ЛЕТНА ШЕМА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:110:"Охрид-пристојноместозадалечинсковршењенадржавенудар

    1. Зошто претседателот на Република Македонија Киро Глигоров не се сретна со српскиот претседател Слободан Милошевиќ во Скопје? Обично, кога се сака да се даде значење и официјалност на државата, слични претседателски средби се организираат во главниот град, каде што е седиштето на парламентот и владата.
    Се внимавало на сите елементи на посетата на уважениот гостин, бидејќи тој за нашата држава, кога оди кај своите пријатели во Грција, го употребува името “Скопје”. Охрид е избран за да нема забуни. Како ќе рапортира на Мицо­такис? Дека бил во посета на Скопје во Охрид!?

    2. Агресивната туристичка пропаганда на македонските природни реткости и убавини, во пресрет на сезоната на годишни одмори, започна со рекламниот спот, снимен по принципот “слика без тон”, со прекрасен поглед на Охрид и езерото од балконот на вилата “Билјана”. Мирната душа словенска на гостинот од Белград, стопена во амбиентот на центарот на словенската писменост и култура, го прикажува нашиот најпознат туристички центар како идеално место да се изврши теледиригиран државен удар. Освен тоа, мирољубивиот пучист од Белград е пасиониран љубител на стари градови со богато културно наследство, кои згора на сé се и под заштита на УНЕСКО. Тоа барем тој не треба да го докажува. Ете му го Дубровник, во Хрватска, како најцврст доказ.
    Охрид не е само интересен за кус одмор. Којзнае, можеби Милошевиќ толку многу го бендисал, штом во него си долетува кога ќе му текне и без најава, како да си оди во родниот Пожаревац, па решил да си одбере плац за вила. Што знаеш што носи животот? Можеби ќе успее некако да го наговори претседателот Глигоров да не повикува американски војници, кои ќе му го расипуваат погледот кон Грција, па кога ќе дојде време да му го отстапи местото на Шешељ, ќе си се пресели во Охрид. Така може да смета на нашето гостопримство. Само што, сега-засега, сé уште не сме решиле дали ќе даваме азил на воени злосторници.

    3. Бесплатен мал оглас:
    “Заради непочитување на родителскиот авторитет, непослушност и арогант­ност, со тешко срце се откажувам од моето сакано и драго чедо, кое го израснав со свои раце. Сите долгови направени на сметка на моето име не ги признавам.” Потпис: разочаран и навреден родител Добрица Ќосиќ.
    П.С. Слобо, сине, врати ми го Меморандумот”.

    4. Ако баба лаже, трап не лаже. Колегите од приватната ТВ станица “А1” завчера попладне успеаја, во исто време додека го снимаат американскиот сенатор Карл Левин како на македонско-српската граница ги слуша претставниците на КЕБС и УНПРОФОР кои му велат дека македонските гранични органи не го почитуваат ембаргото како што треба (тоа и не мораше да му го кажат, тој сам ја виде колоната камиони), да го дочекаат и потпретседателот на Владата Јован Андонов, кој со полициска придружба се враќаше од посета на Србија.
    Којзнае, можеби по неколкукратното давање оставки и нивно повлекување, претседателот на Владата Бранко Црвенковски му дозволил на незадоволниот потпретседател малку да го разработи коридорот “север – југ”. Само, што ќе правиме ако Грција повторно, како во летото минатата година, го искористи ова за да ни ја блокира нафтата? Дали и сега, како и тогаш, ќе се повикаме на Андонов да ни го открива источниот коридор? И дали пак ќе ни го претстават како нацио­нален спасител?

    5. Пријатен ангажман пред летните одмори вчера имаше и министерот за здравство Јован Тофоски. Како по обичај, тој беше на аеродромот “Скопје” каде што ја прими пратката со хуманитарна помош од Велика Британија, што свечено и официјално му ја предаде министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство Даглас Херд.
    Тешко му на здравството, а богами и на државата, која, еве, веќе втора година се снабдува со хуманитарни пакети. Сега дури сфаќам зошто ни е толку лоша ситуацијата. За тоа најголема вина носат дародавачите, што не нé оставаат сами да се снаоѓаме. Му го одземаат драгоценото време на министерот. Наместо да им се посвети на проблемите, господинот Тофоски мора да губи време чекајќи на аеродромот. Стана министер за прием на пакети.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари