ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:178:"Кол­купат­ри­от­скизву­чи"Ју­гос­ла­ви­ја,Ју­гос­ла­ви­ја!"наплош­та­дот"Ма­ке­до­ни­ја"

    1. Ние сме бес­крај­но среќ­ни што во овие дра­ма­тич­ни мо­мен­ти си го има­ме Ки­ро Гли­го­ров за прет­се­да­тел на др­жа­ва­та. Ве­ќе ста­наа здо­дев­ни прес-кон­фе­рен­ци­и­те на пот­прет­се­да­тел­ка­та на Вла­да­та Рад­ми­ла Кип­ри­ја­но­ва, ко­ја ја сми­ру­ва­ше на­ци­ја­та. Си­ту­а­ци­ја­та, во ме­ѓувре­ме, ес­ка­ли­раше. За­тоа, се­га Ки­ро Гли­го­ров др­жи три­би­ни со но­ви­на­ри за да нé раз­ве­се­лу­ва.
    На Те­ле­ви­зи­ја А1  одам­на не се еми­ту­ва­ат но­ви епи­зо­ди од “К-15”. Ште­та. Ка­ко ина­ку ќе доз­на­ев­ме за до­жи­ву­ва­ња­та на Ки­ро и Сло­бо? На при­мер, она ко­га ма­ке­дон­ски­от шеф на др­жа­ва­та го ба­рал по те­ле­фон Сло­бо­дан Ми­ло­ше­виќ и ко­га не го на­шол, ос­та­вил по­ра­ка да му се ја­ви. Гли­го­ров го че­кал по­ви­кот на Ми­ло­ше­виќ до 10 ча­сот на­ве­чер, ама Сло­бо не му се ја­вил. На пра­ша­ње­то зош­то са­кал да се слуш­не со Ми­ло­ше­виќ, Гли­го­ров од­го­во­ри де­ка са­кал са­мо да се по­ше­гу­ва. Ха, ха, ха… Сло­бо не се ја­вил и не сфа­тил де­ка Ки­ро го за­фр­ка­ва.
    Ше­га­та нас­тра­на, ама прет­се­да­те­лот ни нај­а­ви де­ка е вре­ме за прог­ла­су­ва­ње во­е­на сос­тој­ба.  Ис­то ка­ко во Ју­гос­ла­ви­ја. А јас, пак, мис­лев де­ка сме не­ко­ја по­себ­на др­жа­ва. Или, пак, прет­се­да­те­лот мис­ли де­ка е вре­ме да се ак­ти­ви­ра вто­ри­от дел од ре­фе­рен­дум­ско­то пра­ша­ње, па то­гаш, на­вис­ти­на, ќе би­де­ме во во­е­на сос­тој­ба. Ка­ко што би ре­кол еу­фо­рич­но нас­ме­а­ни­от Гли­го­ров: “Дој­ди бе Сло­бо­да­не!”

    2. Ко­га чо­век мал­ку под­ла­бо­ко ќе раз­мис­ли, мо­же­би Гли­го­ров има пра­во што мис­ли де­ка вој­на­та на Ми­ло­ше­виќ со све­тот е и на­ша вој­на. Ко­га бие про­тив­воз­душ­на­та од­бра­на на вој­ска­та на Ју­гос­ла­ви­ја, ние мо­же­ме да би­де­ме гор­ди. Кој­знае, мо­же­би не­ко­ја од тие лан­сир­ни рам­пи или ра­ке­ти што ги га­ѓа­ат НАТО ави­о­ни­те се оние што ЈНА ни ги зе­де од Ма­ке­до­ни­ја, за­ед­но со­се пар­ке­ти­те, плоч­ки­те и ште­ке­ри­те во ка­сар­ни­те. Ос­вен тоа, мо­и­те ро­ди­те­ли со де­це­нии из­дво­ју­ва­ле од ме­сеч­ни­от ли­чен до­ход по не­кол­ку про­цен­ти за пот­ре­би­те на ЈНА. Па,  Ми­ло­ше­виќ се бо­ри со на­ше оруж­је. За­тоа и му да­ва­ме под­дрш­ка.
    Не ми е јас­но од ко­го ни се за­ка­ну­ва во­е­на опас­ност. Од НАТО? Од Ал­ба­ни­ја? Од Ср­би­ја? Или од овие што пред не­кол­ку ме­се­ци дој­доа на власт по греш­ка на на­ро­дот, па се­га прет­се­да­те­лот ќе ја поп­ра­ва греш­ка­та со по­мош на СДСМ. Глу­па­ви гла­са­чи, не зна­ат тие што е доб­ро за нив. Не­ка си го слу­ша­ат прет­се­да­те­лот. Др­жа­ва­та е во опас­ност. Не се ра­бо­ти за пред­во­е­на сос­тој­ба. Гли­го­ров е одам­на во вој­на. Со Вла­да­та на Ма­ке­до­ни­ја.
    Се­пак, мис­лам де­ка прет­се­да­те­лот е во пра­во што ба­ра да се фор­ми­ра вла­да на на­ци­о­на­лен спас. Ако таа вла­да тре­ба да нé спа­су­ва, то­гаш не­ка нé спа­си од не­го, да не ни прог­ла­си во­е­на сос­тој­ба.

    3. Ли­де­рот на СДСМ не са­ка­ше да нав­ле­гу­ва во не­кои прод­ла­бо­че­ни ана­ли­зи на нас­то­ју­ва­ња­та на прет­се­да­те­лот за прог­ла­су­ва­ње во­е­на сос­тој­ба. Бран­ко се прав­да­ше де­ка не­ма до­вол­но ин­фор­ма­ции, би­деј­ќи СДСМ не­мал свој прет­став­ник во Со­ве­тот за без­бед­ност. А “Број 001”?
    Зна­чи, ду­ри и СДСМ се от­ка­жа од Ки­ро.

    4. На ТВ три­би­на­та на Те­ле­ви­зи­ја А1 не се по­ја­ви ни­ту еден но­ви­нар од ме­ди­у­ми­те на ал­бан­ски ја­зик. Во­ди­тел­ка­та, на ед­на дру­га три­би­на, ден по­доц­на, об­јас­ни де­ка бил по­ка­нет еден но­ви­нар од ал­бан­ско ет­нич­ко по­тек­ло, ама не до­шол во прог­ра­ма­та.
    За жал, ка­би­не­тот на прет­се­да­те­лот имал са­мо еден но­ви­нар Ал­ба­нец на спи­со­кот за еми­си­ја­та, па не мо­же­ле да му нај­дат за­ме­на.

    5. Ка­ко што сме гор­ди на на­ше­то оруж­је со кое Ми­ло­ше­виќ му се спро­тив­ста­ву­ва на НАТО, уш­те по­ве­ќе тре­ба да се гор­де­е­ме со ма­ке­дон­ска­та ес­тра­да. Пе­ја­чи­те ни се мно­гу ори­ги­нал­ни. Ис­ти ка­ко во Бел­град. Ни­кој не­ма на­ме­ра да им го бом­бар­ди­ра Ка­ме­ни­от мост на Вар­дар, ама и тие си но­сат ме­ти ка­ко нив­ни­те срп­ски ко­ле­ги и пе­ат пред сли­ки­те на Ми­ло­ше­виќ. Тие што ги бидува пе­ат ду­ри и на срп­ски ја­зик. Тоа по­ве­ќе го па­ли на­ро­дот да скан­ди­ра “Ју­гос­ла­ви­ја, Ју­гос­ла­ви­ја!” сре­де плош­та­дот Ма­ке­до­ни­ја во Скоп­је. Единс­тве­на утка е што не­кои од при­сут­ни­те на ми­тин­гот но­сеа ју­гос­ло­вен­ски тро­бој­ки, ама со ѕвез­да­та пе­ток­ра­ка на СФРЈ.
    Ма­ке­дон­ски­те пеја­чи се мно­гу пот­ре­се­ни по­ра­ди бом­бар­ди­ра­ња­та на Ју­гос­ла­ви­ја. Тие си­гур­но би­ле пот­ре­се­ни и ко­га ге­не­ра­лот Мла­диќ две го­ди­ни ги рас­па­ме­ту­ва­ше са­ра­ев­ча­ни со гра­на­ти­ра­ње­то од окол­ни­те ридови. Кој­знае кол­ку би­ле нес­реќ­ни и ко­га се слу­чу­ваа ма­сак­ри­те во Ву­ко­вар и во Среб­ре­ни­ца. Си­гур­но та­гу­ва­ле и за Дуб­ров­ник. Ама, не­ка­ко то­гаш не им бе­ше до пе­е­ње. Не­ма­ло пот­ре­ба. То­гаш срп­ска­та вој­ска си ги ос­ло­бо­ду­ва­ше сво­и­те те­ри­то­рии.
    Уба­во што ма­ке­дон­ска­та ес­тра­да пее за Ср­би­ја. да тре­ба­ше да пе­ат за Ма­ке­до­ни­ја, си­гур­но ве­ќе ќе беа пре­ку гра­ни­ца.

    6. Прет­став­ни­ци­те на НАТО и на Ви­со­ки­от ко­ме­са­ри­јат за бе­гал­ци при ОН во Ма­ке­до­ни­ја си ги по­де­ли­ја за­да­чи­те. Спо­ред по­дел­ба­та на тру­дот, еден ден др­жи прес-кон­фе­рен­ци­ја НАТО, а дру­ги­от ден Ви­со­ки­от ко­ме­са­ри­јат за бе­гал­ци.
    Тоа е вис­тин­ска па­зар­на еко­но­ми­ја. Пр­во нас­та­пу­ва про­из­во­ди­те­лот, а по­тоа пот­ро­шу­ва­чот.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари