“СОСТАВИ ВЛАДА”

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:139:"ИмавмепринцодВелс,војводаодВладимировоипашаодОхрид.Каковобајките

    1. Народот сака да си игра. Најпопуларна е играта “Состави влада!” И – тоа треба да се искористи. Да им се овозможи на луѓето да се забавуваат, а наедно и да им се соберат парите.
    Се гледа дека во моментов во Македонија владее безвластие. Нема кому да му текне да ја искористи оваа ситуација на колективно составување влада. На пример, да организира една општонародна обложувалница. Да истакне листа на кандидати за министри и да почне да прима уплати. Кој сака да прави влада – молам, нека повели на шалтерче и нека плати. Па да видиме кој ќе се обложи на Радмила Кипријанова. Или, колкумина се подготвени да ризикуваат со Димитар Димитров. Така, Љубчо Георгиевски, уште неседнат на премиерската фотелја, ќе ги освои симпатиите на народот. Барем додека не го соопшти својот избор, народот ќе се забавува. Не е мала работа луѓето да ги израдуваш, дозволувајќи им сами да си бидат свои премиери. А уште поголема е да им наплатиш за тоа. Нема време за чекање. Планот за обнова и развој бара милијарда долари и од некаде мора да се почне.

    2. Овие имиња што се споменуваат како кандидати за идните министри, можеа да се очекуваат. Ама, вистинско изненадување е што во македонската влада сакаат да влезат и странци. Еве, на пример, Макс ван дер Штул. Господинот може да добие македонско државјанство – по толку посети на Македонија, белки направил доволно денови престој, ама мора ли веднаш да стане министер. Навистина, тој божем само праќа писмо, божем не знае дека нема кој да му одговори на писмото, ама којзнае… Сигурно сега му паднала на памет идејата за албанскиот колеџ, па да не ја заборави, веднаш ја ставил на хартија и ја испратил, не чекајќи ја новата влада.
    Како не? Приказни за мали деца. Ван дер Штул отворено се нуди за министер за образование.
    И треба да го примиме. И не само него. Колкумина уште има низ светот што заслужиле да ја водат оваа држава. Љубчо не треба да ги гледа само тесните партиски интереси и да се ограничува во рамките на Македонија. Нека биде малку светски.
    Слушам дека во новата влада ќе се отвораат нови министерства. Тогаш и Штул не мора да биде министер за образование. Зошто, на пример, покрај министерствата за иселеништво, за спорт и млади, не се отвори работно место и за Ван дер Штул. Нека му отвори Љубчо министерство за малцинства. На тој начин, ресорот за образование би можел да ѝ припадне на Елизабет Рен. Е дури тогаш би се докажало дека слоганот “Промени” не бил само празен збор. Досегашната министерка Софија ја испративме во Шведска како амбасадор, а Швеѓанката од Финска Елизабет ни доаѓа како министерка. Ете ти промена во вистинска смисла на зборот. Настрана што комбинацијата Ван дер Штул и Елизабет Рен е идеална.
    Друга сугестија до Љубчо е да не се врзува само со Доста, туку да фрла поглед и на страна. Доста си е наша, ама зошто наместо неа, не ја донесе Дорис Пак. Наместо европарламентарка, ние ќе ја направиме вицепремиерка. Ќе дојде на местото на Златка Поповска. Од формална гледна точка, Доста не може да му забележи на Љубчо ако ја трампи за Дорис. Нели таа се караше со Златка. Треба ли поголем доказ дека и Дорис била во опозиција?
    За министер за одбрана ќе го викнеме Клаус Кинкел. Треба некој да знае како да командува со источногерманските транспортери. Плус, треба да му се најдеме на човекот сега кога оној социјалдемократот Шредер го остави без работа. И тоа што е либерал не пречи. Гошев ќе биде задоволен дека барем еден негов влегол во владата.
    Министер за надворешни работи без дилеми ќе биде Медлин Олбрајт. Има само една мана. Не се облекува толку убаво како нејзината противкандидатка Кипријанова. А се обидува да ја имитира. Кипријанова вели: “Слушај, млади човече”, а Олбрајтова им пишува писма на младите “човеци”. Прво му пиша на Љубчо, ама проработе мајчинството, па му напиша и на Бранко, да не се искомлексира. Наместо да пишува и да троши пари за поштенски марки, нека си дојде тука. Од поблиску, полесно се контролираат Љубе и Бане. Што знаеш под чие лошо влијание може да паднат или со кое лошо друштво да се здружат, ако не ги контролира госпоѓа мама. А вака, ако е тука, кога нема да ја слушаат, ќе може дури и да ги потчукне по рачињата или да ги повлече за увце.
    Амбасадорот на САД Кристофер Хил ќе остане во опозиција. Љубчо би му простил за прошетките по Дебарца и за отворањето патишта со Бранко, ама Циле ќе стави вето и Хил не може да стане министер. Затоа, на следниот Конгрес на СДСМ, тој ќе биде избран за почесен претседател на партијата. Ако во меѓувреме си замине дома, тоа ќе биде голема придобивка за СДСМ. По урнекот на ВМРО-ДПМНЕ, Хил во САД ќе ја формира првата партиска ќелија на задграничниот комитет на СДСМ.

    3. Циле, пак, беше надвор од земјата. Како што јавија, бил во една многу важна западноевропска земја. Сигурно почнал да работи на Програмата за обнова и развој. Отишол да донесе крави за фармите. Говеда имаме од домашно производство.

    4. Од сите министри на Црвенковски, најубаво си заминува Благој Ханџиски. Кралски. Во друштво со принцот Чарлс.
    Принцот пристигна во Македонија и сé беше како во бајка. Ханџо го пречека Чарлс и заедно заминаа во Охрид. Исто како во бајките за деца. Имавме принц од Велс, војвода од Владимирово и паша од Охрид. И зелка и праз. Само немаше кој да направи сарма.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари