СТАП И МЕТЛА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:60:"Штомуенана­ро­дот?Дос­тамуе

    1. Ре­ков и пак ќе ре­чам, ка­ко што би ре­кол пре­ми­е­рот Ге­ор­ги­ев­ски. Ма­ке­дон­ски­от на­род тра­ди­ци­о­нал­но се оп­ре­де­лу­ва. Или Ти­то или Бо­рис.
    Па се­га пос­тои заг­ри­же­ност да­ли во вто­ри­от круг ќе из­ле­зат до­во­лен број гла­са­чи за да се из­бе­ре прет­се­да­тел. Заш­то на­ро­дот има спе­ци­фи­чен од­нос кон влас­та.
    Ап­сти­нен­ци­ја­та баш не е здра­ва. Ама, ако на чо­век му е здо­де­а­но и не­ма из­бор, мо­же­би тоа му е един­ствен на­чин на ужи­ва­ње.

    2. Мно­гу ми е жал што ра­ко­водс­тво­то на ВМРО-ДПМНЕ не ужи­ва­ше во ве­че­ра­та што ја под­гот­ви­ја за прос­ла­ва­та на по­бе­да­та на Бо­рис Трај­ков­ски. Баш уба­во се вне­соа во уло­га­та што са­ми си ја до­де­ли­ја. Дој­де вре­ме реп­ре­си­ра­ни­те да би­дат нобл, да не одат пеш­ки по праш­ли­ви па­те­ки од се­ло в се­ло, ту­ку да се­дат на бо­га­та тр­пе­за со са­тен­ски чар­ша­фи и пан­дел­ки… Има­ше ли смис­ла на­ро­дот да им ја рас­и­пе прос­ла­ва­та, баш уба­во се беа до­те­ра­ле. Мо­жеа и оро да за­иг­ра­ат…
    Ва­ка, им ос­та­на са­мо жал­ни пес­ни да пе­ат и прет­се­да­тел да со­ну­ва­ат. Оти би­ле нај­го­ле­ма пар­ти­ја и не сме­е­ле да си доз­во­лат да одат без свој кан­ди­дат. А ва­му, ни хра­на­та не мо­жеа са­ми да ја изе­дат. Им ос­та­на в гр­ло. Да одеа за­ед­но со Ци­ле, ќе бе­ше со­се­ма по­и­на­ку. Ба­рем соф­ра­та ќе им се ис­пла­те­ше.
    Чу­ден не­кој на­род. Ај што не до­рас­нал на муд­рос­та и та­лен­тот на Бо­рис, ту­ку биду­ва­ше ли да гла­са за оној ма­јо­рот Ти­то. Ба­рем мар­шал да бе­ше, ќе раз­бе­реа.
    Ин­те­рес­но ка­ко на­ро­дот бр­зо за­бо­ра­ва зош­то ми­на­та­та го­ди­на гла­са­ше про­тив СДСМ. Ист е ка­ко пре­ми­е­рот. Нор­мал­но, и Љуб­чо до­а­ѓа од на­ро­дот. И тој за­бо­ра­ви на вре­ме­то ко­га не­за­вис­нос­та на Ма­ке­до­ни­ја, за­ед­но со дру­гар­ка му Дос­та ја прос­ла­ву­ваа со леп­че и каш­ка­вал­че на чеп­кал­ка за за­би. Да не оди­ме по­да­ле­ку – ка­де бе­ше Љуб­чо ми­на­та­та го­ди­на и ка­де му беа свад­бар­ски­те соф­ри на бе­ли­те чар­ша­фи, ко­га ја прос­ла­ву­ва­ше по­бе­да­та на пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри. Ги чу­ва­ше за го­ди­на­ва.

    3. Љуб­чо се на­лу­тил заш­то ос­та­нал гла­ден ве­чер­та ко­га тре­ба­ше да по­бе­ди и, ка­ко се­ко­ја нер­воз­на до­ма­ќин­ка ко­га ќе се на­лу­ти, за да си ги сми­ри нер­ви­те, поч­нал да чис­ти низ ку­ќа­та. Го ме­те по­дот. Ама, ме­теј­ќи, ди­га го­лем прав, па не мо­же да ви­ди око­лу се­бе ко­го уш­те тре­ба да ис­чис­ти. А ко­га не гле­да, мо­же да би­де опас­но за не­го. Од мет­ла­та ќе му ос­та­не са­мо ста­пот в ра­це.

    4. Ра­зо­ча­ру­ва­ње­то е уш­те по­го­ле­мо, за­тоа што ВМРО-ДПМНЕ не са­мо што по­ну­ди по­доб­ри кад­ри од еден Буз­лев­ски, на при­мер, ту­ку се тру­де­ше во осум ме­се­ци да го пос­тиг­не се­то тоа што СДСМ го пос­тиг­на за осум го­ди­ни.
    Ка­ко ре­зул­тат на таа тр­ка со вре­ме­то, пос­тиг­нат е и по­ви­сок ква­ли­тет на ус­лу­ги­те. Спо­ред не­о­фи­ци­јал­ни­от ре­ке­тар­ски це­нов­ник, за еден шле­пер стран­ски ци­га­ри кој тре­ба да тран­зи­ти­ра низ Ма­ке­до­ни­ја, се пла­ќа­ат и до 100 ил­ја­ди мар­ки. Из­во­зот на до­маш­ни ци­га­ри чи­ни 20 ил­ја­ди мар­ки по шле­пер. Тран­зи­тот на ка­фе оди и до 20 ил­ја­ди мар­ки, а шле­пер ви­ски чи­ни 30 ил­ја­ди мар­ки. Са­мо со наф­та­та не им оди ка­ко што му оде­ше на СДСМ. Тие то­гаш беа неп­ри­кос­но­ве­ни во наф­те­ни­от биз­нис. А на но­ви­те “наф­та­ши” се­га им пре­чи цр­но­гор­ска­та и ал­бан­ска­та ма­фи­ја, заш­то на Ко­со­во, тие про­да­ва­ат по­ев­ти­но.
    Ту­ка не­ка­де се дви­жеа и це­ни­те на СДСМ. Са­мо што тие то­гаш мис­леа ќе вла­де­ат веч­но, па не бр­заа и не ги фа­ќа­ше нер­во­за, па за­тоа и швер­цот не го пра­веа тол­ку тран­спа­рен­тно. ВМРО-ДПМНЕ на при­ме­рот на СДСМ ви­де ка­ко на­ро­дот каз­ну­ва, па за­тоа по­бр­за навре­ме да си ја за­вр­ши ра­бо­та­та, до­де­ка и нејзе не ѝ стиг­не каз­на­та.
    Се ви­де. И ми­на­та­та го­ди­на, и оваа, на­ро­дот каз­ну­ва. Ка­ко што трг­нал на­ро­дот да се ос­вес­ту­ва, теш­ко на по­ли­ти­ча­ри­те. На след­ни­те из­бо­ри ќе би­де уш­те по­су­ров. Па ќе се чу­дат што му е на на­ро­дот. Дос­та му е.

    5. Ве­лат де­ка Змеј­ков­ски ќе се вра­тел три­ум­фал­но во пар­ти­ја­та. Да­ли ќе го вра­ти и ка­пут­че­то?

    6. Се­га Бо­рис ја по­ви­ку­ва и ко­а­ли­ци­ја­та на по­мош. Ако ал­тер­на­тив­ци­те на Ци­ле не гла­са­ат за не­го, пор­тпа­ро­лот на ВМРО-ДПМНЕ Љу­бен Па­у­нов­ски ве­ли де­ка ќе бил до­ве­ден во пра­ша­ње и про­ек­тот Тај­ван.
    А да ја пра­ша­ше Љу­бен сво­ја­та ко­леш­ка, ми­нис­тер­ка­та за раз­вој Ми­ли­ја­на Да­нев­ска да­ли ис­пра­ти­ла не­за­ви­сен су­пер­ви­зор во Тај­пеј, да го про­ве­ри бо­ни­те­тот на Тај­ван, за да ви­ди да­ли мо­же да им да­де доз­во­ла за зо­на­та во Бу­нар­џик, или за тра­фи­ка. Се раз­би­ра, ова за тра­фи­ка­та не мо­же да по­ми­не, ду­ри и да се пла­теж­но спо­соб­ни, ако ми­нис­те­рот за ур­ба­ни­зам Душ­ко Ка­ди­ев­ски ве­ли де­ка не­ма сло­бод­ни ло­ка­ции.
    Во ме­ѓув­ре­ме, би мо­жел Саш­ко Ста­ни­нов, за­ед­но со Љу­бе Бош­ков­ски и Па­не Ве­лев да им упад­не на Тај­ван­ци­те да им го от­крие неп­ла­те­ни­от да­нок на па­ри­те што ги да­ле за Ма­ке­до­ни­ја. И да се нап­ра­ви ре­ви­зи­ја на при­ва­ти­за­ци­ја­та. Ако тре­ба и Леф­те­ров и Фло­ров­ски не­ка преп­ли­ва­ат иле­гал­но пре­ку Ки­нес­ката Тес­нина. Ду­ри то­гаш ќе ви­дат Тај­ван­ци­те ка­ко се пра­ви ки­не­ска кул­тур­на ре­во­лу­ци­ја.

    7. Си­те ра­бо­ти се ис­пре­вр­те­ни. На­мес­то СДСМ да пра­ви ко­му­нис­тич­ки ре­во­лу­ции, ВМРО-ДПМНЕ пра­ви про­ле­тер­ски упа­ди по фир­ми­те. На­мес­то “дес­ни­те” да ги шти­тат ка­пи­та­лис­ти­те, тие нај­а­ву­ва­ат де­ка ќе им ги вра­ќа­ат фаб­ри­ки­те на ра­бот­ни­ци­те. Со ос­во­ју­ва­ње­то на “Про­ле­тер” со зур­ли и та­па­ни, кул­тур­на­та ре­во­лу­ци­ја го бе­ле­жи пр­ви­от се­ри­о­зен ус­пех. Леф­те­ров ќе оди од фир­ма до фир­ма да ги ме­ну­ва ди­рек­то­ри­те и, ка­ко што сто­јат ра­бо­ти­те, ни­кој не мо­же да го спре­чи.
    На­вис­ти­на, на­ро­дот е збу­нет во оваа ис­то­ри­ска при­каз­на за Ти­то и Бо­рис. Во од­нос на Бо­рис, Ти­то из­ле­зе – бур­жуј.

    8. За Ти­то ќе гла­са­ат и Ср­би­те од пар­ти­ја­та на Дра­ги­ша Ми­ле­тиќ. Или Ти­то, или ни­кој. Да не ги чи­тал Ми­ле­тиќ не­кол­ку­те гра­фи­ти низ Скоп­је. “Ти­то – Ми­ло­ше­виќ”.

    9. Во АРМ ка­ко по­да­рок прис­тиг­наа фран­цус­ки­те ок­лоп­ни лан­се­ри. Би­деј­ќи ги има­ме и ста­ри­те бу­гар­ски тен­ко­ви, ќе има­ат вој­ни­ци­те на што да веж­ба­ат.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари