ОХРИД КУМРОВЕЦ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:112:"Противполитичколудилонепомагаатнивакцининиветеринари

    1. Европа се бори со луди крави. Ние се бориме со лигави крави. Постепено вирусот на шапот и лигавката мутира. Добива европски карактеристики. Така мутиран ги зафаќа и луѓето. Македонските шап и лигавка, комбинирани со европ­ското лудило кај кравите, на овие терени се претвора во лудило. За жал, вете­ринарите сé уште немаат вакцина против оваа болест.
    Првото жариште е регистрирано во скопското село Арачиново.
    Тамошните селани не даваат да им се убиваат кравите, зашто не им веруваат на нашите ветеринари. Арачиновските крави треба да ги прегледаат експерти од Европската унија. Затоа што се крави чии сопственици се Албанци. Општо познато е дека во Македонија се спроведува апархејд од страна на македонското мнозинство, така што многу логично е македонските ветеринари, потпомогнати од македонската полиција, да ги уништуваат албанските крави како израз на нивната етноцидна, геноцидна и анималоцидна политика кон сé што е албанско во државата.
    Во наредните денови се очекува ширење на жариштето на болеста. Сопстве­ниците на македонските крави можат да ги обвинат Албанците дека намерно го внеле заболениот добиток од соседна Албанија, за да направат политичка диверзија и да се создаде криза во државата. Се работи за класична непријателска акција насочена против интегритетот на македонското говедарство, со проѕирни сепаратистички тенденции кои ќе ги одвојат албанските од македонски крави.
    Сиромашките крави. Ќе ги испотепаат и едните и другите и пак нема да им стане јасно дека политиката не е за говеда.

    2. Туристичката сезона е во полн ек. Дури и претседателот на државата Киро Глигоров почна да ги посетува камповите на брегот на Охридското Езеро. Пред некој ден го посети кампот на Социјалдемократската младина на Македонија. Се очекува во наредните недели од летниот распуст да ги посети и камповите на младите либерали, на подмладокот на Демократската партија, на младите ВМРО-вчиња, скаутите на ПДПА-НДП.
    Во летната школа на идни лидери на СДСМ претседателот Глигоров на надежните подмлаткари-социјалдемократи им посака успешна работа, затоа што токму “тие треба да ги наследат сегашните активисти на СДСМ и да ја понесат на свои плеќи одговорноста и можноста да влијаат и да ја определуваат иднината на нашата земја”. Тоа значи дека во оваа земја иднината лежи само во активистите на СДСМ. Ако си од друга партија или, не дај боже, не си партиски определен, на тебе не може да се смета. Можеш иднината да си ја гледаш во некоја друга земја.
    Во иднина правете што ќе правите, ама гледајте да си фатите женска, или дечко, од редовите на младите социјалдемократи. Само така ќе бидете сигурни дека иднината ви е загарантирана. Освен тоа, можете да станете “мистер” или “мис” на Македонија.
    Добро е што партијата на власта се врати на организирање вакви школи за своите млади надежи. Се работи за проверен и сигурен метод за изградба на кадри. Како оној во Титовата школа во Кумровец. Сега во Охрид на младите политичари ќе им доаѓаат министрите да им одржат предавања. Јорго Шундовски, како министер за урбанизам и заштита на животната средина, претпоставувам ќе им организира работна акција во расчистување на дворот. Благој Ханџиски ќе им воведе подигање на знамето пред строј за утринска и вечерна, со звуците на Интернационалата. Софија Тодорова, како министер за образование и физичка култура, ќе го држи курсот за пливачи-почетници. Таа е најдобар кадар за тоа. Досега успешно плива во три состави на Владата.

    3. Во кампот нема да се појави министерот Љубомир Фрчковски. Прво, затоа што е многу фин за да се валка во песокот. И второ, не смее да го напушти каби­нетот во Скопје, за да не ја загуби битката со името.
    Фрчковски реши битката против референцата “БЈРМ” да ја води од дома. Затоа и не испрати делегација на министерскиот состанок во Софија. Старата тројка – Грција, Бугарија и Србија, се договори Македонија да ја нема – и Македонија ја немаше. Отсега па натаму, кога и да сакаат да нé изолираат, ќе нé повикаат да настапиме под името  “БЈРМ”.
    Сега Фрчковски излезе најголем борец за името. Сите други што се појаву­ваат на најразлични собири по светот каде што стои табличката “БЈРМ” се продадени души. Тоа што, ако не се појавиш некаде, немаш шанси да те слушнат што мислиш, не е важно, зашто тоа што имаш да го кажеш, ќе си го кажеш за домашна употреба. На пример, во Софија требаше да ги испровоцираме со ини­цијативата за компаративна студија за малцинствата на Балканот. Место тоа ние си останавме горди во Скопје, а иницијативата ќе ја вратиме пред домашната јавност во безлични соопштенија кога ќе ни доаѓаат емисари од типот на  Елизабет Рен и Макс ван дер Штул.

    4. Уставниот суд ја закажа расправата за заклучокот на Собранието со кој е одбиена иницијативата за распишување референдум за предвремени избори за крајот на септември. Одлично. Таман ќе почне расправата, ќе поминат локалните избори. После тоа уставните судии ќе знаат на што се.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари