ЗАБОЛЕКАРСКА ЧЕКАЛНИЦА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:97:"Не­мадагла­са­мезаТа­чи,ќегла­са­мезаРу­го­ва

    1. Ма­ке­до­ни­ја ста­ну­ва ис­клу­чи­тел­но здо­дев­на зем­ја за жи­ве­е­ње. Стен­ко­вец ста­на по­ва­жен цен­тар од Скоп­је. Жи­во­тот на бе­гал­ци­те е по­ва­жен од жи­во­тот на гра­ѓа­ни­те на Ма­ке­до­ни­ја. На­мес­то да ги бро­и­ме де­но­ви­те до пла­та, ние бро­и­ме кол­ку бе­гал­ци влег­ле на Бла­це. Нај­по­ра­зи­тел­но е што тра­ге­ди­ја­та им се слу­чу­ва на не­кои дру­ги, а ние си стра­да­ме.
    За­тоа, не знам што че­ка­ат пар­ти­и­те ко­га уш­те не се из­јас­ну­ва­ат со прет­се­да­тел­ски­те кан­ди­да­ти за есен­ски­те из­бо­ри. Дај­те из­бо­ри! Ко­га има из­бо­ри, ние нај­у­ба­во жи­ве­е­ме. Ќе дој­дат ил­јад­ни­ци ком­пју­те­ри, ќе поч­нат да се гра­дат со­ци­јал­ни­те ста­но­ви, ќе по­те­че во­да од сто­ти­ци пре­су­ше­ни чеш­ми и мно­гу ас­фалт по се­ла­та ќе се пот­ро­ши, ко­кош­ки­те ќе не­сат јај­ца со две жол­чки, Тај­ван­ци ќе до­ле­ту­ва­ат на Скоп­ски­от ае­род­ром со ку­фер­чи­ња пол­ни со до­ла­ри, Ев­ро­пеј­ци­те ќе ни ви­ка­ат: “Уш­те овие из­бо­ри да ги ис­те­ра­те де­мок­рат­ски, и вед­наш ќе ве при­ми­ме на пре­го­во­ри”, НАТО ќе нé за­мо­ли да угос­ти­ме уш­те 50-и­на ил­ја­ди вој­ни­ци за да се приб­ли­жи­ме кон нив­ни­те стан­дар­ди, “Мак­пет­рол” не­ма да уце­ну­ва со це­на­та не бен­зи­нот, заш­то на ав­то­бу­сот и на раз­ни “ау­ди­ја” и “мер­це­де­си”  ќе им тре­ба го­ри­во за ше­та­ње по пре­диз­бор­ни ми­тин­зи, а вес­ти­те на те­ле­ви­зи­ја не­ма да поч­ну­ва­ат со за­пис од гра­ни­ца­та кон Ср­би­ја и ин­сер­ти од ае­род­ро­мот “Скоп­је”, ту­ку со плу­ка­ни­ци на прет­се­да­тел­ски­те кан­ди­да­ти.
    Дај­те из­бо­ри, дај­те за­ба­ва, дај­те мал­ку на­деж! Вне­се­те топ­ли­на и свет­ли­на во на­ши­от дом.

    2. Не се са­мо из­бо­ри­те тоа што го че­ка­ме. Ние се на­вик­нав­ме да че­ка­ме. Че­ка­ме бе­гал­ци од се­вер, вој­ни­ци на НАТО од југ. Че­ка­ме ху­ма­ни­тар­ни ту­рис­ти во кам­по­ви­те. Че­ка­ме по­мош. Че­ка­ме кре­ди­ти и до­на­ции. Че­ка­ме коп­не­на офан­зи­ва на НАТО. Че­ка­ме вој­на. Че­ка­ме ви­зи. Че­ка­ме да нé при­мат во Ев­роп­ската уни­ја…
    Жи­ве­е­ме ка­ко да сме во не­ко­ја че­кал­ни­ца. И тоа не че­кал­ни­ца на же­лез­нич­ка ста­ни­ца или на ае­род­ром, од ка­де што пос­тои на­деж да се из­бе­га. По­ве­ќе ли­чи де­ка сме ста­ве­ни  во че­кал­ни­ца пред не­ко­ја ле­кар­ска ор­ди­на­ци­ја.

    3. Се­кој­дне­ви­е­то нај­мно­гу од­го­ва­ра  на че­ка­ње пред сто­ма­то­лош­ка ор­ди­на­ци­ја. Раз­го­во­ри­те што се­кој­днев­но се во­дат и на ра­бо­та, и во ка­фе­а­на, и до­ма, се ка­ко пред да се сед­не на за­бо­ле­кар­ска­та сто­ли­ца, без раз­ли­ка што те­ма­та е НАТО,  вој­на­та во со­седс­тво­то и бе­гал­ци­те кај нас.
    Си­те трпеливо го че­ка­ат кра­јот. Тоа е ис­то ка­ко ко­га си­те што се­дат во че­кал­ни­ца­та че­ка­ат да му ја ви­дат фа­ца­та на па­ци­ен­тот што ќе из­ле­зе низ вра­та­та. За да мо­жат по из­ра­зот на ли­кот да оце­нат да­ли ќе ги бо­ли.
    И му­а­бе­ти­те око­лу НАТО, Клин­тон, Ми­ло­ше­виќ и бе­гал­ци­те се од­ви­ва­ат ка­ко му­а­бе­ти на па­ци­ен­ти што че­ка­ат да ги при­ми сто­ма­то­лог. За­мис­ле­те ка­ко се од­не­су­ва­ат во ис­та че­кал­ни­ца пе­си­мис­ти кои има­ат ис­та бол­ка, ама не­кои се пе­си­мис­ти и па­ни­ча­ри, не­кои ра­ци­о­нал­но се со­о­чу­ва­ат со тоа што ги снаш­ло, а не­кои се мрт­ви ис­пла­ше­ни, ама се оби­ду­ва­ат со оп­ти­ми­зам и со ху­мор да за­бо­ра­ват на ин­тер­вен­ци­ја­та што ги че­ка.
    Тие што по при­ро­да се дра­ма­ти­ча­ри и пе­си­мис­ти рас­ка­жу­ва­ат при­каз­ни за не­кој па­ци­ент што ум­рел за вре­ме на ле­кар­ска­та ин­тер­вен­ци­ја. Тие што се пла­шат, ама са­ка­ат са­ми­те да се уте­шат де­ка не е страш­но, ве­лат де­ка си­гур­но ле­ка­рот знае што пра­ви, а баш­ка до се­га му се слу­чи­ле мно­гу мал­ку грешки, па белки не­ма тие да би­дат со так­ва сре­ќа. Оние пос­ми­ре­ни­те ве­лат де­ка мо­ра да бо­ли, ама од суд­би­на­та не­ма бе­га­ње. Се пла­шат са­мо кол­ку вре­ме ќе трае. Им е страв да не трае пре­дол­го, заш­то дејс­тво­то на анес­те­ти­кот ос­ла­бу­ва, па што по­дол­го трае, по­сил­но и бо­ли. Храб­ри­те ве­лат: “Мо­ре не­ка трае, ако тре­ба и си­те за­би не­ка ги из­ва­ди, ама ба­рем ко­га ќе за­вр­ши, да знам де­ка не­ма по­ве­ќе да ме бо­ли”.
    Не е чу­до што жи­во­тот ни ли­чи на ле­кар­ска че­кал­ни­ца. Ва­ка или та­ка, си­те по мал­ку ста­нав­ме нез­дра­ви.

    4. Ре­ше­ние за си­те на­ши бол­ки е Тај­ван. Ште­та што Ци­ле, па­ра­лел­но со иде­ја­та за вра­бо­ту­ва­ње на 10 ил­ја­ди со­ци­јал­ни слу­чаи во Тај­ван, не ја раз­ра­бо­тил и иде­ја­та за ре­ша­ва­ње на проб­ле­мот со бе­гал­ци­те. Зош­то са­мо 10 ил­ја­ди. Зош­то да не им овоз­мо­жи­ме на бе­гал­ци­те ту­ка уба­во да си жи­ве­ат, а ние си­те да се пре­се­ли­ме во Тај­ван. И она­ка нас­ко­ро си­те ќе ги ис­пол­ни­ме ус­ло­ви­те. Ќе ста­не­ме со­ци­јал­ни слу­чаи.
    Кол­ку жи­те­ли има­ше во Ко­со­во, приближно тол­ку има и во Ма­ке­до­ни­ја. Ако мо­же­ше це­ло Ко­со­во да се раз­бе­га, зна­чи мо­же да се раз­бе­га и це­ла Ма­ке­до­ни­ја. Не­ма смис­ла. Зош­то тие да мо­жат да из­бе­га­ат, а ние да не мо­же­ме. И та­ка сме ве­ќе за­бе­га­ни.
    Мес­то Ци­ле да се до­го­ва­ра са­мо за 10 ил­ја­ди не­ка се до­го­во­ри за 2 ми­ли­о­на. Та­ка ќе да­де­ме при­до­нес за ре­ша­ва­ње на бе­гал­ска­та кри­за. Би­деј­ќи цел свет е заг­ри­жен за Ко­сов­ци­те, тие ним по­бр­зо ќе им по­мог­нат да ни ор­га­ни­зи­ра­ат воз­ду­шен мост за Тај­ван. Прет­се­да­те­лот Гли­го­ров по пат ќе го ос­та­ви­ме во Пе­кинг, а во Тај­пеј ќе го изби­ра­ме Ци­ле. Тој ќе ја про­дол­жи тра­ди­ци­ја­та. И та­му ќе др­жи го­во­ри на со­би­ри, ор­га­ни­зи­ра­ни од де­ца бе­гал­ци.
    Се­пак, не­ма да за­бо­ра­ви­ме на ко­ре­ни­те. Пред да ја на­пуш­ти­ме Ма­ке­до­ни­ја, на бе­гал­ци­те ќе им нап­ра­ви­ме ма­ла бе­ља. Ќе до­не­се­ме за­ко­н, спо­ред кој и исе­ле­ни­ци­те ќе има­ат пра­во на глас, па ко­га ќе го из­би­ра­ат Ха­шим Та­чи за прет­се­да­тел на Ма­ке­до­ни­ја, ние од Тај­ван, за ина­ет, ќе гла­са­ме за Иб­ра­хим Ру­го­ва.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари