МАМА ДАФИНА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:59:"Тревататемоли,негазиме,боли!

    1. Пред неколку години имаше една афера во соседна Србија,кога пропаднаа милиони и милиони марки на штедачите, кои привлечени од нереално високите камати, штедеа во банката на извесната госпоѓа Дафина Милановиќ. Деновиве, кај нас се отвора афера со најголемата штедилница во државава, битолската “ТАТ”, чијшто сопственик, госпоѓата Соња Николовска, завчера беше суспендирана од гувернерот на Народната банка  на Македонија, Борко Станоевски, поради откриени низа неправилности во книгите на Штедилницата.
    Каква врска има белградската госпоѓа  Дафина, со нашата битолска госпоѓа Соња? И двете имаат ист почеток на кариерата – како обични банкарски службенички. И двете на времето биле обвинувани. Белграѓанката за злоупотреба на чекови, битолчанката за злоупотреба на некои средства од некогашниот “Зелен план”. И двете имаат некои свои луѓе во Владата и во централната банка кои им помагаат да дојде до израз нивната способност за банкарски работи и малку по малку создаваат своја империја. И двете се обожавани од широките народни маси.
    Мама Дафина и мама Соња се најпопуларни и меѓу пензионерите на кои им помагаат со каматите на нивните влогови да врзат крај со крај на месецот. И двете се многу хумани и со широки души. Мама Дафина спонзорираше се и сешто во Србија. Истото го прави и мама Соња во Македонија. Амбициите растат. Битола ги добива своите два ракометни тимови – женскиот и машкиот со имиња: “Пелистер ТАТ” и “Пелистер ТАМ”. Потоа растат и политичките апетити. И двете се кандидираат на избори. Мама Соња беше на листата на кандидатите за советници на СДСМ во Битола.  И двете имаат морална сатисфакција за тоа што го работат. Прогласени се за најуспешни жени – бизнисмени во своите држави. На Дафина и честиташе Слободан Милошевиќ, на Соња – Киро Глигоров.

    2. Кога ја гледам лидерката на студентскиот протест Мирјана Китановска, како на работ на плач и во очај повикува да ја заштитат, немоќно заканувајќи се дека ако треба и ќе се тепа за шаторот, ми изгледа дека на девојката од очи и се чита прашањето: “Кој ме турна во оваа работа”? Враќање нема, гордоста сепак е, голема,а тие што ги наместија со моралната поддршка, не сакаат да ја преземат одговорноста до крај. Од друга страна, и власта како да сака докрај да ги понижи штрајкувачите. Наместо да им даде макар и минимален повод да се повлечат, таа им пакува еколошки соопштенија за заштита на тревата и им дели лекции дека центарот на градот не бил предвиден за кампирање.
    Поводот за повторниот протест е промашен уште на самиот почеток, доволно компромитиран со неколку пароли со кои беа манипулирани и средношколците, речиси неприфатен од широкото студентско тело и, како таков, неинтересен за покривање на странските медиуми. По очајниот повик на Китановска за заштита од полицијата, протестот се претвори во гола партиска манифестација. Бившиот министер за правда Ѓорѓи Наумов на кого не верувам дека не му е јасно како одат работите со поништување, или укинување закон, наместо да им го објасни тоа на студентите, само ги с’ска да продолжат со штрајкот со глад. После, со чиста совест ќе отиде дома на ручек. Па и да падне некоја жртва, што е тоа во однос на високите идеали на неговата партија.
    Мора ли оваа непријатна епизода да заврши со класичен крај на победници и поразени? Не може ли макар и да се “одглуми” некаков компромис, ако  за ништо друго, барем да се покаже дека не дошла дотаму работата, па последното оружје е штрајк со глад. Претседателот Глигоров има навика да посетува млади.
    Лани беше во летниот камп на СДСМ. Пролетниот камп на ВМРО-ДПМНЕ е на само десетина метри од него.

    3. Пред некој ден полицијата ни прикажа нови епизоди на серијата “К-15”. За да ни покаже кој се солидаризирал со штрајкувачите со глад, пред камерите истопори тројца кои им ја попречувале акцијата “Тревата те моли, не гази ме, боли”. На едниот дури му дадоа и апаратче за дување, да му го измерат алкохолот во крвта, по што може да се заклучи дека по судирот крај шаторот, многу работи ќе бидат поинакви. Досега не смееше пијан да се вози. Отсега на пијаните ќе им биде забрането и да се движат. Има опасност така пијани да ја газат тревата. И да вршат нужда, иако нема санитарни услови.
    Ме радува само тоа што полицијата воведува транспарентност во работата. Досега, и за најмала  работа моравме да бараме одобренија за снимање од министерот. Понекогаш таквата процедура знаеше да потрае и неколку дена. А сега!? Полицајците ги викаат камерманите на телевизиите да повелат во полициска станица и да снимаат сослушување на пијаници.

    4. Делегација на Министерството за земјоделство две недели престојува во Нов Зеланд за да црпи искуства. Се очекува министерот Паракеов по враќањето да има излагање пред Владата на тема: Примена на новозеландските земјоделски искуства во Македонија.
    Има сличности меѓу Нов Зеланд и Македонија. И таму многу се грижат за тревата, исто како и кај нас. За да имаат овците каде да пасат.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари