РАСТУР ВЛАДА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:38:"Бранкоќеплатизасé

    1. “Не ме оставајте сам!”, извикуваше едно време претседателот Киро Глигоров. По стапките на учителот, “Не ме оставајте сам!”, изгледа, наскоро ќе вика и ученикот. Како почнаа да си заминуваат министрите, Бранко Црвенковски ќе остане сам. Во овие свечени празнични моменти, Македонија ќе остане само со премиер. Влада ќе немаме, ама барем Христос ќе воскресне. Што да се прави, не може баш сé да ни биде погодено.

    2. Владата во растурање донесе закон божем за обесштетување на штедачите, ограбени во приватните штедилници. Во основата законот е таков од него да не бидат задоволни, ни штедачите, ни тие што никогаш не штеделе. Тој ќе служи за самозадоволување на Владата. Со него треба да се спречат масовните незадоволства на ограбените, а останатите, бидејќи ќе им земаат преку буџетот, нема ни да почувствуваат дека се ограбени.
    Тие ни велат дека на штедачите Владата ќе им дадела бескаматен кредит. Не е точно. Токму Владата е таа што користи бескаматен кредит од граѓаните. Парите што ќе ги земе од сите, без камата, ќе им ги подели во шест рати на штедачите од пропаднатите штедилници. Така доаѓаме во ситуација, тие што немале што да штедат, па затоа и не штеделе, сега да им платат на тие што имале, па штеделе. И едните и другите им плаќаат на тие што ем имале, ем краделе. Кој има, пак ќе има.
    Мора Владата да била дебело загазена во ТАТ, штом толку се потресе за да бара начин со специјален закон да ги враќа парите.Толку секирација не покажува кога станува збор за други онеправдани граѓани на оваа држава. Му текнало ли некому досега со бескаматен кредит да се исплаќаат штедачите кои имаат заробени девизи на книшките во регуларните банки? Или, сосема е нормално исплатата да се врши прво од пропаднатите штедилници, а потоа од здрави – живи банки!? Исто како што е нормално, Уставниот суд да донесе одлука да се вратат осумте ограбени пензии од пензионерите, а Владата да се прави удрена и да вели дека нема пари за тоа. Дали, ако се исплаши од социјално незадоволство, и за нив ќе смисли бескаматен кредит. Како што веројатно паметно смислиле, бидејќи веќе пет години смислуваат како да ги обесштетат граѓаните чиишто имоти треба да се денационализираат.
    Како што изгледа, Владата има многу за давање. Затоа и министрите се разбегаа. Си велат, дај да бегаме додека не нé натераат да плаќаме. На крај, Бранко ќе плати за сé.

    3. Евентуално,  можеби со него ќе остане и гувернерот на Народната банка на РМ Борко Станоевски. Затоа што е незаменлив и затоа што пред некој ден изрецитира еден куп работи што треба да се завршат околу ТАТ, така што малку ќе му биде уште еден мандат.
    Гувернерот велеше дека и со “синѓири” да го држат на ова место, тој ќе си замине. Арно ама, “синѓирите” се фатени со р’ѓосан катанец. А и клучот од катанецот е некаде зафрлен кај претседателот на државата. Никако да го најде, конечно да го ослободи Станоевски.
    Настрана што гувернерот не смее така да си замине. Тој вели дека Народната банка не е “пиљарница”. Тоа и ние го знаевме, ама мислевме дека државата ни е супермаркет.Влезеш со кошница, или количка, ќе си земеш што ти треба и ќе си заминеш. Арно ама, ние не сме биле ни супермаркет. Државата ни била – кванташки пазар. Се земало – на ангро. Нема тука колички, или кошнички. Туку, камиони и шлепери. Не се зборува за илјади, туку за – милиони. Не се пресметува во денари, туку во – марки. Во такви услови, “пиљарите” веќе не можат да работат одговорно. Затоа си даваат оставки. За да останат чесни.

    4. Зошто толку се потресовме на изјавата на новиот бугарски претседател Петар Стојанов за македонската историја како најромантичен дел од бугарската? Бугарин си останува Бугарин.

    5. Студентите Албанци на Педагошкиот факултет во Скопје воведоа нов образовен систем. Сами си држат предавања. После сами ќе си се испитуваат. Па сами ќе си пишуваат оценки во индексите. На крајот ќе си доделат и дипломи.
    Проблемот со Педагошкиот факултет е решен. Во ваков концепт за образование нема место за Министерството за образование. Така и министерката  Софија Тодорова ќе може со мирна совест да си поднесе оставка. Ќе биде во тренд.

    6. Веднаш по основачкиот конгрес на Либерално-демократската партија се почувствуваа благодетите на политичката пролет во Македонија. Дента кога се одржуваше конгресот, во Скопје врнеше. Мотото на новата партија е “За ведра иднина!”. Другиот ден веќе болсна сонце.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари