МАЛИ ГОЛЧИЊА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:56:"Љуб­чонара­ботнабез­дна­та

    1. Сé по­ве­ќе нап­ре­ду­ва­ме. На 2 Ав­густ имав­ме две илин­ден­ски прос­ла­ви. За 8 Сеп­тем­ври, имав­ме три прос­ла­ви на Де­нот на не­за­вис­нос­та.
    Се­кој си има­ше сво­ја прос­ла­ва. Прет­се­да­те­лот Ки­ро Гли­го­ров при­ре­ду­ва­ше при­ем во Соб­ра­ни­е­то на Ма­ке­до­ни­ја. Во ис­то вре­ме, Ва­сил Ту­пур­ков­ски иг­ра­ше фуд­бал во Са­рај. А ве­чер­та Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски ор­га­ни­зи­ра­ше кул­ту­рен хе­пе­нинг на скоп­ско­то Ка­ле. Са­мо Ар­бен Џа­фе­ри не прос­ла­ву­ва­ше. Во не­го­во­то Те­то­во не беа раз­ви­о­ре­ни др­жав­ни­те зна­ми­ња, а и про­дав­ни­ци­те нор­мал­но си ра­бо­теа.
    Ту­ку, што му ста­на на пре­ми­е­рот Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски, па из­бе­га од плош­та­ди­те ка­де што ка­ко опо­зи­ци­о­нер од­лич­но се сна­о­ѓа­ше и се ка­чи на рид да му се об­ра­ти на на­ро­дот. Ко­му му збо­ру­ва­ше Ге­ор­ги­ев­ски ка­чен на скоп­ско­то Ка­ле? На скоп­ја­ни, на гра­ѓа­ни­те на Ма­ке­до­ни­ја, или на оние ил­ја­да – две ше­та­чи на ке­јот на Вар­дар кои се на­де­ваа де­ка ќе при­сус­тву­ва­ат на гран­ди­о­зен кул­ту­рен нас­тан. Ка­де му бе­ше свр­тен пог­ле­дот на пре­ми­е­рот? Ако гле­дал пра­во – не гле­дал ниш­то. А ако са­кал да ги ви­ди лу­ѓе­то, мо­рал да гле­да на­до­лу. А под не­го – без­дна.

    2. Ко­а­ли­ци­о­ни­те пар­тне­ри ВМРО-ДПМНЕ и ДА во ми­на­то­го­диш­на­та кам­па­ња иг­раа фуд­бал на ма­ли гол­чи­ња. Од то­гаш до де­не­ска уш­те не по­рас­наа. Се од­не­су­ва­ат ка­ко разгалени де­ца. Иг­ра­ат ис­то ка­ко ко­га не­кое де­те ќе се на­лу­ти и сре­де иг­ра ќе си ја со­бе­ре топ­ка­та и ќе си за­ми­не на­лу­те­но до­ма.
    По­ли­ти­ча­ри­те од вла­ди­на­та ко­а­ли­ци­ја ни се ка­ко ма­ли де­ца. Ме­ри им го па­ме­тот.
    (П.С. Не­ка не ми се лу­тат де­ца­та, нив не­мав на­ме­ра да ги нав­ре­дам)

    3. Пот­прет­се­да­те­лот на Соб­ра­ни­е­то То­мис­лав Сто­ја­нов­ски не иг­ра на ма­ли гол­чи­ња. Ко­га тој ќе се на­лу­ти, иг­ра­та за­вр­шу­ва. За­тоа и на ку­ма­нов­ска­та те­ле­ви­зи­ја из­ја­ву­вал де­ка ако не­го­ва­та пар­ти­ја не­ма кан­ди­дат во вто­ри­от круг, ќе го по­ви­ка­ле членс­тво­то да не из­ле­гу­ва на из­бо­ри, за да не се из­бе­ре прет­се­да­тел. И пос­ле пак ќе се гла­са. Сé до­де­ка не по­бе­ди кан­ди­да­тот што му се бен­ди­су­ва на Сто­ја­нов­ски. Или ВМРО-ДПМНЕ ќе има прет­се­да­тел на др­жа­ва­та, или не­ма да има­ме прет­се­да­тел.
    Па вие ка­ко са­ка­те. Или ќе се нат­пре­ва­ру­ва­те, а ВМРО-ДПМНЕ се­ко­гаш ќе по­бе­ду­ва, или не­ма ни топ­ка да ви да­дат да си иг­ра­те. Плус, Сто­ја­нов­ски им по­ра­ча на пар­тне­ри­те од ДА, ако не им чи­ни, да ја на­пуш­тат ко­а­ли­ци­ја­та. Ка­ко што трг­нал, не е да­ле­ку де­нот ко­га на си­те што не се сог­ла­су­ва­ат со не­го ќе им по­ра­ча да ја на­пуш­тат зем­ја­та.

    4. Си­ту­а­ци­ја­та ја из­вле­че прин­ци­пи­ел­ни­от Ци­ле. Тој на те­ле­ви­зи­ја из­ја­ви де­ка не пос­тои ко­а­ли­ци­ја ко­ја би оп­ста­на­ла, ако не се по­чи­ту­ва­ат те­мел­ни­те вред­нос­ти на де­мок­ра­ти­ја­та и прав­на­та др­жа­ва. Та­ка ка­жа пред лу­ѓе­то, а пос­ле на Љуб­чо кој­знае што му ка­жал. Та­ка што прин­ци­пи­ел­но е до­го­во­ре­но Са­во да си ја приз­нае греш­ка­та. Доб­лес­ни­от Са­во ја спа­су­ва ко­а­ли­ци­ја­та. Не доз­во­ли Ти­то да го спа­су­ва не­го.
    Сре­ќа што Љуб­чо и Ци­ле се до­го­во­ри­ја Са­во да би­де доб­ле­стен. Ина­ку сé ќе за­ви­се­ше од Ам­ди Бај­рам. Из­ле­зе чо­ве­кот со не­го­ви­те на­да­ле­ку чу­е­ни ма­те­ма­тич­ки про­цен­ки: ед­ни­те 60, дру­ги­те 60 гла­са, а јас 61, па ко­а­ли­ци­о­ни­те пар­тне­ри мо­ра­ше да се свес­тат што пра­ват. Теш­ко на ко­а­ли­ци­ја­та што се пот­пи­ра на ма­те­ма­ти­ка­та на Ам­ди Бај­рам.

    5. Же­ни­те про­пуш­ти­ја, ако ниш­то дру­го, то­гаш ба­рем да имаат же­на-кан­ди­дат за прет­се­да­тел на др­жа­ва­та. Џа­бе ѝ е упор­нос­та на Јаг­ну­ла Ку­нов­ска и из­ја­ви­те де­ка таа оди докрај, ко­га же­ни­те не ѝ ве­ру­ва­ат. На си­те жен­ски фо­ру­ми, тр­ка­лез­ни ма­си и се­ми­на­ри, раз­ни­те жен­ски ор­га­ни­за­ции пла­чат и се жа­лат де­ка же­на­та во Ма­ке­до­ни­ја не е вклу­че­на рам­ноп­рав­но во по­ли­ти­ка­та, а, од дру­га стра­на, не ја ис­ко­рис­ти­ја ис­то­рис­ка­та шан­са, за првпат да има­ме же­на кан­ди­дат за прет­се­да­тел на Ма­ке­до­ни­ја. На­мес­то да се ор­га­ни­зи­раа да ѝ да­дат пот­пис на Ку­нов­ска, па пос­ле и не мо­раа да гла­са­ат за неа, тие сто­е­ја во ред за пот­пис на маш­ки­те кан­ди­да­ти. На след­ни­от се­ми­нар не­ка пла­чат за не­рам­ноп­рав­на­та по­лож­ба во по­ли­ти­ка­та. Не­ка им се умил­ку­ва­ат на по­ли­тич­ки­те пар­тии.
    Ова са­мо до­ка­жу­ва де­ка во Ма­ке­до­ни­ја сé уш­те не е соз­ре­а­на кли­ма­та во ко­ја се­ко­ја гот­вач­ка мо­же да би­де по­ли­ти­чар. Тоа твр­де­ње ва­жи са­мо за ма­жи­те.

    6. Ми­нис­те­рот за об­ра­зо­ва­ние Не­над Нов­ков­ски, на ТВ Си­тел, по об­ви­ну­ва­ња­та де­ка ги ме­ну­вал пре­ли­ми­нар­ни­те лис­ти за смес­ту­ва­ње по сту­дент­ски­те до­мо­ви, из­ја­ви де­ка тој ка­ко ми­нис­тер има пра­во да рас­по­ла­га со 200 мес­та во сту­дент­ски­те до­мо­ви.
    Бла­зе си им на ми­нис­три­те со нив­ни­те пра­ва. По ис­та­та ло­ги­ка, и ми­нис­те­рот за здрав­ство Дра­ган Да­ни­лов­ски има пра­во на 200 бол­нич­ки кре­ве­ти. Кљу­сев има пра­во на спе­ци­јал­на гра­да од 200 вој­ни­ци. Пав­ле Тра­ја­нов рас­по­ла­га со 200 по­ли­цај­ци за лич­на заш­ти­та. Бо­би Спир­ков­ски мо­же да ре­зер­ви­ра 200 бес­плат­ни мес­та во ави­о­ни­те и ав­то­бу­си­те. Алек­сан­дар Ди­мит­ров има 200 мес­та во ам­ба­са­ди­те низ све­тот. Вла­до Кам­бов­ски мо­же да зе­ме 200 зат­во­ре­ни­ци да му ра­бо­тат за по до­ма.
    Се­пак, во нај­по­вол­на по­лож­ба е ми­нис­те­рот за фи­нан­сии Бо­рис Стој­ме­нов. Што ќе му се кре­ве­ти, што ќе му се зат­во­ре­ни­ци и по­ли­цај­ци. По ло­ги­ка­та на не­го­ви­от ко­ле­га од Вла­да­та, тој би имал пра­во на 200 ми­ли­о­ни.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари