СТЕРИЛНА КАПА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:66:"ПолаодДрачевоиСребраодАрканзас

    1. Претседателот Глигоров најави дека нема да се кандидира за трет претседателски мандат. Уште не почнавме да се занимаваме сериозно кој би можел идната година да го замени Глигоров, кога во Македонија еве ни го Милан Паниќ.
    Навистина, не верувам дека поранешниот премиер на СР Југославија знаеше каде доаѓа. Тој ни порача дека сме среќни што го имаме Киро Глигоров, зашто за него тој бил “најдобар човек во Југославија”. Веројатно и фабриката што завчера ја отвораше во Скопје, за него е во Југославија. А можеби и бил малку збунет од честа што му ја направи целото македонско раководство. Кому дошле на свечено отворање и претседателот на државата, и претседателот на Собранието, и претседателот на Владата, и уште неколкумина министри? Тоа што ги облече сите комплет во стерилните облеки како да се специјална единица за борба против Марсовци, само ја потврдува неговата, не космополитска, туку интерпланетарна идеја. Ако веќе не можеа да го уловат октоподот, белки сега ќе можат да го фатат Е.Т.
    Македонија не треба да биде загрижена за својата судбина, откако Глигоров ќе се повлече. Ќе се најде и за нас лек од богатата палета на бившиот југословенски премиер со фирма регистрирана во САД, а со фабрики во Србија и во Русија. Глигоров, Петковски и Црвенковски веќе се најдоа под капата на Паниќ. Ние и онака не се буниме што ќе ни стават на глава.

    2. Претседателот на САД Бил Клинтон на сопствена кожа го почувствува правниот систем на државата што ја води и мораше шест часа да сведочи во одбрана од обвинението на една локална службеничка во Арканзас дека, додека бил гувернер, ја присилувал на орален секс.
    Кај нас претседателот Глигоров беше ставен во поинаква ситуација, како оштетена странка, па, сепак, не верувам дека некогаш ќе се појави како сведок во спорот на државата против една драчевка што минатата година на Илинден го испрскала од устата со непозната течност.
    Не е големата разлика меѓу САД и Македонија само во тоа што таму претседателот може да биде повикан на суд како сведок, а кај нас не. Не е разликата ни во случајот и изгледот на Сребра од Драчево и Пола од Арканзас. Туку, уште поголема е разликата во сфаќањето што е добро за американскиот претседател, а што е добро за нашиот.
    Кандидатите за наследници на претседателот Глигоров треба итно да се испратат на доусовршување во Белата куќа, на дополнителни часови кај Клинтон. Затоа што кај нас се ценат активностите поради кои Клинтон има проблеми со судовите. Што поголеми швалери толку повеќе им се крева рејтингот. Што попопуларни меѓу естрадните ѕвезди толку повеќе имаат шанси за успех. Во Вашингтон политичарите се кријат, па мораат да ги откриваат со сведочења по судови, а кај нас тоа го прават што е можно појавно за да им се восхитува народот. Таму јавноста ги цени по тоа колку читаат, а кај нас по тоа колку немаат време да читаат. Башка, многу се чудни американските политичари. Кај се видело тоа, да имаш секс со некого, а никој да не дознае. Тоа ти е исто како да си немал.

    3. Пред некој ден, на еден прием присуствуваа претседателот на државата, премиерот, шефот на дипломатијата и едночудо амбасадори. Меѓутоа, само американскиот амбасадор Кристофер Хил и неговата сопруга ја имаа честа да седат на иста маса со претседателот Глигоров и сопругата, премиерот Црвенковски и со министерот за надворешни работи Ханџиски.
    Во исто време додека тој релаксирано разговараше со македонското раководство за “нивната земја”, останатите амабасадори се шуткаа наваму-натаму, без место за седење и се дружеа главно со новинарите. Меѓу нив беше и британскиот амбасадор со сопругата, ама за него, како впрочем и за останатите негови колеги, немаше место во близина на државниот врв на “нашата земја”.
    Велика Британија сега е претседавач на Европската унија. Деновиве е најавен и почетокот на разговорите за спроведување на спогодбата меѓу Македонија и ЕУ. Бидејќи македонските раководители беа позаинтересирани за дружба со американскиот амбасадор, се поставува прашањето да не ја смениле, во меѓувреме, генералната ориентација. Бараме ли уште прием во Европската унија, или и ние ќе се придружиме на слободната трговска зона меѓу САД и Мексико.
    Којзнае, можеби така е по американскиот протокол, па и ние мораме да го почитуваме. Впрочем, не знаеме дали нашата амбасадорка во САД Љубица Ачевска, кога оди на прием каде што е присутен и американскиот претседател, седи на иста маса со него и со Хилари и незадолжително разговара со Медлин Олбрајт, додека останатите нејзини колеги се шеткаат со чашите низ салата.

    4. Се запали одајчето на Кљусев во МАНУ. Не ми е жал за одајчето, туку за хартиите на академикот. Му студело на професорот, вклучил греалка, се фатил со научна работа и се заборавил.
    Добро е што Кљусев не ни е сé уште премиер. Како академик, ја запали канцеларијата. Да беше во Владата, можеби ќе ни ја запалеше државата.

    5. ВМРО-ДПМНЕ ги немаше одамна. Конечно се разбудија. И така уште нерасонети побараа пет часа програма на Државната телевизија. И продолжија да спијат.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари