МАРШАЛ ТИТО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:74:"Ма­ке­до­ни­јапомерканаАл­бан­ци­те

    1. Баш ме ин­те­ре­си­ра да­ли Ни­ко­ла Ка­рев би ус­пе­ал да ја одр­жи Кру­шев­ска­та Ре­пуб­ли­ка по­дол­го, ако мен­тор му би­ла не­ко­ја мла­да и уба­ва да­ма. Кол­ку што сме уче­ле во ис­то­ри­ја­та, не се се­ќа­вам де­ка око­лу Ка­рев се спо­ме­ну­ва­ле не­кои вој­вот­ки. За­тоа, пог­лед­на­то од ис­то­ри­ска дис­тан­ца, Ни­ко­ла Ка­рев на на­ше­то вре­ме, ре­ин­кар­ни­ран во ли­кот и де­ло­то на Бо­рис Трај­ков­ски е во мно­гу поп­ри­ви­ле­ги­ра­на по­зи­ци­ја, би­деј­ќи зад не­го стои Дос­та Ди­мов­ска. Та­ков, ка­ков што е, ко­га ќе го про­чи­та она што гос­по­ѓа­та Ди­мов­ска го из­ја­ви­ла за “Де­ло” де­ка “пред ВМРО-ДПМНЕ се ис­пра­ву­ва ед­на ис­то­ри­ска мож­ност втор­пат во ис­то­ри­ја­та од ре­до­ви­те на ВМРО Ма­ке­дон­ци­те да има­ат свој прет­се­да­тел”, во име на ис­то­рис­ка­та уло­га што му ја до­ве­ри­ла не­го­ва­та пар­ти­ја, пок­рај коз­ме­тич­ки­те трет­ма­ни, ќе поч­не да пуш­та и бра­да.
    Кол­ку е теш­ко да си член на пар­ти­ја со ис­то­ри­ско име. Пос­то­ја­но ќе ба­раш не­ко­ја ис­то­ри­ска лич­ност за да се спо­ре­ду­ваш со неа. Ка­ко не­о­дам­на ми­нис­те­рот за об­ра­зо­ва­ние Не­над Нов­ков­ски, кој се спо­ре­ду­ва­ше со Ни­ко­ла Ко­пер­ник, би­деј­ќи бил ист ка­ко не­го, нес­фа­тен од око­ли­на­та, па го за­па­ли­ле. Доб­ро, пос­ле из­ле­зе де­ка не го за­па­ли­ле Ко­пер­ник, ту­ку Џор­да­но Бру­но, ама тоа и не е го­ле­ма греш­ка, заш­то, на кра­јот на кра­иш­та­та, и двај­ца­та се стран­ци.
    Ар­но ама, ко­га ста­ну­ва збор за Ни­ко­ла Ка­рев не смее да има греш­ка. За не­го си­гур­но се знае де­ка бил прет­се­да­тел на Кру­шев­ска­та Ре­пуб­ли­ка. Е се­га, за Трај­ков­ски не е не­ко­ја го­ле­ма пред­ност тоа што Ка­рев из­др­жал 12 де­на, до­де­ка не стиг­на­ле Тур­ци­те и ос­та­на­ти­от ба­ши­бо­зук од Би­то­ла до пла­ни­на­та. Не е за фа­ле­ње и цре­шо­во­то топ­че што се рас­пад­на­ло по пр­во­то пу­ка­ње. Ама за­тоа, но­ви­от Ни­ко­ла Ка­рев ќе нé вне­се во НАТО, за­ед­но со­се Тур­ци­те и со­се ком­па­ти­бил­ни­те то­по­ви од бу­гар­ски­те тен­ко­ви. Не дај бо­же са­мо еп­тен да за­бе­га, па да си иг­ра­ме “Ре­пуб­ли­ка­та во пла­мен”. Ич не­ка не пуш­та бра­да. И ва­ка си е убав. За во ис­то­ри­ја.

    2. Ако ве­ќе тол­ку са­ка­ме да до­би­е­ме прет­се­да­тел ка­ко во ис­то­ри­ја­та, то­гаш и Ти­то Пет­ков­ски има шан­си. Осо­бе­но со оваа власт ко­ја се учи на ис­кус­тва­та на Сло­бо­дан Ми­ло­ше­виќ, па сре­де из­бор­на кам­па­ња ис­пра­ќа по­ка­ни до во­е­ни­те ре­зер­вис­ти за про­вер­ка на по­да­то­ци­те.
    Зош­то СДСМ нап­ра­ви тол­ка­ва вре­ва око­лу оваа по­ка­на? Не­ли прет­се­да­те­лот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, спо­ред Ус­та­вот е и Вр­хо­вен ко­ман­дант на во­о­ру­же­ни­те си­ли? Мо­же­би не­кој ср­бо­ко­му­нис­тич­ки ре­фе­рент во Ми­нис­терс­тво­то за од­бра­на, кој ус­пе­ал да ги пре­жи­вее про­ме­ни­те, на­мер­но го по­ка­нил Ти­то, би­деј­ќи ве­ру­ва во не­го­ва­та по­бе­да и са­ка да го под­гот­ви за Вр­хо­вен ко­ман­дант. Ка­ко Ти­то ќе ко­ман­ду­ва соАр­ми­ја­та, а не са­ка да оди во вој­ска?
    Са­мо, во це­ла­та при­каз­на не ми зву­чи мно­гу уба­во она “ма­јо­рот Ти­то”. Не оди, вр­хо­вен ко­ман­дант, а – ма­јор. Вр­хов­ни­от ко­ман­дант тре­ба да би­де мар­шал Ти­то.

    3. Со­се­ма е не­пот­реб­на ди­ле­ма­та да­ли не­кој ќе ја пее хим­на­та на Кру­шев­ска­та Ре­пуб­ли­ка или, пак, “Хеј Сло­ве­ни”. Зош­то џа­бе да се ка­ра­ме? Зош­то, ед­нос­тав­но, не го при­фа­ти­ме пред­ло­гот на кан­ди­да­тот на ДПА Му­а­рем Не­џи­пи? Низ це­ла Ма­ке­до­ни­ја ќе се пее хим­на­та на ОВК.
    Ако ве­ќе низ це­ла Ма­ке­до­ни­ја ќе се збо­ру­ва ал­бан­ски­от ја­зик и ќе се вее ал­бан­ско­то зна­ме, ка­ко што Не­џи­пи им ве­ту­ва на из­би­ра­чи­те, не ќе ни би­де теш­ко да ја на­у­чи­ме и хим­на­та на ОВК. Са­мо да сме си­те жи­ви и здра­ви, ка­ко што би ре­кол Ва­сил Ту­пур­ков­ски. И да ве­ру­ва­ме во Ма­ке­до­ни­ја, што би ре­кол Бо­рис Трај­ков­ски. Во Ма­ке­до­ни­ја што ќе би­де по мера на Ал­бан­ци­те.

    4. До­де­ка не се пос­тиг­не таа цел, тре­ба да се за­вр­шат уш­те не­кол­ку ра­бо­ти. На при­мер, ум­но е Вла­да­та да ги под­др­жи ре­во­лу­ци­о­нер­ни­те ак­тив­нос­ти на Уни­ја­та на не­за­вис­ни­те син­ди­ка­ти и на Ата­нас Леф­те­ров. Да им се вра­тат фаб­ри­ки­те на ра­бот­ни­ци­те. Ако тре­ба и со си­ла, ка­ко што се за­ка­ни прав­до­љу­би­ви­от Леф­те­ров. Ко­га дој­де вре­ме се­кој да мо­же да си мис­ли де­ка е ис­то­ри­ска лич­ност, то­гаш проб­лем ли е ако се­кој ра­бот­ник си мис­ли де­ка мо­же да би­де ди­рек­тор.
    За­ме­ни­кот ди­рек­тор за др­жав­на без­бед­ност Љу­бе Бош­ков­ски се ог­ра­ди од из­ја­ви­те на Леф­те­ров. Ште­та. Про­пуш­ти иде­ал­на шан­са и тој да вле­зе во ис­то­ри­ја­та. Ка­ко што трг­на во ос­во­ју­ва­ње­то на фаб­ри­ки­те, ќе го прог­ла­сеа за Ро­бин Худ. Де­мек, зе­ма од бо­га­ти­те, за да им да­де на си­ро­маш­ни­те.

    5. И Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски про­го­во­ри за ја­зи­кот. На ми­тин­гот во Штип, на­ши­ро­ко рас­ка­жу­ва­ше ка­ко не­кои опо­зи­ци­о­не­ри не го зна­е­ле ли­те­ра­тур­ни­от ма­ке­дон­ски ја­зик. А зад не­го на сце­на­та зас­та­на­ти ди­ја­лек­ти­ча­ри. На че­ло со Кљу­сев.
    Љуб­чо ги оз­бо­ру­ва­ше Бран­ко Цр­вен­ков­ски и Сто­јан Ан­дов. Бран­ко збо­ру­ва “на скоп­ски”. Ан­дов – “по ка­ва­да­реч­ки”. Сре­ќа што по Љуб­чо нас­та­пи Бо­рис Трај­ков­ски. Тој му го обе­ле об­ра­зот на пре­ми­е­рот по пра­ша­ње­то на ја­зи­кот. Од­лич­но го­во­ре по стру­мич­ки.

    6. “Не за­не­су­вај­те се де­ка мо­же­ме са­ми”, им по­ра­ча Љуб­чо на де­ле­га­ти­те на кон­гре­сот на ВМРО-ДПМНЕ во Стру­ми­ца, пос­лед­ни­от мај­ски ви­кенд го­ди­нава. “Тоа чув­ство го под­гре­ва­ат на­ши­те по­ли­тич­ки про­тив­ни­ци . Тоа е так­тич­ка иг­ра за да се ос­лаб­не на­ша­та по­зи­ци­ја и да се пре­диз­ви­ка вла­ди­на или по­ли­тич­ка кри­за, за да се из­дејс­тву­ва­ат пред­вре­ме­ни из­бо­ри”.
    Кол­ку за пот­се­ту­ва­ње пред из­бо­ри­те…

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари