КРИМИНАЛ ТУРИЗАМ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:149:"Прет­се­да­тел­ски­текан­ди­да­тиса­монéспа­су­ва­ат,аоднивнине­маспас

    1. Да­ли сме ние нес­реќ­ни, или глу­пи? Или са­мо нес­реќ­но глу­пи. Па се­га дој­доа спа­си­те­ли­те да нé опа­ме­тат и да нé ус­ре­ќат.
    Еве, на при­мер, Бо­рис Трај­ков­ски. Ко­га го гле­дам на ми­тин­зи­те ми иде да зап­ла­чам над сопс­тве­на­та нес­реќ­на суд­би­на. До­де­ка не се по­ја­ви тој, не­мав по­им де­ка ние сме тол­ку на­па­тен и не­ре­ќен на­род. Си го слу­шав пре­ми­е­рот Ге­ор­ги­ев­ски кој ни ве­ли де­ка сме ли­дер на ре­фор­ми­те во Ју­го­ис­точ­на Ев­ро­па и си бев ми­рен. Дој­де Трај­ков­ски и ми ги ур­на си­те илу­зии. Бо­рис ве­ру­ва во Ма­ке­до­ни­ја, ама за­р на Љуб­чо не му ве­ру­ва? Па се­га и тој ќе мо­ра да нé спа­су­ва од нес­ре­ќа­та што нé снај­де. Ни ги от­кри­ва не­го­ви­те ви­зии, ко­га ќе нé по­ве­де кон Ев­ро­па со стап­че и тор­бу­ле. Оти ние сме мно­гу прос­ти, па не зна­е­ме да си по­не­се­ме и ку­фе­ри. За се­кој слу­чај. Да не ни се бен­ди­са та­му, па да си ос­та­не­ме, а спа­си­те­ли­те да ги ос­та­ви­ме до­ма.
    До­де­ка Бо­рис нé спа­су­ва од нес­ре­ќа­та, Ти­то и Ан­дов нé спа­су­ва­ат од бу­га­ри­за­ци­ја­та. И тие мис­лат де­ка сме не­ос­вес­те­ни, па сé не­кој тре­ба да нé ос­вес­ту­ва. Кој­знае, мо­же­би мис­лат де­ка сме тол­ку не­до­рас­на­ти и не­о­соз­на­не­ни, па ќе ста­не­ме Бу­га­ри, са­мо ако та­ка ни ка­же не­кој од вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја. А тие ќе се жрт­ву­ва­ат за на­ше доб­ро и ќе нé вра­тат по ста­ри­от пат.
    Ци­ле нé спа­су­ва од си­ро­маш­ти­ја­та и од ла­ги­те. Еве, вче­ра пак за­ми­на за Аме­ри­ка. Из­гле­да му се пот­ро­ши­ја па­ри­те за де­ле­ње, па оти­де по но­ви че­ко­ви.
    Си­те нé спа­су­ва­ат од не­ко­го. Ту­ку, ка­ко ние да се спа­си­ме од нив.

    2. Ка­ко Љуб­чо што не му ка­жу­ва на Бо­рис де­ка от­ка­ко тој дој­де на власт ние по­ве­ќе не сме нес­реќ­ни, та­ка и Бран­ко не му ка­жу­вал на Ти­то што пра­вел СДСМ за вре­ме на сво­е­то вла­де­е­ње. За­тоа Ти­то на те­ле­ви­зис­ко­то со­о­чу­ва­ње со ин­те­рес го пра­шу­ва­ше Бо­рис за ис­ти­те ра­бо­ти што ги пра­ве­ше не­го­ва­та пар­ти­ја до ми­на­ти­от ок­том­ври. Си­ро­маш­ки­от Ти­то, си­гур­но му се по­жа­лил на Бран­ко: “А бе овие мно­гу ло­ши се. Сé ка­ко нас пра­ват!”
    Има сим­бо­ли­ка во тоа што за вре­ме на ми­тин­зи­те на ВМРО-ДПМНЕ ми­нис­три­те што сто­јат зад го­вор­ни­ца­та це­ло вре­ме си ги др­жат ра­це­те пре­крс­те­ни ­нап­ред, ка­ко фуд­ба­ле­ри на жив ѕид, да не ги уд­ри топ­ка­та на нез­год­но мес­то. Вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја се­ри­оз­но си ги шти­ти ор­га­ни­те. Ќе им тре­ба­ат ба­рем уш­те три го­ди­ни. За ус­ре­ќу­ва­ње на на­ро­дот.
    Ан­дов поч­на уш­те се­га да вос­пос­та­ву­ва ред во зем­ја­та. За по­че­ток, ги ста­ва во ред не­го­ви­те кон­ку­рен­ти. На си­те им др­жи лек­ции. Овој не смее ова да пра­ви, овој не смее она, овој тре­ба ва­ка, овој тре­ба ина­ку…Зош­то ги по­ду­чу­ва? За­мис­ли да го пос­лу­ша­ат, са­ми­от зи­јан ќе си нап­ра­ви. Ако пра­ват ка­ко што ќе им ка­же тој, тие ќе би­дат доб­ри и Ан­дов мо­же­би не­ма да по­бе­ди.
    Ци­ле де­фи­ни­тив­но до­ка­жа де­ка не ла­же. Не­ли на ТВ спо­тот го ми­ну­ва ста­ри­от мост и од таа стра­на е Аме­ри­ка. И на­вис­ти­на, Ци­ле за­ми­на за Аме­ри­ка. Са­мо, не ми е јас­но ка­ко ќе нé спа­су­ва. Ќе ја до­не­се Аме­ри­ка кај нас или, за да се спа­си­ме, си­те ќе оди­ме за Аме­ри­ка. И не­ка не се дви­жи по ста­ри­от мост се­ко­ја ве­чер по не­кол­ку па­ти и на си­те те­ле­ви­зии. Опас­но е. Не за дру­го, ту­ку ба­рем мос­тот да го спа­си­ме.

    3. А од зло­то оли­цет­во­ре­но во но­ви­на­ри­те, ќе нé спа­су­ва др­жав­ни­от ја­вен об­ви­ни­тел Став­ре Џи­ков. Кој ли про­фе­сор од Прав­ни­от фа­кул­тет, кој па­тем пре­да­вал и на сту­ден­ти по но­ви­нар­ство го по­ду­чу­вал јав­ни­от об­ви­ни­тел де­ка не­кој но­ви­нар за шпе­ку­ли­ра­ње бил осу­ден на смрт? Не­кој што док­то­ри­рал во Ирак или сту­ди­рал на уни­вер­зи­те­ти­те на Ста­лин. За­тоа, от­се­га Џи­ков не­ма да че­ка при­ја­ви, ту­ку са­ми­от ќе ги ко­рис­ти ов­лас­ту­ва­ња­та и ќе подига об­ви­не­ни­ја про­тив ав­то­ри на но­ви­нар­ски тек­сто­ви, ба­зи­ра­ни на шпе­ку­ла­ции кои не мо­жат да се пот­кре­пат со фак­ти. Сре­ќа што со Ус­та­вот е уки­на­та смрт­на­та каз­на.
    Ка­ко не им тек­на­ло на тие што го пос­та­ви­ле об­ви­ни­те­лот, да му да­дат уш­те ед­но ов­лас­ту­ва­ње. Па­мет­ни­от про­фе­сор би мо­жел со си­от ум да ги по­ду­чи и да им пред­ло­жи да би­де и цен­зор. Зош­то но­ви­на­ри­те бадијала да стра­да­ат? По­доб­ро уш­те во старт да им се заб­ра­ни да об­ја­ву­ва­ат.
    Са­мо ми е страв де­ка, во тој слу­чај, об­ви­ни­те­лот ќе си ја за­пос­та­ви дру­га­та ра­бо­та. Не­ма да има увид во тоа што се пра­ви на гра­нич­ни­те пре­ми­ни, ка­ко се со­би­ра ре­кет од не­ло­јал­ни­те фир­ми, кол­ку се пла­ќа ми­то за шле­пер ци­га­ри, а кол­ку за ка­фе. Тие се заш­ти­те­ни од об­ви­ни­те­лот и тој не мо­же про­тив нив да ги ис­ко­рис­ти сво­и­те ов­лас­ту­ва­ња и да ги го­ни по служ­бе­на дол­жност. Тие не об­ја­ву­ва­ат во вес­ни­ци за кри­ми­на­лот што го пра­ват.

    4. Си би­ле Ма­ке­до­нец и Нор­ве­жа­нец и си рас­ка­жу­ва­ле случ­ки од жи­во­тот. “И да ви­диш, еден ваш НАТО-вец, во­зел по ав­то­пат, ама ко­га сфа­тил де­ка оди во пог­ре­шен пра­вец, си ја за­вр­тил ко­ла­та и фа­тил да во­зи во заб­ра­нет пра­вец. Уд­рил во дру­га ко­ла, за­ги­на еден ми­нис­тер со­се се­мејс­тво­то и во­за­чот и ва­ши­от вој­ник си за­ми­на до­ма”, воз­бу­де­но рас­ка­жу­ва Ма­ке­до­не­цот. “Аман бе”, се чу­ди Нор­ве­жа­не­цот и пра­шу­ва: “А ва­ша­та Вла­да ниш­то?”. А Ма­ке­до­не­цот гор­до од­го­ва­ра: “Ниш­то!”
    Си нап­ра­вил стра­не­цот есап: два ми­ли­о­на жи­те­ли, тол­ку и тол­ку во­зи­ла, тол­ку и тол­ку ки­ло­мет­ри ав­то­пат и…
    Се по­ја­ву­ва рек­ла­ма: “От­криј­те ја Ма­ке­до­ни­ја – зем­ја на аван­ту­ра и на ви­со­ко­ад­ре­на­лин­ска за­ба­ва – неб­ро­е­ни мож­нос­ти за со­об­ра­ќај­ки, пат­ни зна­ци со ма­ке­дон­ски збо­ро­ви на ла­ти­ни­ца за да не раз­бе­ре­те ниш­то – за нај­веш­ти­те, мож­ност и за смрт­ни слу­чаи – по­тоа про­дол­же­те го од­мо­рот во не­ко­ја зем­ја на НАТО”.
    Про­лет­та не­гу­вав­ме ху­ма­ни­та­рен ту­ри­зам. Се­га во Ма­ке­до­ни­ја мо­же да се раз­вие но­ва сто­пан­ска гран­ка – кри­ми­нал ту­ри­зам. “Дој­ди, нап­ра­ви бе­ља и оди си. Ние со за­до­вол­ство ви сто­и­ме на рас­по­ла­га­ње.”

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари