СИМПАТИЧНО РАСИПАНИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:243:"ДајтеимнадежинатиештонемаатдопирсобуџетскипарииоткријтенидалиРадапрепишувалавосредноаГруевскисеопилнаматурска

    1 Што убави огласи одат по весниците и телевизиите. Наместо да се рекламираат брендови на успешни македонски фирми и наместо да има огласи за нови работни места во успешни приватни компании, ние гледаме кој бил поуспешен во организирање самити. Па имаме објави дека некој крадел додека бил на власт, па потоа потврда дека и другите имале право да крадат кога дошле на власт. Изборот е помеѓу тие што краделе пенкалца и тие што краделе на рентање коли. Имаме симпатично расипани и помалку симпатично расипани.
    Со вакви огласи тие очекуваат некој да гласа за нив. А верувам дека откако ги објавија бројките кој колку пари потрошил, ни сами за себе нема да гласаат.
    Прво ВМРО-ДПМНЕ објави бројки за афера “Надеж”, па нова афера за “Надеж 2”. СДСМ објави дека и ВМРО-ДПМНЕ си има своја “Надеж”.
    А имаме ли надеж ние што немаме допир со буџетски пари? И што не се надеваме дека некој ќе не вработи во државна служба?
    И едните и другите се обвинуваат кој колку пари потрошил. И едните и другите се фалат кој колкав самит направил. А никој не зборува за ефектите од Самитот. Оти тие се добро познати. Македонија е пред вратите на ЕУ и НАТО. И чека. И во времето на едните. И во времето на другите.
    Наместо огласи што ќе ни ја разбудат надежта, тие нам ни даваат огласи за убивање на надежта. Кога ми кажаа кој колку пенкалца и тефтери поделил, а кој колкави хонорари дал од моите пари, освен што ми ја убија надежда, ми ја убија и желбата да излезам да гласам.

    2 Ако имаат што да кажат, нека кажат. Ако не, ич нека не ни го губат времето. Ниту сме глупави, ниту пак имаме слаба меморија. Веќе немаат критериум што да прочитаат од старите папки.
    ВМРО-ДПМНЕ ни кажува дека Бранко не ја славел независноста во 1991 и не презел ништо за атентатот на Глигоров во 1995 година. Е добро де, затоа Бранко не е на власт. А СДСМ наместо да ги потсети ВМРО-вците дека тие се доволно на власт да направат нешто за атентатот, во 2011 година ни откриваат дека Милошоски купил 2 гарсониери уште во 2000 година.
    Да. Сите тоа го знаеме. Беше објавено на време. Само што може малку сме подзаборавиле во борбата за живот.
    Ако продолжат вака сега очекувам кампања во која не ни откријат дали Рада препишувала на писмени по математика во средно и дали Груевски пиел алкохол на полуматура. А откако Милошоски завчера јавно озборуваше на телевизија очекувам специјален тим од СДСМ да испита дали Антонио одел тајно да се тушира додека во раните деведесетти штрајкуваше со глад во шаторите пред Собрание против Тетовскиот универзитет.

    3 Забораваат дека ги избираме за тоа што ќе го направат, а не да не потсетат за тоа што не го направиле. Затоа го поздравувам настапот на министерот за транспорт и врски Миле Јанкиески кој прозборе за иднината. Го обиколи градилиштето на пешачката патека околу Велешкото Езеро и на прашањето колку тоа ќе чини одговори: “Кога ќе заврши изградбата ќе ја знаеме точната цена на патеката”.
    Тоа ти е исто како на Миле да му дојдат молери дома. И ако ги праша: “Колку ќе чини бојосувањето на станот?” тие да му одговорат: “Де бе Миле, ама си ситничар. Кога ќе бојосаме, ќе ти ја кажеме цената”.
    Миле барем си е чесен. И наивно искрен. Ако не знае колку чини, не знае. Нема да лаже. Од каде да знае до крајот на изградбата на патеката на кого се пари ќе му притребаат. И колку анекс договори ќе треба да се потпишат за “непредвидени трошоци”.
    Како што потпишуваат за зградите од “Скопје 2014”.

    4 Пред изборите се појавија женски хулахопки со апликации на лавчето на ВМРО-ДПМНЕ и розата на СДСМ.
    Наместо анкета по телефони сега може да се прави теренско истражување за рејтингот на партиите и да се прогнозираат резултатите од изборите. Истражувањето ќе се врши на репрезентативен примерок по етничка и возрасна група и по полова припадност.
    Ќе се земаат предвид повеќе варијабли за испитување. Така ќе се дознае кој има подебели, а кој послеби нозе. Врз основа на тоа кој повеќе купува бројче “3” и “4”, а кој “1” и “2”, ќе се знае чии избирачи имаат поголеми газови. Со посебна теренска опсервација ќе се мери и кој ги депилира, а кој си ги бричи нозете.
    Не знам зошто таа анкета не би била повалидна од овие нарачаните што ни ги објавуваат секој ден. Во кои во зависност од нарачателот, таков е и резултатот.

    5 Што жени ќе беа Ермира Мехмети, Флора Кадриу и Теута Арифи, па уште немаат одржано прес конференција? Да протестираат оти секој четврт чифт хулахопки треба да биде со орелче. Оти, ова не е само ништење на женските права за слободен избор на хулахопки. Ова е ништење на Рамковниот договор.
    .
    6 “Службен весник” одби да ги објави правилниците со кои се уредува медиумската сфера во изборната кампања. Наводно, некоја службеничка побарала од Советот за радиодифузија да ја известат дали е запазена законската процедура за носење правилници.
    Советот за радиодифузија е независно регулаторно тело. Исто како и регулаторната комисија за енергетика. И ако на некоја службеничка во “Службен весник” не и се допаѓа новата цена на дизелот нема ни да ја објави.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира