ШВЕРЦЕРСКА МАГЛА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:79:"АлбанцитебибиледобредојденивоЏорџтаун

    1. Дали, ако македонската полиција го фатеше шверцерот по име Џозеф Дио­гарди, кој е американски државјанин, ќе го протераше од државата и ќе му забранеше влез во Македонија неколку наредни години? Дали, ако Џозеф Диогарди беше измамник, кој дошол од странство  и измамил два-тројца граѓани, македонски државјани, полицијата ќе го прогласеше за персона нон грата? Затоа што секојдневно читаме по црните хроники за случаи на ситни шверцери и пазарџиски измамници, на кои државата им го скратува своето гостопримство.
    Џозеф Диогарди не е ситен шверцер и ситен измамник. Иако во Македонија е дојден да продава магла. Згора на тоа е и Американец, кој го има неприкосно­веното право да се заканува дека небаре судбината на Македонија зависи од неговите извештаи до Конгресот. Ќе им кажел на Американците да не воспоставу­ва­ат дипломатски односи и да не ни испраќаат економска помош. Којзнае, можеби токму поради Диогарди ќе мораат да измозгаат нова дипломатска измислица, па и ова што наместо амбасада во Скопје го нарекуваат – Канцеларија за врски, да го преименуваат со некое друго име. Штом Македонија не им дава на Албанците да си прават паралелен универзитет, тогаш не заслужила во САД да го има трет­ма­нот на еден Виетнам или Северна Кореја, на пример. Само тие и ние сме приви­легирани со измислицата “Канцеларија за врски”.
    Бидејќи Диогарди има право да ни се заканува, а на Албанците да им по­­ра­чу­ва “Не плашете се, Америка е со вас!”, нашата влада му порачува дека тој и натаму ќе биде добредојден, бидејќи ние сме демократска држава. Така треба со сите што даваат поддршка на незаконски и неуставни работи, па уште и поттикнуваат на меѓунационална пресметка. Сигурно и САД така би се однесувале, на пример во времето на студената војна, ако би им дошол некој запален комунист да држи говор пред многу народ и уште да им порачу­ва: “Не плашете се, Русија е со вас!”. Нема веројатно тие да излезат поне­де­мо­крат­ски од Македонија, па да го прогласат тој што повикува на нереди за персона нон грата. Туку ќе го пуштат нивниот Ѓунер Исмаил и ќе го овлас­тат да му упати отворено добредојде засекогаш, бидејќи тие се демократи.

    2. Албанците во Македонија ќе доживеат подобра судбина од црнците во Америка. Така барем се надева Џозеф Диогарди.
    Супер. Тоа значи дека Фадил Сулејмани навистина ќе биде македонски Мартин Лутер Кинг. Сулејмани зборува српски јазик на ниво на шверцер на цигари од Бит-пазар. Мартин Лутер Кинг го зборуваше официјалниот јазик на САД – англискиот. Ако се остварат надежите на Диогарди, Сулејмани, како подобар од црнците во Америка што го искривуваат англискиот, наско­ро одлично ќе зборува македонски.

    3. Завчера вечер присуствував на една грда сцена на римскиот аеродром Фјумичино. Пред самото полетување на авионот на “Палер Македонија” за Скопје, еден автобус во придружба на пет полициски возила и со фешта каква што можат да направат само Италијанците, донесе 36 патници, повеќето Албанци од Косово со ЈУ-пасоши, кои само пред еден час долетаа во Рим со истиот авион. Италија е нели демократска држава, ама бидејќи таму не знае како да постапува со нив, ни ги враќа во Македонија. Ќе ни требаат како кадар за универзитетот. Освен тоа им мисли добро на протераните, бидејќи нам ќе ни кажат како треба да се однесуваме со нив и ние ќе ги послушаме. Освен тоа и побогати сме од нив и имаме повеќе услови, и за демократија, и за универзитети, и за академии на науки, ако треба…

    4. На некои колеги кои пред извесно време беа на студиски престој во САД, токму за да видат како функционира во практика остварувањето на правата на разните етнички заедници, во Вашингтон им бил предочен примерот на населбата Џорџтаун. Во таа малку поексклузивна населба, уште откако постои метрото, граѓаните не даваат да се изгради метро-станица, за да ѝ биде отежнат пристапот на сиромаштијата до нив. Во Америка поим за сиромаштија се црнците и нивните квартови.
    Таму не им даваат да им се приближат, но затоа пак универзитетот “Џорџ Вашингтон” склучува договор за соработка со “тетовскиот универзитет”. Којзнае, можеби ако наместо 70 од сто Црнци во Вашингтон имаше 70 од сто Албанци, жителите на Џорџтаун ќе дозволеа во нивната населба да се изгради метро-станица. Можеби и ќе ѝ дадеа име “Диогарди”.

    5. Делегација на Стопанската комора на Македонија отиде во работна посета на Стопанската комора на Србија. Владата вели дека таа не може да им рече да не одат. Иако, колку што е познато, санкциите кон Србија и Црна Гора сé уште се во сила. Дваесет и осум стопанственици од Македонија разговарале со нивните колеги од Србија, зад затворена врата. Нормално, кога се договараат за шлепери што треба да ги кршат санкциите, тоа мора да биде тајно.
    За социјалистичките директори кои уште од самото формирање на Македони­ја како независна држава плачат по Србија, времето застанало. Ништо не е сменето. Дури и денес нивните телефони имаат излез само до Белград. Единствена­та промена што во независна Македонија мораа да ја направат, беше да се навикнат наместо “011” да вртат “38111”. Верувам дека дури и тоа тешко им падна.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари