ПАРТИЗАНИ И ДИВЕРЗАНТИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:100:"Одтол­куве­ту­ва­ња,одНАТОдо­бив­меса­мо-топ­ки

    1. До се­га мис­лев де­ка пра­те­ни­ци­те на Де­мок­рат­ска­та ал­тер­на­ти­ва ѝ тре­ба­ат на ВМРО-ДПМНЕ са­мо за по­пол­ну­ва­ње кво­рум во Соб­ра­ни­е­то. По зав­че­раш­но­то гла­са­ње за сме­на на чле­но­ви­те на Др­жав­на­та из­бор­на ко­ми­си­ја, се ви­де де­ка не ѝ тре­ба­ат ни за кво­рум. Не ѝ тре­ба­ат за ниш­то. ВМРО-вците мо­жат да си из­гла­са­ат сé што са­ка­ат и без нив. Не ва­жи пре­по­ра­ка­та на ми­нис­те­рот за прав­да Вла­до Кам­бов­ски де­ка пос­та­пу­ва­ат не­за­кон­ски. Тој е од дру­га пар­ти­ја.
    А кој е, пак, тој Кам­бов­ски да им ка­жу­ва што би­ло за­кон­ско, а што не? Ба­та­ли за­кон, ова е ре­во­лу­ци­ја што те­че. Ако не ти се до­па­ѓа Ин­ги­ли­зо­ва, има да ја не­ма. Би­деј­ќи на­ро­дот не знае што е доб­ро за не­го, тие ќе му ка­жат. Ка­ко што пра­веа ко­му­нис­ти­те.
    Ту­ку, бе­ља ра­бо­та, од ­ка­де се­га во ре­до­ви­те на ре­во­лу­ци­о­нер­на­та власт кон­тра­ре­во­лу­ци­о­не­ри. Не­ли не бе­ше та­ка до­го­во­ре­но? Што им ста­на одед­наш на ал­тер­на­тив­ци­те, па им се на­лу­ти­ја на со­бор­ци­те од ко­а­ли­ци­ја­та. Да не се на­лу­ти­ја неш­то по­ра­ди Ци­ле. Па уба­во им бе­ше ре­че­но де­ка од­нап­ред ниш­то не би­ло до­го­во­ре­но. А тие, си­ро­маш­ки­те, ско­ро це­ла го­ди­на се на­де­ваа де­ка има­ло не­ка­ков до­го­вор. Мо­же­би Ци­ле на­вис­ти­на зна­ел де­ка не­ма­ло до­го­вор, ама рет­ко ко­га бе­ше ту­ка за да им ка­же на со­пар­тиј­ци­те џа­бе да не се на­де­ва­ат.
    И се­га раз­о­ча­ра­ни­те ал­тер­на­тив­ци поч­наа да го ко­чат ре­во­лу­ци­о­нер­ни­от про­цес. Фло­ров­ски ги об­ви­ну­ва де­ка пра­ват ди­вер­зи­ја. Со ди­вер­зан­ти­те мо­ра да се рас­чис­ти. По ку­са пос­тап­ка. За­тоа, по па­у­за­та, гла­са­ње­то по­ми­на ка­ко што за­мис­ли­ја пар­ти­за­ни­те. Тие не пра­ват ком­про­мис со ди­вер­зан­ти. Ка­ко ко­а­ли­ци­о­ни пар­тне­ри тие не се ни усог­ла­су­ва­ат. ДА им е пот­реб­на да ја стави кар­тич­ка­та за гла­са­ње во ма­ши­на­та. Ако тие не са­ка­ат да го сто­рат тоа, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги ста­ви кар­тич­ки­те сама.
    Би­деј­ќи е ре­во­лу­ци­о­нер­но вре­ме, зош­то во­оп­што е пот­реб­но по­чи­ту­ва­ње на за­ко­ни­те. Не­ка се уки­нат си­те за­ко­ни од прет­ход­ни­от не­на­ро­ден ре­жим, па ед­наш на­вис­ти­на да за­жи­ве­е­ме во пар­ти­зан­ско вре­ме. Ќе се жи­вее по но­ви за­ко­ни – са­ми ќе си ги до­не­су­ва­ат, са­ми ќе си ги спро­ве­ду­ва­ат.
    Има­ме пар­ти­за­ни. Има­ме и ди­вер­зан­ти. А бо­га­ми и Ти­то е ту­ка.
    Еј, што ти би­ло суд­би­на. Све­тот оти­де во 21 век, а ние уш­те жи­ве­е­ме во 1945 го­ди­на.

    2. Ка­ко по вој­на­та. То­гаш ко­му­нис­ти­те на­сил­но го од­во­ју­ваа на­ро­дот од ре­ли­ги­ја­та. Се­га, на­сил­но го спо­ју­ва­ат. Ќе ти пе­ат или по­по­ви или оџи. Не­ма са­каш, не са­каш. Ќе се крс­тиш и ќе се пок­ло­ну­ваш. Да се чу­ди Гос­под.
    Ста­ри­те ве­лат: Ова го не­ма­ло, ни во тур­ско, ни во ка­ур­ско. Ама го има кај ми­нис­те­рот Нов­ков­ски. Не е важ­но што Ус­та­вот ја од­во­ју­ва ре­ли­ги­ја­та од др­жа­ва­та, не е важ­но што ни Вла­да­та не до­не­ла од­лу­ка учи­лиш­та­та да се прет­во­рат во црк­ви и џа­мии. Важ­но е што мис­ли ми­нис­те­рот Не­над Нов­ков­ски. Тој од­лу­чу­ва сам. Ка­ко Гос­под. Си­ла Бо­га не мо­ли.
    Уки­ну­ва ек­спе­ри­мен­тал­на нас­та­ва за 21 век, а ни ги вра­ќа по­по­ви­те и оџи­те ка­ко да сме во сре­ден век. Бог да чу­ва и да бра­ни!
    Се­га сме, се­пак, по­нап­ред­на­ти. Има­ме те­ле­ви­зи­ја со дет­ска прог­ра­ма. И ди­рек­тен те­ле­ви­зи­ски пре­нос на учи­лиш­ни­те вер­ски служ­би. Бе­ше мно­гу ин­те­рес­но и уба­во за гле­да­ње. Во­ди­тел­ки­те беа по­цр­не­ти и дис­крет­но раз­го­ле­ни со го­ли грп­чи­ња пок­рај по­по­ви­те и оџи­те. Не­ма дис­ку­си­ја. Што е уба­во, и на Гос­под му е ми­ло.

    3. И на­ши­те сто­панс­тве­ни­ци се ка­ко во 1945 го­ди­на. На че­ло со Ду­шан Пет­ре­ски, раз­би­ра се. И ним им тре­ба Ти­то да ги во­ди по тес­но пат­че пла­нин­ско…
    Ка­ко што Ки­ро ги во­де­ше ис­ти­те лу­ѓе во Ру­си­ја, Ки­на и во Ма­ле­зи­ја, а Љуб­чо и Ци­ле во Тај­ван, та­ка и Бо­рис ги од­ве­де на Ко­со­во да им ба­ра па­за­ри.
    Так­ви ни се сто­панс­тве­ни­ци­те. Пос­то­ја­но не­кој мо­ра да ги во­ди со се­бе и пос­то­ја­но пла­чат де­ка не­ма­ат ус­ло­ви за ра­бо­та.
    А не де­ка Ко­со­во досе­га не бе­ше от­во­ре­но за ра­бо­та. Знам мно­гу лу­ѓе кои вед­наш ја ис­ко­рис­ти­ја си­ту­а­ци­ја­та и нап­ра­ви­ја па­ри од Ко­со­во, ама не­ма­ат вре­ме за ек­скур­зии. Ако го че­каа Ду­шан Пет­ре­ски да им го от­во­ри па­за­рот, уш­те одам­на ќе про­пад­неа.

    4. По по­вод по­ле­ми­ка­та што по смрт­та на ми­нис­те­рот Стој­ко­ски и на не­го­ви­те соп­ру­га и ќер­ка се раз­ви око­лу КФОР и НАТО, се пра­шу­вам да­ли ако ма­ке­дон­ски др­жав­ја­нин нап­ра­ви со­об­ра­ќај­ка во Нор­веш­ка, во­зеј­ќи по ав­то­пат во пог­ре­шен пра­вец, и еве – не мо­ра да оте­па ми­нис­тер, ту­ку обич­ни гра­ѓа­ни, ќе му би­де су­де­но во Скоп­је и ќе ле­жи зат­вор во Стру­га?

    5. КФОР се гри­жи за ма­ке­дон­ски­от ту­ри­зам. Во езе­ра­та не ис­фр­ла ни­как­ви кон­теј­не­ри со от­пад, ту­ку не­как­ви ог­не­ни топ­ки. Со оваа по­ја­ва, ма­ке­дон­ски­те езе­ра ќе би­дат по­ат­рак­тив­ни за ту­рис­ти­те. Во Шкот­ска одат да го ви­дат чу­до­виш­те­то од Лох Нес, а кај нас на Прес­па ќе одат да се во­о­ду­ше­ву­ва­ат на глет­ка­та на ог­не­ни­те топ­ки.
    Гле­да­те ка­ко НАТО си го одр­жа ве­ту­ва­ње­то. Ни ве­ту­ваше па­ри, влез во НАТО, по­ли­тич­ка под­дрш­ка, што ти не… Од си­те ве­ту­ва­ња, до­бив­ме – топ­ки.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари