МАПЕТ ШОУ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:31:"ГоуапсијаиЦиле

    1. Владата на Република Македонија веќе подолго време работи без секретар. Откако поранешниот секретар, госпоѓата Ленче Софрониевска стана претсеател на Апелациониот суд во Скопје, Владата никако да пронајде време да си избере нов секретар. Сега, со почнувањето на операцијата “Октопод”, ова прашање повторно е актуелизирано.
    Се бара човек, искусен правник, кој ќе даде се од себе во новите услови во кои се најде Владата на Македонија. Што би се рекло – вистински човек, на вистинско место, во вистинско време. Како што стојат работите, изгледа дека премиерот Црвенковски нема кој знае каков избор. Чудно, зошто ли на оваа тема деновиве сепојави еден виц според кој за секретар на Владата ќе дојде Стефан Павлески? Инаку, господинот е познат по тоа што е државен јавен обвинител.

    2. Премиерот не се шегува. Ете, полицијата вчера го уапси и Циле! Под тој прекар граѓаните го знаат градоначалникот на Битола, Силјан Мицевски.

    3. Бранко Црвенковски ја доби потребната поддршка, не само од неговите во Собранието, туку и од најлутите политички противници надвор од Собранието. Љубчо Георгиевски,  со откажувањето на протестниот митинг и со дадената поддршка до премиерот привлече симпатии и кај противничката страна, истовремено оставајќи ја отворената карта: “Вие не знаете колку луѓе можам да извадам на улица”. Надвор од играта останаа Стојан Андов и Петар Гошев. Либералите, наместо да ја искористат седницата за собирање поени со критикување на Владата, си играа принципи и си заминаа. Гошев, пак, и онака си има проблеми со отцепените крила од неговата партија едните што се против обединувањето со либералите, а другите што ја обновуваат Лигата за демократија, за да може да се занимава со општодржавните проблеми на премиерот.
    Не случајно, Андов и Гошев деновиве меѓу новинарите ги споредуваат со ликовите на  двајцата старци од куклената серија “Мапет шоу”, кои гледаат од балконот, критикуваат и негодуваат. Во серијата се појавуваат многу личности – и добри и лоши, и симпатични и грди, и весели и тажни, и среќни и несреќни… На политичката сцена на Македонија, сигурно, може да се најде место и за Жабецот Кермит и за прасицата Гица и за музикалното куче, добродушното мече, грдиот Гонзо… Сите тие играат во претставата. Дел од сценариото е посветено и на публиката. И таа, повремено пее, некогаш се чуди, некогаш плаче, секогаш аплаудира. Само двајцата старци постојано се горе, безбедни на својот балкон, далеку од сцената, далеку од публиката, постојано незадоволни, полни со критика и потсмев и нив таму долу никој не ги регистрира, освен ако повремено не ги фати камерата.

    4. Не би требало ликовите на нашите политичари да ги ставаме во контекст на сатирични емисии. Зашто, по правило, тие емисии се нарачани. Така тврдеше вчера министерот за здравство Илија Филипче, кој, и покрај сета одбивност што ја чувствува, направи чест и се сретна со новинарите. Овој негов гест се толкува како промена во неговата свест за новинарството. На почетокот од својот мандат се жалеше на новинари – платеници. Вчера зборуваше за чесни, ама изманипулирани новинари. Квалитативно,тоа значи уште едно понижување на новинарите. Ако се платеници, тие барем знаат да го наплатат тоа што го пишуваат. Вака, изгледа дека министерот има работа со глупаци. Ем не ги плаќаат, ем ги манипулираат.
    Колку ли би било убаво за чесните министри кои не манипулираат, новинарите воопшто да не постојат. Зашто новинарите се виновни за се. Тие градат пирамиди,тие измислуваат фамилијарни врски по клиниките,тие пронаоѓаат лекарства со изминат рок на траење, тие се грижат зошто Заводот за трансфузиологија не може да издава нетестирана крв. Без врска.Се дигна паника затоа што во Македонија немало тестови за контролирање сида во подарената крв. Што ќе ни се сида тестови кога кај нас нема сида. А и да има, тоа го смислиле некои чесни изманипулирани новинари кои по сите афери во здравството уште и го прашуваат министерот дали мисли да си поднесе оставка. Кој ли им рекол да прашаат такво нешто? Мора некој да им кажал, инаку тие се глупави да  смислат такво прашање. Ама и за нив министерот Филипче има одговор.Тој вели дека кредибилитетот може да го добие само од граѓаните и друг кредибилитет не признава. Не е прв пат некој министер да го поистоветува со народот тој по чија сугестија се нашол на министерското место. Па мисли дека и во иднина ќе може непречено да грицка од кредибилитетот на тој што го поставил.

    5. Грците имаат голема среќа што конечно почнаа да се однесуваат пријателски кон нас.  Да не беше така, кој знае како ќе поминеше завчерашното нарушување на воздушниот простор над Гевгелија од страна на грчките авиони. Немаше смисла истовремено кога на гости ни беше лидерот на нивната лева коалиција Константопулос да правиме меѓународни инциденти. Инаку, веднаш е им  ги пуштевме “миражите” да ги пресретнат грчките авиони, а, не дај боже, можевме да ги гаѓаме со најсовремените ракети “земја-воздух”. Само и Грците се исплашија. Затоа не надлетувале само една минута и брзо-брзо си се вратиле дома. Да останеа уште две-три минути повеќе имаше опасност да се најдат над територијата на Југославија.
    Гостинот Константопулос на вчерашната прес-конференција се служеше со метеоролошки поими. Рече дека сега владее пријатна клима за развојот на односите меѓу двете земји. Пред извесно време и грчкиот премиер Симитис рече дека ќе го посети Скопје во време кое ќе биде погодно за тоа. Нека побрза сега дури е пролет. После ќе фатат горештини и не се патува.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари