ПРВА ПЕТОЛЕТКА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:172:"Светскиотпазарќегоосвоимесонашетонајефикаснотајнооружје-општественатасопственост

    1. Прв Матовски јава на чело на колоната, по тесно патче планинско… И на тешкиот пат што го заоде во ноември минатата година од Центарот “Сава” во Белград, застана да земе душа во Универзалната сала во Скопје, за да ги убеди членовите на скопскиот клуб на воени пензионери и разочарани комунисти дека формирањето на неговата партија СК – Движење за Југославија е почеток на нова фаза на развојот на социјализмот во светот.
    Во меѓувреме, додека познатиот скопски универзитетски професор Никола Матовски држи предавања дека е само прашање на денот кога и Америка и Англија ќе бидат земји пролетерски, неговиот постар колега, адмиралот Бранко Мамула, практично ни објасни дека стожерот на новата социјалистичка револуција ќе биде оската: Куба – Југославија – СССР – Кина. И ни ја предочи сличноста на начините на кои се урива комунизмот во СССР и Југославија. Рака на срце, не кажа дали на сличен начин како советските балтички републики ќе бидат казнети и нашите предавнички републики, ама бидејќи илјада грла само неколку минути потоа запенето извикува “Сите сме армија”, тоа и не му беше потребно. По френ­етичниот аплауз упатен на армијата не верувам дека во земјава има човек кој не го послуша првиот човек на најцрвената југословенска партија Драгиша Атанасовски, кога ги повика граѓаните да го вратат оружјето мирно, досто­ин­с­твено и на демократски начин!

    2. По мирното, достоинствено и демократско разоружување, СК од Движење на Југославија ќе прерасне во Движење на Светот. Во 21 век ќе ги освоиме светските пазари со нашето најмоќно оружје – општествената сопственост. Таа е најефикасна. Така вели економскиот стручњак Драгиша Атанасовски. Бидејќи сиромашната Европа сé уште не дошла до ова значајно откритие, туку се мачи со целосно отворен, а нерегулиран пазар и никако не може да се извлече од пазувите на раниот капитализам. СК-ДЈ е тука да ја спаси и да ја воведе во социјализмот. За почеток ќе мора да ги затвори сите приватни кафеани, бакалници и увозно-извозни фирми и строго да ги почитува одредбите од првиот петгодишен план.

    3. За да биде сé како во времето на првата петолетека се грижи и нај­демо­кратската македонска партија ВМРО. Првата дама на македонскиот парламент Ратка Димитрова изјавува дека “она што ги обединува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е чувството дека е исправно да се бориш за идеалите на својата партија” и дека тие се сосема слободни во одлучувањето. За разлика од нив, одборниците на ВМРО-ДПМНЕ на првата седница на Собранието на Скопје беа опкружени со десетина чувари, кои беа директно под контрола на војводата Љупчо и комитата-заштитник Борис Змејковски. За секој случај, да не му текне на некој одборник да заборави на идеалите за кои се бори.
    На Љупчо Георгиевски не му недостига ни познавање на речникот од историската 1948, па пред неколку дена во стилот на тогаш актуелната песна “Што је више клевета и лажи….”, на новинарите им порача: “Вие само напаѓајте нé! Со секој ваш напад, нашата партија излегува сé посилна и посилна!” Нели наскоро од Македонија ќе ги снема сите политички партии? Ќе остане само ВМРО, па отворен е патот за создавање на еднопартиски систем. А кога ќе постои само партијата на Љупчо, тој веќе ќе најде начин како да се разбере мирно, досто­инствено и демократски со идејно застранетите новинари што секојдневно го напаѓаат.

    4. Се плашам само дека она бастионче на комунизмот што тогаш го спо­менуваше, ќе биде токму во Скопје. Завчера во Универзалната сала комунистите порачуваа: “Нашето знаме и нашето Скопје пак ќе биде црвено, а ѕвездата петокрака ќе ја симнат од нашето знаме дури тогаш кога ќе успеат да ги симнат сите ѕвезди од небото”.
    Оваа изјава ќе биде добредојден предизвик за новиот градоначалник на Скопје, Талес од Милес, по грешка роден во Велес. Не му преостанува ништо друго, туку уште веднаш да се зафати со симнување ѕвезди од небото. Дека тоа нема да му биде тешко, докажа уште на првата седница на скопското собрание – новинарите го чекаа петнаесет минути да ја даде првата градоначалничка изјава, а тој отрча да ја прими честитката од својата сопруга, госпоѓата Роза. Се гледа дека човекот има искуство во симнување ѕвезди.

    5. Ексклузивното право за пренос на првото симнување ѕвезди од македон­ското небо го откупи Македонската телевизија. Ексклузивниот коментатор ќе биде кој друг, ако не Миленко Неделковски. Тој веќе ги изброи ѕвездите над Скопје оној пат кога го заврши својот извештај со: “Специјално за Македонската телевизија од Градскиот стадион во Скопје – Миленко Неделковски!”
    Се очекува деновиве Миленко да биде лансиран директно во вселената. Преносот ќе го врши од соѕвездието Кумова слама.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари