ТУЛИ И ПЛИТАРИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:136:"Новинаритенајдоброќесезаштитат,аконегонапишеле,тоаштогонапишале

    1. Ќе има реконструкција. Дефинитивно. Еве, пред некој ден погребалното претпријатие јави дека ќе ја реконструира свечената капела на скопските гробишта “Бутел”.
    За разлика од сосема извесната реконструкција на капелата, реконструкцијата што ја најавуваше премиерот и натаму е под знак прашалник. Бранко Црвенковски сé уште седи и се чуди, како е можно октоподот да не сака да се самоубие. А токму сé беше убаво смислено пред повеќе од еден месец дека во  борбата  против него, ако треба, ќе се оди и со реконструкција на Владата.
    За успешно изведување на реконструкцијата е потребен материјал. Бранко, по сé изгледа, има проблеми со градежниот материјал.Не дека го нема, ама му е со сомнителен квалитет. На пример, на располагање има многу трупци. Освен тоа, премиерот е електроинженер и не се разбира многу во градежништвото. Затоа, сега е во дилема: Како може при изградбата да комбинира тули со камења? Па за да не се нервира, ќе избере плитари. Тие проверено имаат најдолг рок на траење.
    Не знам зошто Бранко си ја чука главата со градежни работи. Нека почне да се занимава со политика.Следејќи ги традициите на досегашните лидери на партијата од која произлезе СДСМ, и тој може  да си формира нова партија .Тито ќе распише нови избори. А Бранко ќе излезе на чист терен со нова екипа градежни работници.
    Ги видовте ли колку беа среќни Бранко и Љубчо Георгиевски кога се сретнаа на денот на полицијата? Зошто само Гошев и Андов да бидат среќни кога се обединуваат? Како би ни дошла во Македонија една нова ВМРО – СДПМНЕ? Ова СДПМНЕ е Социјалдемократска партија на македонско национално единство.

    2. Министерот Љубомир Фрчкоски е единствениот од Владата што не се секира за реконструкцијата што ја најави премиерот. Ретко се врти во кабинетот. Во последно време зачести со патувањата во странство. Ако сака Бранко да му врачи отказ на работното место, има малку шанси да го пронајде.

    3. Инаку, и вака нереконструирана, Владата работи со полна пареа и постојано пријатно нé изненадува. Сите министерства и државни служби си ги споија Велигден и Први мај и одмораа десет дена, за да можат сега освежени да нé водат во нови работни победи. За тоа време, животот во државата си течеше нормално: ги доослободија сите осомничени од ТАТ, ПДПА ги ослободи Тетово и Гостивар – од македонски знамиња, битолчани беа на пат да прогласат независна држава, претседателот на државата наполни осумдесет години, а на роденденот не му дошле сите министри, климата ненадејно се смени од зимска во летна.. . Мислите дека Владата немо ги посматрала овие настани, затоа што министрите не беа во своите кабинети? Се лажете. Првиот работен ден по десетдневниот одмор премиерот ги собра министрите и одржа седница. Тој ден Владата реши да í даде помош на царинската управа на Албанија.
    Не дека и кај нас нема проблеми. Тоа што луѓето за празниците не излегоа на улица да демонстрираат како насекаде во светот, колку заради традицијата да го одбележат Први мај не значи дека се сосема задоволни. Зборуваат тие против власта, и тоа како.. . Сешто се зборува… А се знае – каде има чад, мора да  има и оган. Каде има оган, таму се прави скара…
    Туку, што ќе беше оваа непланска историја со неправилно распоредени револуционерни настани. Кој ќе издржи без празници отсега, па до 2 август?

    4. Битолчани велат: “Битола  гради – Скопје кради!” Можеби јас имам личен проблем што како граѓанин на Скопје, по потекло од Битола, не можам да откријам од кој битолчанец сум украл нешто, ама кога ја слушнав оваа парола ми падна на ум една паралела. Скопјани за градоначалник го избраа Ристо Пенов. Битолчани си гласаа за Силјан Мицевски. Скопскиот градоначалник нема петсобен стан во центарот на Битола. А градоначалникот на Битола има петсобен стан во центарот на Скопје. Некаде се гради, некаде се кради.

    5. Како што тргнала работата, изгледа, најголеми  жртви во борбата против октоподот ќе излезат новинарите. Таман малку заборавивме  на претепувањето на дописникот на “Вечер” од Битола, неделава, по едно препознавање во текст, се случи силеџиски упад во “А 1 Телевизија” во Скопје.
    Што фајде од тоа што новинарите ги препознаваат напаѓачите побрзо од полицијата? Што фајде од пишување за рекетерство, кога на рекетерите никој ништо не им може? Што фајде од трибини на Здружението на новинарите, кога тие од кои се бара поддршка често пати ги практикуваат истите насилнички методи?
    Што може новинарот да направи за да се заштити по некој објавен текст? Да шета во придружба на телохранители? Најдобар начин да се заштити по она што го напишал е – тоа воопшто и да не го напише.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари