во нур­ка­ње ста­ну­ва здо­де­вен за на­ви­ва­чи­те, ќе из­ле­зе де­ка не­кој пи­лот од хе­ли­коп­тер фр­лил “ко­ка ко­ла”. Ка­ко во фил­мот “Ко­га бо­го­ви­те пад­наа на те­ме”. А ку­ма­нов­ци, од страв да не се от­ру­јат, пи­јат ки­се­ла во­да.

    5. Др­жав­ни­от сек­ре­тар за над­во­реш­ни ра­бо­ти на Нор­веш­ка Ат­ла­ри прис­тиг­на во Ма­ке­до­ни­ја да го ос­ло­бо­ди ка­пе­та­нот кој бе­ше прит­во­рен по со­об­ра­ќај­на­та нес­ре­ќа во ко­ја за­ги­на ми­нис­те­рот Стој­ко­ски.
    Ние уш­те глу­ми­ме се­ри­оз­на др­жа­ва. Не го да­ва­ме ка­пе­та­нот. Ду­ри ни гос­по­ѓа­та Ат­ла­ри не ус­пеа да го шар­ми­ра Бо­рис Трај­ков­ски да го пре­да­де­ме Нор­ве­жа­не­цот.
    Ај да ви­ди­ме уш­те кол­ку ќе им се пра­ви­ме важ­ни. На­мес­то да тро­ши­ме па­ри за суд­ски тро­шо­ци, па за евен­ту­а­лен зат­вор, мо­же­ме да се ис­па­за­ри­ме со Нор­ве­жа­ни­те. Ба­рем до­де­ка има­ат жел­ба да да­дат па­ри. Пос­ле, и без па­ри, са­ми ќе си го зе­мат.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари