СУНСЕТ БОУЛЕВАРД

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:102:"Ви­ли­јамВо­керве­ќејаприз­наго­ле­маАл­ба­ни­ја

    1. Во Стен­ко­вец, мес­то­то ка­де што се смес­те­ни ша­то­ри­те на служ­би­те за имиг­ра­ци­ја на др­жа­ви­те во кои со воз­душ­ни­от мост се тран­спор­ти­ра­ат дел од Ко­сов­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја, бе­гал­ци­те го на­ре­ку­ва­ат “Аве­ни­ја на ам­ба­са­ди­те”. Би­деј­ќи ме­ѓу бе­гал­ци­те сé по­чес­то се по­ја­ву­ва­ат и поз­на­ти свет­ски ар­тис­ти, ниш­то чуд­но не­ко­ја праш­ли­ва ули­ца ме­ѓу ша­то­ри­те, ка­де што Ри­чард Гир, Ро­џер Мур, или Ва­не­са Ред­грејв по­зи­ра­ле за­ед­но со бе­гал­ци­те, во нив­на чест да би­де на­ре­че­на “Хо­ли­вуд­ски бу­ле­вар”. Или, “Аве­ни­ја на ѕвез­ди­те”. Па, ко­га не­кој зас­лу­жен ар­тист и бо­рец за чо­ве­ко­ви пра­ва, ќе до­бие ѕвез­да со сво­е­то име ис­пи­ша­но на праш­ли­ва­та па­те­ка, ќе прис­тиг­не во по­пу­лар­ни­от Стен­ко­вец, тоа да го прос­ла­ви за­ед­но со си­ро­маш­ки­те лу­ѓе.
    Ред­но е во Стен­ко­вец да му се да­де дол­жна по­чит и на Сло­бо­дан Ми­ло­ше­виќ. Не мо­ра бу­ле­вар, ама ба­рем ед­на праш­ли­ва ули­ца би мо­же­ла да го но­си не­го­во­то име. Да не бе­ше тој, Ал­бан­ци­те од Ко­со­во не­ма­ше ни­ко­гаш да ги ви ви­дат во жи­во ни Ри­чард Гир ни Ро­џер Мур ни­ту, пак, Ва­не­са Ред­грејв ќе им пе­е­ше. Не знам да­ли во Ко­со­во има­ло ет­нич­ко чис­те­ње, де­пор­ти­ра­ње, или уби­ства, ама мо­ра да се приз­нае де­ка ни­кој досе­га на Ал­бан­ци­те од Ко­со­во не им го доб­ли­жил све­тот на ѕвез­ди­те, ка­ко што тоа му ус­пеа на Ми­ло­ше­виќ.
    Слав­ни­от Сун­сет бо­у­ле­вард од Хо­ли­вуд се­га си го има­ме во Стен­ко­вец. Име­то со­се­ма му од­го­ва­ра. Бу­ле­вар на зај­ди­сон­це­то. Не тол­ку за­тоа што по ма­ке­дон­ски­от бу­ле­вар ше­та­ат ѕвез­ди­те на за­о­ѓа­ње, ка­ко што е Ро­џер Мур. Ту­ку по­ве­ќе заш­то, по сé из­гле­да, нас­ко­ро ќе ни се стем­ни. Ни па­ѓа мрак пред очи.

    2. На стен­ко­веч­ки­от Бу­ле­вар на зај­ди­сон­це­то се по­ја­ви­ја и мно­гу др­жав­ни­ци. Но од си­те нив, име­то на бу­ле­ва­рот нај­мно­гу му при­ле­га­ше на ита­ли­јан­ски­от прет­се­да­тел Ос­кар Лу­и­џи Скал­фа­ро. Ко­га прис­тиг­на во Ма­ке­до­ни­ја, ни­кој не­ма­ше по­им де­ка тој бил еп­тен на за­о­ѓа­ње. Два де­на по по­се­та­та, Ита­ли­јан­ци­те из­браа нов прет­се­да­тел. Та­ка што, из­гле­да де­ка Скал­фа­ро до­шол ту­ка на при­ват­на про­шет­ка. А ние се чу­дев­ме што тол­ку зап­нал да ги кри­ти­ку­ва НАТО на­па­ди­те. Чо­ве­кот не збо­ру­вал ка­ко прет­се­да­тел на Ита­ли­ја, ту­ку ка­ко оби­чен гра­ѓа­нин.

    3. Во Ми­нис­терс­тво­то за над­во­реш­ни ра­бо­ти на Ма­ке­до­ни­ја се под­гот­ву­вал штрајк. Ако про­дол­же­ле во др­жа­ва­та да до­а­ѓа­ат са­мо маш­ки ѕвез­ди од све­тот на фил­мот, си­те вра­бо­те­ни ма­жи во Ми­нис­терс­тво­то ќе про­тес­ти­ра­ат по­ра­ди дис­кри­ми­на­ци­ја во од­нос на ко­леш­ки­те. Им би­ло здо­дев­но. Ка­мо ги Ше­рон Сто­ун, Гви­нет Пал­троу, Ума Тур­ман, Ви­но­на Рај­дер, Па­ме­ла Ан­дер­сон… Што ср­це ќе имаа. Не­ка дој­дат мал­ку да про­ле­ат сол­зи за бе­гал­ци­те и за таж­на­та суд­би­на на Ма­ке­до­ни­ја. Тие ќе пла­чат, ние ќе им се ра­ду­ва­ме.
    Ма­ке­дон­ска­та дип­ло­ма­ти­ја мо­ра да го при­фа­ти овој пре­диз­вик заш­то се за­ка­ну­ва опас­на дес­та­би­ли­за­ци­ја на др­жа­ва­та во смис­ла на де­ба­ланс ме­ѓу маш­ки­те и жен­ски­те ин­те­ре­си.
    Пр­во, мо­ра да се приз­нае Ка­ли­фор­ни­ја ка­ко не­за­вис­на др­жа­ва. За тоа има­ме и ис­то­ри­ски и би­о­лош­ки прет­пос­тав­ки. Кај нас се од­гле­ду­ва ка­ли­фор­ни­ска пас­трм­ка. Ако мо­же­ме со Тај­ван да се до­го­во­ри­ме да им од­гле­ду­ва­ме сви­њи, белки не­ма да би­де теш­ко на Ка­ли­фор­ниј­ци­те да им из­ве­зу­ва­ме пас­трм­ки. Си­гур­но не­ма да ги мрес­тат во во­ди­те на Па­ци­фи­кот, пак од нас по­мош ќе ба­ра­ат.
    По­тоа, ми­нис­те­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти Алек­сан­дар Ди­мит­ров ќе го по­ви­ка ка­ли­фор­нис­ки­от ам­ба­са­дор во сво­јот ка­би­нет и ќе му вра­чи ос­тар де­марш. Или пра­ќај­те ја Ше­рон Сто­ун во Стен­ко­вец, или пас­трм­ки­те ќе ви ги пре­крс­ти­ме!

    4. Да се на­де­ва­ме де­ка ко­га ќе ни дој­дат уба­ви­те хо­ли­вуд­ски стар­ле­ти, ми­нис­те­рот Пав­ле Тра­ја­нов не­ма да пра­ви проб­ле­ми да им да­де доз­во­ла да ше­та­ат по кам­по­ви­те. Ако не­ма до­вер­ба, не­ка по­ба­ра по­мош од Ар­ми­ја­та. Пак ми­нис­те­рот Кљу­сев ќе мо­ра да се жрт­ву­ва за тат­ко­ви­на­та и да им би­де во прид­руж­ба. Мо­же во “кам­по­ве­то”, са­мо во топ­лес!
    На по­ли­ци­ја­та ѝ пре­че­ло што раз­ни стран­ци ше­та­ле ме­ѓу бе­гал­ци­те, пра­ве­ле спи­со­ци, рег­ру­ти­ра­ле бор­ци на ОВК, швер­цу­ва­ле лу­ѓе. Мно­гу им бил не­ја­сен ше­фот на Ве­ри­фи­ка­тор­ска­та ми­си­ја на ОБСЕ за Ко­со­во Ви­ли­јам Во­кер. За не­го ду­ри ни по­ли­ци­ја­та ниш­то не знае.
    МВР мо­же мир­но да спие. Со Во­кер не­ма не­до­раз­би­ра­ње. Тој си има ми­си­ја за Ко­со­во и не­ма ниш­то со Ма­ке­до­ни­ја. А тоа што е во Скоп­је, си има сво­ја ло­ги­ка. Не­ли ал­бан­ски­те ака­де­ми­ци твр­дат де­ка Скоп­је е гла­вен град на ис­то­ри­ско Ко­со­во. Зна­чи, Во­кер со ми­си­ја­та за Ко­со­во е на вис­тин­ско­то мес­то. Тој ве­ќе ги ут­вр­ди гра­ни­ци­те на го­ле­ма Ал­ба­ни­ја.

    5. Фран­цус­ка­та вла­да, при из­би­ра­ње­то на бе­гал­ци кои ќе ги при­ми во сво­ја­та др­жа­ва, во­ди смет­ка тие да зна­е­ле фран­цу­ски ја­зик. Не са­ка да пра­ви двој­ни тро­шо­ци. Ако ги при­ми без зна­е­ње на офи­ци­јал­ни­от ја­зик на др­жа­ва­та, ќе тре­ба да им обез­бе­ду­ва пре­ве­ду­ва­чи, да им от­во­ра ра­дио и те­ле­ви­зи­ски прог­ра­ми на ал­бан­ски ја­зик, да ги шко­лу­ва на мај­чин ја­зик, да им пе­ча­ти вес­ни­ци, кни­ги… Ка­ко што се де­мок­ра­ти, на крај ќе мо­ра да им от­во­рат и уни­вер­зи­тет.

    6. Хи­ла­ри дој­де. Љуб­чо го по­ка­ни и Клин­тон. Уш­те Мо­ни­ка да дој­де…

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари