НЕБЕСНА КОАЛИЦИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:67:"Некосетесе,бомбитесеподконтрола

    1. Како да се заборави годината што ја испративме пред десетина дена? Како да ни се сврти вниманието на други работи за да не мислиме на ТАТ, на аферата со јавните набавки во здравството, на коњите, сликите и на преплатените пасоши во МВР, на мистериозните убиства, пукањето по улици, сомнителниот увоз на воена опрема од САД, разузнавачко-контраразузнавачките препукувања меѓу војската и полицијата.
    Ова е најдобриот рецепт за заборав на 1997 година. Четири пати дневно “Касандра”, пет пати во текот на ноќта Весна Змијанац и потоа, никако на гладен стомак, туку по добро прејадување и препијување, две бомби со контролирана моќ од непознато потекло како ударна терапија за издржување на изборната 1998 година.
    На Шаклев ќе му стане здодевно и ќе мора да се врати во земјата.

    2. Тоа што годината ни започна експлозивно, во никој случај не смее да биде причина за дополнително преиспитување на славното историско минато. Ако досега Прилеп го водеше приматот пред Куманово дека со нападот на “участокот” на 11 октомври 1941 година таму пукнала првата пушка, сега сведоците потврдија дека на 4 јануари 1998 година првата бомба пукна пред “участокот” во Куманово.
    Полицијата го утврдила видот на експлозивот и начинот на активирањето. Којзнае, можеби ќе открие и кој им ги пукна бомбите во дворовите. Тоа веќе не би личело на нашата полиција, затоа што таа само континуирано презема интензивни мерки и активности, а не мора и да ги открива терористите. Голема работа ако никогаш не дознаеме кој го поставил експлозивот во Прилеп и во Куманово. А кој ја поставил бомбата кај Гостиварскиот суд? Кој го уби чичко Стоилко? Кој направи атентат врз претседателот Киро Глигоров? Кој го ликвидираше семејството Мудинови? Кој го уби Ченто? Кој го предаде Гоце Делчев?
    Мора да се признае дека овие бомби се комплетно разочарување. Убаво “Пулс” ни ги нацрта сите шеми на илегално организирање на албанските сепаратисти со паравоените формации. Убаво таканаречената “ослободителна војска на Косово” си ја презеде одговорноста за експлозиите, не само во Прилеп и Куманово туку и во Гостивар. Кога – МВР не верува во тоа. Штом така велат во полицијата, тогаш не треба да се косиме. Бомбите се под контрола.

    3. Се погодив случајно на Скопскиот аеродром, чекајќи некои пријатели што се враќаа од прославата на новогодишните празници во турскиот медитерански центар Анталија. Иако беше глува доба на ноќта, некаде околу 2 часот и три есет минути по полноќ, иако беше студено, имав пријатна глетка. На паркингот, десетина “аудиа” и “мерцедеси”, со скопски и битолски регистарски таблички. Кога, опа, опа, од авионот излегува Љубчо Георгиевски со сопругата. Оп, оп, еве ти ја и Доста. Па Флоровски. Тамам си реков војводите се враќаат од поход против османлиите, кога опа, опа, легендата на СДСМ Силјан Мицевски, со поубавата половина. Па министерот за урбанизам Томе Тромбев. После веќе се измешаа, па малку личеше како да си во парламент. Игњат Богдановски од СДСМ, до него партискиот колега од Битола Благоја Стефановски, ВМРО-вскиот градоначалник на Чаир Аце Миленковски, сопартиецот, скопскиот главен архитект Душко Кадиевски.. .
    Добро, во оваа нова коалиција, направена на високо ниво – на 10 илјади метри имаше и заскитани како, на пример, пратеникот на ЛДП Љупчо Мешков и Александар Тортевски од Лигата за демократија. Како и во политиката, изгледа дека и за време на летањето тие ја имале истата задача – да одржуваат баланс на авионот.
    Би сакал да ја замислам оваа интересна дружина како се забавувала во Анталија. Можеби војвотката Доста играла чочек на турска музика. Војводата Љубчо ја барал табакерата. Битолскиот валија Силјан таму бил строго наменски. Решил на Битола да ѝ го врати конзулскиот сјај. А таа него го имала само во турско.
    Оваа нова небесна коалиција може да нé радува. Значи, ВМРО-ДПМНЕ не е веќе сиромашна партија штом нејзините лидери отишле подалеку од Сандански во Бугарија, а СДСМ повеќе нема да се грижи за социјалата, затоа што Законот за вработување веќе почна да ги дава првите резултати. Среќа што пилотот на “Авиоимпекс” беше професионалец, па успеа да излезе на крај со оваа коалиција и успешно да ја спушти на земја. Да ни се сите заедно тука на земјата, како што биле таму некаде во облаците и уште како што изразуваат желба да нé возат, ќе се прашуваме вџашени дали има пилот во авионот.

    4. А сега еден виц што си го раскажуваат членовите на СДСМ.
    – Што значи кратенката СДСМ?
    – На почетокот на минатата година значеше ” Сега држ’ те го Силјан Мицевски.” На почетокот на оваа година значи: “Сега држ’те се од Силјан Мицевски.”

    5. Претседателот Глигоров сака да ја држи контролата во свои раце, и оваа година, како и минатата, си ја пречека во Домот на Армијата во Скопје. Се веселеше во улога на врховен командант, заедно со министерот за одбрана Лазар Китановски и со началникот на Генералштабот Трајче Крстевски.
    Претседателот на Собранието Тито Петковски и премиерот Бранко Црвенковски не му правеа друштво на шефот на државата. Не сакаат да му се мешаат во неговите уставни надлежности.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари