КУСА ПАМЕТ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:69:"ХрватскаемногудалекуодМакедонија

    1. Најновата српска касетна продукција бележи незапаметена експанзија на пазарот. Во Загреб паѓаат касетни бомби. Низ Македонија паѓаат касети со српска новокомпонирана фолк-музика. Во  Загреб ракетите со касетни бомби избираат време и место каде што ќе паднат. Низ Македонија касетите паѓаат насекаде и во секое време – по кафулињата, во автобусите, на свадби, на приватните радио-станици, по екраните на разно-разни сомнителни телевизии…
    Хрватска се бори против ракетите со касетни бомби по име “Оркан”. Македо­нија целосно им се предаде на касетите со имиња од типот Цеца, Змијанац, Харис Џиновиќ…
    Велат, ако веќе сме во ситуација да избираме, тогаш подобро е да нé гаѓаат со касети, отколку со касетни бомби. Сега-засега. Затоа што касетните бомби убиваат физички. А шундот на касетите убива – духовно.
    Што е поопасно за опстанокот на еден народ?

    2. Советот за безбедност остро реагираше на акцијата на Хрватска во западна Славонија. Им нареди на Хрватите да се повлечат од сопствените територии. Затоа што силите на УНКРО не успеаја да ги одбранат границите на Милошевиќевата творба наречена “Република Српска Краина”.  Обединетите нации обично се многу лути кога некој сака да ги ослободи сопствените територии. И многу помирливи со тие што се посилни и што ги “вртат” како што сакаат веќе четири години. Не знам зошто Советот за безбедност не ѝ препорача на Хрватска да се повлече и од Загреб, за да не ги нервира Мартиќ, Караџиќ и ком­панија, па да мораат да ги бомбардираат луѓето по улици.
    Деновиве се слави педесетгодишнината од победата над фашизмот и цел свет ги памети тие настани. Како тогаш сите го загубија помнењето кој беше агресор пред три-четири години? Како никогаш да не се случила трагедијата во Вуковар, како никој да не го бомбардираше Сараево и ден-денес го држи под опсада, како да не ги гледавме на ТВ екраните грозните слики од Славонија со купишта измасакри­рани тела во приколки на трактори, како никоташ да не постоеле концентрационите логори и пет децении по поразот над фашизмот, среде Европа, во Босна, како никој да не го уништуваше културното наследство на Дубровник…
    Тогаш беше лесно да се војува и да се освојува од  касарните на ЈНА среде градовите и со оружјето што таа го имаше. Сега е лесно само кукавички да се бом­бар­ди­раат оддалеку луѓе што се движат по улиците на градовите.

    3. Како би изгледало кога на Македонија би ѝ се случила Хрватска? На пример, ако “Илирида” стави рампа кај Групчин, или на Камениот мост во Скопје? Или пак, ако ни се осамостојат Србите од Скопска Црна Гора и формираат некоја САО со источен џеб – “Српско Куманово”? Силите на ОН фала богу не треба да ги претпоставуваме, нив веќе си ги имаме. И тоа токму и на запад и на север. Таман ќе има кој да се постави на “линијата на раздвојување” и да ги штити границите на новите држави.
    Не дај боже на Владата во Скопје да ѝ текне да тргне со војска и полиција да ги поврати сопствените територии. Веднаш Советот за безбедност ќе ја осуди за агресија врз сопствената земја и ќе ѝ нареди да ја повлече војската на првобитните позиции.
    Среќа што Хрватска е премногу далеку. Такво нешто нам не може да ни се случи.

    4. Потврда на тоа е што кај нас на релацијата: Тетово – Скопје се организи­раат мировни трки. Мисијата на ОБСЕ во Скопје в недела ќе биде организатор на мара­тон­от под име “Цветна трка”. Што подразбира дека во Македонија ќе процветаат илјадници цвеќиња.
    Според замислата на амбасадорот Торе Бог, организаторот на патеката од Тетово до Скопје кани тимови составени од силите на АРМ, новинари, комбиниран тим од членови на Парламентот и на Владата на Македонија, претставници на раководствата на Тетово и Скопје, членови на мисиите на ОБСЕ, војници во составот на УНПРЕДЕП и комбиниран тим од претставници на странските амбасади во Скопје.
    Ќе биде тоа висинска “цветна трка”. Сé цвеќиња за мирисање.

    5. На 15 мај ќе одбележиме уште еден значаен успех на македонската дипло­ма­тија. На тој датум и во Австрија повеќе нема да може да се влезе без виза на македонскиот пасош.
    Колку за утеха – визата ќе може да се добие во Тирана.

    6. Баш убаво што и државната телевизија се вклучи во одбележувањето на 50-годишнината од фашизмот. Некој се измачил да одбере неколку секвенци од документарец и да ги измонтира. Спотот е примерен на времето. Кога би се емиту­вал пред дваесет години. Во меѓувреме, ептен во наша близина се случија такви нас­та­ни, што денес не мора само Хитлер да биде симбол на фашизмот, а Рузвелт, Черчил, Сталин и Тито симбол на антифашизмот.
    Како музичка подлога оди маршот, чиишто последни акорди, колку што се се­ќа­вам, одеа вака: “Нé водеше Темпо, најмилиот брат …”
    Спотот завршува со слоганот: “Заедно против фашизмот, заедно во Европа!” Со кого!?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари