МАЛКУ УТРЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:237:"ЌемуречелинекојновинарнаминистеротНасерЗибери"Доброутро",зададознаатпензионеритедалиќеимбидатнамаленипензиите?

    1. Почнавме да ги уживаме резултатите од завршените локални избори. По­ска­пе марката, па и покрај ладнокрвноста на Централната банка, не покажува на­мера да се спушта. Поскапе и бензинот. Велат – минимално. Нешто повеќе од 5 од сто. Масовно се поднесуваат барања за заминување во пензија, зашто, навод­но, новите пензионери ќе имаат помали пензиски основици од досегашните…
    Навистина, оваа вест за пензионерите беше демантирана. Ама, турканиците во Фондот за пензиско осигурување не престануваат. Што ќе се случува, ќе ни каже ресорниот министер Насер Зибери. Утре. Така барем му вети на новинарот на телевизија “А1” пред некој ден, кога се навреди оти пред вратата на неговото министерство овој не му рекол “Добро утро!”. Безобразни новинари. Наместо да ги убедуваат идните пензионери дека нема потреба да брзаат да ги поднесат документите до Нова година, тие застанале уште наутро пред врата и го чекаат министерот да излезе од автомобилот и да им даде изјава. Е, не оди така! Минис­терот  Зибери  беше новинар во “Флака е велазеримит”. Постарите генера­ции новинари го паметат дека тој со страв влегувал и во државните институции кога тре­бало да земе изјава. А сега, овие новиве, приватниве, без срам и перде, од кола и – оп: “Ќе ги намалите ли пензиите?” Е, не оди така! Фино му одврати министерот на неговиот нов колега: “Чекај бе дечко, кажи прво добро утро!” А изјава? Изјава – утре! Малку утре.
    Не ги бидува овие новиве, приватниве… Насер Зибери кога беше новинар не правеше така. Затоа и дотурка до министер.

    2. Владата во текот на изборната кампања тврдеше дека нема да дојде до покачување на цената на бензинот. Во меѓувреме рафинеријата “Окта”престана да преработува нафта. Правеле “загуба во супстанца”. Тоа “загуба во супстанца” е познато од социјалистичките  денови. Тогаш загубите ги правеше “Макпетрол”. Се однесуваше исто како сега рафинеријата. Штом не им одговараше цената, ќе направеа редици пред бензинските пумпи. Тоа што ни го правеше “Макпетрол”, сега ни го прави “Окта”. “Макпетрол” беше милениче на социјалистичката држава.

    3. Министерот за надворешни работи Љубомир Фрчковски вестите за скорешна реконструкција на Владата ги коментираше со зборовите “забава за народот”. Додека премиерот Бранко Црвенковски избира терен и прави сценарио за општонародна журка, Фрчковски не може да чека. Посетува приватни забави. Му беше гостин на Макс ван  дер Штул во скопскиот хотел “Континентал”. Заедно со една поголема свита од неговото министерство и со претставници на Владата, Собранието и невладини групи.
    Медиумите му се налутија на Ван дер Штул зашто му текнало кај нас да си прави  тајна журка. Високиот комесар за малцинства на ОБСЕ  другиот ден раскажа како си поминале. Ама, што фајде од такво раскажување? Тоа ти е  како по некоја домашна забава, па кога се распрашуваш како било, а домаќинот ти одговара “Супер!”. Журка како журка, не може да се опише така едноставно. Можеби луѓето таму навистина убаво си поминале, ама штом не си бил таму да видиш и други детали – бадијала озборувањата од гостите. Никому не е да му се верува. Треба со свои очи да видиш кој се опил, кој скршил чаша, кој се фаќал во мракот, на која дама ѝ се скинале чорапите, дали некој се пикал по соби, кој се појавил со “швалерка”,  дали бундите биле од природно или од вештачко крзно, кој се замачкал со кал на чевлите…
    Глупости! Како тоа да е најважна работа на светот. Ние сме демократска др­жа­ва. Кај нас секој може да си прави што сака. Само да е однадвор. И да е на­се­киран за правата на Албанците. За правата на Македонците секогаш има – утре.

    4. А вчера речиси целиот главен град на државата беше во сообраќаен метеж. На неколку локации низ центарот на Скопје штрајкуваа различни категории штрајкувачи. На едно место градежниците, на друго студентите од Педагошкиот факултет што ја следат наставата на албански јазик, на трето бездомниците од дивовселените станови, на четврто приватните камионџии и таксистите во органи­зација на независниот синдикат.
    Истовремено, на десеттиот кат на таканаречениот Работнички дом, претседа­телот на Сојузот на синдикатите Живко Толевски држеше седница на претсе­дателството со дневен ред:  Актуелните  прашања во врска со социјално-еконо­мската положба на вработените. Колку ли примарно изгледаат блокираните улици во Скопје погледнати од височина рамна на десет ката! Оние од Владата и да сакаат не можат да се качат повисоко од три ката.

    5. Во расправата при  донесувањето на Законот за заштита на човековата средина, пратеникот Игњат Богдановски рече: “Не со еден, не со два, туку со сите дваесет прсти ќе гласам за овој закон!”
    Досега се сомневавме дека пратениците, како што тешко ги собираат на седница, веќе дигнале раце од сé. А тие сега почнаа да дигаат и нозе.

    6. Сигурно сте го забележале оној мотив на двете птици на поило, што како неформален амблем за Република Македонија е отпечатен како сув жиг во внатрешноста на пасошите. Од неодамна птиците висат и врз главите на оние што држат прес-конференции во зградата на Министерството за надворешни работи.
    Како што е познато, не успеавме да донесеме нов грб на државата. Дали птиците на поило, во државата со привремено име за надворешна употреба, не се – привреман грб!?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари