ПОД ТЕПИХ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:149:"ОтидовменазаддуридоАлександар,азатоаштобиловчераодбивамедасесеќаваме

    1 На чествувањата во знак на сеќавање на загинатите 18 македонски војници пред десет години на Карпалак и кај Љуботен не се појави ниту министерот за одбрана Фатмир Бесими, ниту друг министер од ДУИ, ниту, пак, пратеник од ДУИ.
    Од кабинетот на министерот Бесими рекоа дека тој имал други службени обврски. Не знам што може на министер за одбрана баш тој ден да му биде поголема службена обврска. Освен да одвои половина час и да се појави пред споменик на загинати војници на АРМ.
    Вицепремиерот Муса Џафери ги оправда министрите од неговата партија оти с уште не се подготвени да одат на Карпалак и во Љуботен. Рече дека “треба да помине уште време за заедничко чествување”.
    А за заедничко владеење најдоа време? И заеднички јазик најдоа.
    Па нели при составувањето на новата влада правеа политички договор со Груевски? Нели ги мереа знамињата, се договараа за јазикот? Нели, со тешко срце, го испочитуваа и автентичното толкување на пратениците за амнестија на воените злосторници.
    Кога се договарале за министерските места, зар не се договориле дека покрај права, тие си носат и обврски? Како тоа тие се подготвени да станат министри, ама не се подготвени да дојдат до еден споменик.
    Ова е уште еден доказ дека амнестијата за злосторствата на ОНА во 2001 година не е никакво помирување. Ова е само ставање на проблемот под тепих за да може да се истера уште еден заеднички мандат во привиден мир.

    2 Ај што за оддавање почит на загинати војници не се подготвени политичарите Албанци. Ама каде беа и Македонците? Освен дежурниот министер за здравство Никола Тодоров, кој мораше да се појави и на Карпалак, и во Прилеп, и на телевизија.
    Какви се тие политичари на кои им ја прават агендата така за да не бидат тука кога се одбележува десетгодишнина од најголемата воена загуба по Втората светска војна. Па ни претседателот Ѓорге Иванов, ни спикерот Трајко Вељановски, ни премиерот Никола Груевски не се појавија ни на Карпалак ни во Љуботен. Десетгодишнина е. Заокружена бројка.
    Ако тие не се појават, не значи дека ние сме заборавиле што се случи пред десет години. Отидовме назад до Александар Македонски, а тоа што било речиси вчера не го паметиме. Не е ова антика, па да толкуваме како било и што било. И тие што се сега во власта и опозицијата, на овој или оној начин, биле учесници, а некои и клучни фактори на трагичната 2011 година. Некој со пушка, некој со писмо. Ако тогаш биле доволно возрасни да ја прават историјата, сега белки можат да ја носат одговорноста за сегашноста. Оти споменикот на Александар нема да го покрие фактот дека и по десет години, секој август плочата на Карпалак се крши или се вади, а никој за тоа с уште не одговара. А албанскиот политички блок тоа ниту еднаш не го осуди.

    3 Од петтемина потписници на Рамковниот договор, само Бранко Црвенковски најавил дека ќе се појави на вечерашниот прием по повод прославата на десетгодишнината.
    Двајца имаат оправдание да не одат на прославата оти не се живи. Борис Трајовски загина, а лидерот на ПДП Имер Имери почина. Љубчо Георгиевски, кој тогаш беше премиер, не доаѓа оти доцна ја добил поканата и одмора во странство. А Арбен Џафери, кој беше лидер на ДПА, не го признава договорот што сам го потпиша. Не доаѓаат ни нивните наследници во партиите Никола Груевски и Мендух Тачи. Премиерот има друга работа, а Тачи не ни кажа зошто не доаѓа.
    На приемот ќе дојдат странците. Оти тие го спакуваа договорот. Така беше и во 2001 година. Додека странците ги викаа бандити, македонската власт не успеа да се справи со ОНА. Па дозволи тие да станат борци за човекови права, а странците н тераа да се помириме со нив.
    Сега сите го спроведуваат Договорот. А никој не сака да се сети на него. Само странците се сеќаваат. А нашите мислат дека ќе одат на одмор или ќе измислат друга важна државна задача, и со тоа завршила нивната историска одговорност.

    4 Градоначалникот на Охрид Александар Петрески бара Собранието да донесе посебен закон со кој Охрид ќе се издвои од другите општини во земјата, а според кој оданочувањето би се вршело на граничните премини и на аеродромите, или пред влегувањето на туристите во градот. “Секој што има стан во Охрид, а местото на живеење му е во друг град, треба да плаќа годишен паушал и со тоа би се решил еден проблем. Друг проблем се услугите за користење на јавните површини. Тоа може да се реши со поставување рампи на трите влеза во градот бидејќи Охрид е заштитен од УНЕСКО и треба да се плаќа соодветна влезница во тоа заштитено подрачје”, вели градоначалникот.
    Притоа не крие дека во туристичката метропола има вработено само двајца инспектори за туризам. А седумдесетте тезгиња на кои им дал дозвола за работа на Кејот и на уште седумдесет нелегални што продаваат и храна, треба да ги контролираат само двајца инспектори за храна. Од кои едниот бил на боледување, а другиот на одмор.
    И навистина треба да се донесе специјален закон. Со кој Охрид ќе се заштити. Од самите охриѓани и од локалната власт, на чело со градоначалникот. Па кога доаѓа лето, сите да одат на колективен одмор. И да му го остават градот на управување на тие што Охрид го сакаат повеќе од охриѓани.

    5 Трудовата инспекција рече дека отказот на претседателот на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис од “Алсат М” бил законски. Тоа го утврди за само еден ден откако инспекцијата излезе на терен.
    Во мај загинаа двајца градежни работници на објектите на “Скопје 2014”. Ја чекаме трудовата инспекција да излезе со резултатите.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира