ЛАДНО ПЕГЛАЊЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:219:"КогатолкусерадувамештоеднафабрикасмеимпродаленаСрбите,колкулибисерадувалеакоимјапродадемецеладржава

    1. Цел свет се потресе да го спасува мирот во Македонија, ќе го продолжуваат мандатот на УНПРЕДЕП, НАТО стручњаци ни се шетаат низ државата да организираат голема вежба на Криволак, а ако ептен згусти, можно е да испратат и 7 илјади војници за да нé бранат.
    Дали седумте илјади војници ќе ги пречекаме со таква еуфорија со каква што ја поздравивме продажбата на “Ладна валалница” на Србите? Или, ќе се чудиме, што ќе ни се и од кого ќе нé бранат? Не е белки Милошевиќ толку луд да праќа војска да ги освојува објектите што веќе ги освоил. Важно е во земјава да има странски инвестиции, а тоа што инвеститорот е син на потпретседателот на српската влада, не е важно, затоа што “Балкан стил” е регистрирана во Лихтенштајн. Тоа, пак, што Лихтенштајнците зборуваат српски, не е затоа што Србија толку се проширила, туку за цел свет да ги разбере. Посебно македонското раководство, кое оваа продажба ќе си ја припише како уште еден голем успех во областа на приватизацијата и странското вложување.
    На тој план досега Србија забележа неколку успеси. Поранешниот југословенски премиер Милан Паниќ во ОХИС среде Скопје ги стави под своја капа и претседателот Глигоров, и премиерот Црвенковски, и претседателот на Собранието Петковски и ги шеташе како Марсовци за сликање. Пред две недели, МАТ убаво ги повози и премиерот и високодостојниците на Македонската православна црква со српски авион до Рим и назад. По толку шетање и возење во име на репарираните машини на “Галеника” од Земун и старите авиони што ЈАТ ќе му ги продадел на МАТ, купувањето на “Ладна валалница” од врањанците од Лихтенштајн доаѓа како нижење на успеси. Нема смисла, ако случајно на Милошевиќ пак му воведат санкции, Србија да нема начин да извезува лимови, а ЈАТ да остане без работа.
    Откако ќе нé стават под капа и ќе нé возат како што сакаат, доаѓа фазата на ладно валање. Ладно ќе нé испеглаат, од нас да направат тенки лимови, и така ќе можат полесно да нé обликуваат како што му одговара на газда Слобо.
    Берзанската радост за најголемата трансакција беше соодветно еуфорично третирана и на Македонската телевизија со “Дневник плус”. Кога толку се израдувавме што на Србите сме им ја продале “Валалницата”, колку ли ќе славиме ако им ја продадеме цела држава?

    2. Сепак, нема причина за големо славење. Во случајот со “Балкан стил”, не станува збор за некоја особено важна странска инвестиција. Да се разбереме, “Валалницата” ја купи само синот на српскиот вицепремиер Душан Томиќ. Сосема поинаку ќе беше ако како купувач се јавеше синот на Слободан Милошевиќ. Премиерите и вицепремиерите се менуваат. Само Милошевиќ вечно трае.

    3. Од минатата сабота имаме и организација на жените од ВМРО-ДПМНЕ. Не може ВМРО-вките да останат покусо од жените – либерални демократки или, не дај боже, од жените Албанки. Се знае, во секоја партија има и мажи и жени. По саботната средба, остана нејасно каде ќе ѝ биде местото на потпретседателката на партијата Доста Димовска, зашто, покрај присуството во ВМРО – Жени , секогаш е активна и во ВМРО – Мажи. Можеби таа, бидејќи седи и кај едните и кај другите, ќе може да ја објасни разликата меѓу политичките интереси на мажите – членови на ВМРО-ДПМНЕ и жените – членови на ВМРО-ДПМНЕ.
    Искрено, би сакал да чујам и од другите партии, посебно од лидерите на подмладоците, зошто тие би имале некаков поинаков партиски пристап од “мажите” и “жените”. Или кај нив не важи принципот дека со наполнувањето 18 години се станува целосно рамноправен граѓанин, па им треба организација за политичко дозревање. Тоа што речиси сите партии имаат подмладоци и организации на жените е по урнекот на старото време, кога се знаеше редот: Мажите седат во ЦК, жените се активистки на АФЖ, младите си имаат Младинска организација, а пензионерите се во Сојузот на борците. Во овие новите, граѓански партии на новото демократско време недостигаат уште пионерите и пионерските шамии и давањето чесен пионерски збор на Бранко, Љубчо, Џафери, Гошев или на Ѕинго, сеедно. Впрочем, ваква партиска прераспределба на кадрите не е за изненадување. Сите се ученици на истата партија, на стариот СКМ, па и новите партии ги прават според иста матрица.

    4. Пред дестина дена, Заводот за статистика објави дека минатогодишниот износ на странски инвестиции изнесувал цели 6 милиони долари. Нашиот завод така го надмина и списанието “Јуромани” кое ни “додели” 16 милиони долари.
    Овој податок може да се чита и оптимистички. Според “Јуромани”, на списокот на земјите со странски инвестиции, Македонија се наоѓа на дното. Според Заводот за статистика, веќе сме се откачиле од дното. Сега сме уште подолу.

    5. Лидерот на Демократската партија на Србите Драгиша Милетиќ, тврди дека дел од штабот на ослободителната војска на Косово се наоѓа во Македонија. Имал докази, ама не сакаше да им ги каже на новинарите. Ќе му ги кажел на претседателот Глигоров.
    Нека не му кажува на Глигоров. Подобро нека ѝ ги каже на госпоѓа Нада Глигорова, па така сите ќе ги знаеме.

    6. Поранешниот потпретседател на Владата и министер за финансии Јане Миљоски, во врска со набавката на спорната телефонска централа во 1995 година, изјави дека не гледа причина за одговорност на членовите на Комисијата која ги распределувала средствата. И навистина, кај Комисијата не треба да се бара одговорност. Сигурно одговорни луѓе не би издвоиле половина милион за телефонска централа, која и денеска не се користи колку што треба.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари