ЖИВОТ ПЕСНА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:60:""Бо­би"ше­таАл­бан­ципоули­ца

    1.  По ре­конс­трук­ци­ја­та на Вла­да­та, пре­ми­е­рот Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски тре­ба да нап­ра­ви и ре­конс­трук­ци­ја во нај­тес­ни­от ка­би­нет. Пр­ва тре­ба да би­де сме­не­та со­вет­нич­ка­та Ми­на.
    Ге­ор­ги­ев­ски нај­а­ви де­ка вој­на­та ќе за­вр­ши за ед­на не­де­ла. Не ка­жа са­мо во кол­ку ча­сот.  Тол­ку беше убед­ли­в во тоа што го збо­ру­ва­ше, та­ка што по­мис­лив­ме де­ка има не­кој мно­гу си­гу­рен из­вор. Му шеп­на­ла гле­дач­ка­та Ми­на. Би­деј­ќи Ми­на пог­ре­ши­ла во прог­но­зи­те, мож­но е нас­ко­ро да би­де ре­конс­тру­и­ра­на.
    Ако НАТО про­дол­жи со на­па­ди­те, ќе из­ле­зе мно­гу не­се­ри­о­зен пред ма­ке­дон­ски­те влас­ти. Не мо­же ту­кута­ка, пре­ми­е­рот да ка­же вој­на­та ќе прес­та­не, а таа не прес­та­ну­ва. Сре­ќа што Љуб­чо во Вла­да­та си го има и Алек­сан­дар Ди­мит­ров. Тој има раз­би­ра­ње за НАТО, па му да­де фо­ра уш­те ед­на не­де­ла. Ше­фот на дип­ло­ма­ти­ја­та е по­пус­тлив, па ре­че де­ка вој­на­та ќе за­вр­ши за две не­де­ли. Па овие од НАТО си ре­коа: “Е, штом Са­шо ни доз­во­ли, има­ме уш­те вре­ме за бом­бар­ди­ра­ње!” За­тоа де­но­ви­ве ги за­си­ли­ја бом­бар­ди­ра­ња­та.
    Не зна­е­ме да­ли пре­ми­е­рот и ми­нис­те­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти има­ат ист из­вор на ин­фор­ми­ра­ње во пог­лед на прог­но­зи­те. Заш­то, раз­ли­ка­та е еви­ден­тна. Ос­та­ну­ва уш­те ед­на не­де­ла да ви­ди­ме да­ли со­вет­нич­ка­та на Ди­мит­ров е поп­ре­циз­на од со­вет­нич­ка­та на Ге­ор­ги­ев­ски. Ми­на на Ге­ор­ги­ев­ски про­ма­ши. Ќе ви­ди­ме да­ли ќе по­го­ди Ми­на­та на Ди­мит­ров?

    2. Ми­на му тре­ба и на ми­нис­те­рот за од­бра­на Ни­ко­ла Кљу­сев. Не од оние как­ви што ги про­да­ва­ат “вол­ци­те”, ту­ку вис­тин­ска Ми­на, ка­ко за­ме­на на не­кои офи­це­ри на АРМ кои не зна­ат што ни па­ѓа од не­бо­то.
    Прет­став­ни­кот на Ми­нис­терс­тво­то за од­бра­на ре­че де­ка кај не­го не зна­ат как­ви се тие па­доб­ран­ци, раз­ни де­ло­ви од во­е­на оп­ре­ма, бес­пи­лот­ни ави­о­ни и дру­ги чу­да што па­ѓа­ат од не­бо­то во Ма­ке­до­ни­ја. Ду­ри ре­че де­ка не знае ни кој е над­ле­жен да од­го­во­ри на тие пра­ша­ња.
    Крај­но неп­ро­фе­си­о­нал­но е да се пра­шу­ва офи­цер на АРМ за не­бе­ски пра­ша­ња. И как­ва е таа глу­пост, Ми­нис­терс­тво­то за од­бра­на да се гри­жи за раз­ни па­ѓа­ња. Не­ка се пра­ша во Хид­ро­ме­те­о­ро­лош­ки­от за­вод. Тие зна­ат што ни па­ѓа над гла­ви­те. Мо­же­би не ги би­ду­ва мно­гу за прог­но­зи­ра­ње, па не мо­жат од­нап­ред да пред­ви­дат да­ли ќе па­не зас­ки­та­на ра­ке­та, дел од во­е­на оп­ре­ма, ави­он, или чо­век, ама от­пос­ле постојано по­го­ду­ва­ат ка­де вр­не­ло дожд, а ка­де снег.
    Ве­лат: “Гос­под знае од ка­де па­ѓа­ат”. Не­ба­ре во вој­на­та има вме­ша­но прс­ти Гос­под, а не НАТО.  Ако е та­ка, зош­то то­гаш на вла­ди­ни­те прес кон­фе­рен­ции не при­сус­тву­ва и прет­став­ник на Мит­ро­по­ли­ја­та.

    3. Пра­те­ни­ци­те се пре­се­ли­ја во ре­но­ви­ра­на­та соб­ра­ни­ска са­ла. Фо­тел­ји­те им ги нап­ра­ви­ле по ур­нек на гер­ман­ски­от Бун­дес­таг. Де­мек – ев­роп­ски. Со ев­роп­ски ком­пју­тер­ски сис­тем за гла­са­ње.
    Ар­но ама, ка­ко што ев­роп­ски­те стан­дар­ди не ви­ре­ат на оваа поч­ва та­ка и ком­пју­тер­ски­от сис­тем от­ка­жа уш­те на пр­во­то гла­са­ње. Се ма­чеа пра­те­ни­ци­те со не­кои кар­тич­ки, при­тис­каа коп­чи­ња, Са­во им ме­ре­ше се­кун­ди, ама – џа­бе. На крај, пра­те­ни­ци­те се вра­ти­ја на ста­ри­от ис­про­бан на­чин на гла­са­ње. Со ди­га­ње  ра­це. Пра­те­ни­ци­те диг­наа ра­це од тех­ни­ка­та.

    4. Сре­ќа што ми­на­то­го­диш­ни­от прет­став­ник на ев­ро­ви­зис­ки­от фес­ти­вал не ус­пеа да ја кан­ди­ди­ра Ма­ке­до­ни­ја за уче­ство и на го­ди­наш­ни­от фес­ти­вал. Ина­ку, ќе ја ис­пла­шев­ме Ев­ро­па. Ко­га ќе им се по­ја­ве­ше Гиш со вре­ќи­те, ќе си ре­чеа: “Овие од кај се, не е ни чу­до што ги мал­тре­ти­ра­ат бе­гал­ци­те, ту­ку да нé поч­нат и да ги ја­дат!”
    Соп­ру­га­та на пре­ми­е­рот Сне­жа­на, во па­у­за­та пред гла­са­ње­то, на пра­ша­ње­то кој ќе по­бе­ди,  од­го­во­ри: “Па, се раз­би­ра – Гиш!” И на­вис­ти­на се раз­би­ра. Јор­дан Да­на­и­лов­ски, член на жи­ри­то, ав­тор на сце­на­ри­о­то и еден од по­мош­ни­ци­те ди­рек­то­ри во Ма­ке­дон­ска­та те­ле­ви­зи­ја. Пе­ро Ка­ми­ка­за, ди­рек­тор на фес­ти­ва­лот и еден од по­мош­ни­ци­те ди­рек­то­ри на Ма­ке­дон­ска­та те­ле­ви­зи­ја. Гиш, до­бит­ник на Гран при­то на фес­ти­ва­лот и уред­ник во Ма­ке­дон­ска­та те­ле­ви­зи­ја. Ор­га­ни­за­тор на фес­ти­ва­лот – Ма­ке­дон­ска ра­дио-те­ле­ви­зи­ја.
    Та­ка би­ло се­ко­гаш, па не­ка про­дол­жи и на­та­му. Са­ми си ор­га­ни­зи­ра­ме, са­ми си по­бе­ду­ва­ме. Зош­то да им да­ва­ме на дру­ги, ко­га се­га ние сме на власт. Не­ка си ос­та­нат наг­ра­ди­те до­ма. До ла­ни наг­ра­ди­те ги де­ле­ше СДСМ, от­се­га ќе ги де­ли ВМРО-ДПМНЕ. Ла­ни Коп­ров, оваа го­ди­на Гиш. Важ­но е да се пее. За­тоа што овој на­род са­ка фес­ти­ва­ли. Кој и да дој­де на власт, жи­во­тот ни е пес­на.
    Мно­гу уба­во е што и во сов­ре­ме­на­та му­зи­ка и на фес­ти­ва­ли кои пре­тен­ди­ра­ат да нé прет­ста­ват во Ев­ро­па се не­гу­ва имиџ кој ни го ис­так­ну­ва на­ци­о­нал­ни­от иден­ти­тет. Ама, белки во Ма­ке­до­ни­ја има­ло неш­то пов­ред­но од ман­тии со­ши­е­ни од вре­ќи. Има­ло ли не­ка­ков град­ски жи­вот, или си­те сме би­ле ов­ча­ри?
    Ако ве­ќе ВМРО-ДПМНЕ ги пре­зе­де и фес­ти­ва­ли­те од ко­му­нис­ти­те, не ќе бе­ше ло­шо ба­рем пе­ја­чи­те да им се уг­ле­даа на слав­ни­те лич­нос­ти од ма­ке­дон­ска­та ис­то­ри­ја. Ги гле­да­ме по сли­ки­те Го­це, Ја­не…, на­кон­те­ни, сре­де­ни, град­ски об­ле­че­ни. А – ре­во­лу­ци­о­не­ри. Ко­му­нис­ти­те беа поз­на­ти по тоа што го униш­ти­ле град­ски­от жи­вот во Ма­ке­до­ни­ја. Зош­то то­гаш и овие ја сле­дат нив­на­та тра­ди­ци­ја?

    5. “Ам­нес­ти ин­тер­нешнл”, ја кри­ти­ку­ва ма­ке­дон­ска­та Вла­да де­ка не пос­та­пу­ва­ла пра­вил­но кон бе­гал­ци­те од Ко­со­во. Тие се пла­ше­ле од на­ши­те по­ли­цај­ци. Зош­то, ако на­ши­те по­ли­цај­ци се тол­ку страш­ни, то­гаш бе­га­ле од доб­ри­те по­ли­цај­ци на Ми­ло­ше­виќ.
    Нај­до­бар на­чин бе­гал­ци­те да не се пла­шат од на­ши­те по­ли­цај­ци е тие да се зе­мат во Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја. Би­деј­ќи во цен­тра­ла­та на “Ам­нес­ти ин­тер­нешнл” во Лон­дон се­дат ху­ма­ни лу­ѓе, кои од кан­це­ла­ри­ја пи­шу­ва­ат из­веш­таи за ѕверс­тва­та на ма­ке­дон­ска­та по­ли­ци­ја, тие не­ма да има­ат ниш­то про­тив си­те бе­гал­ци да си ги зе­мат во Бри­та­ни­ја. Ем не­ма да се пла­шат од ма­ке­дон­ска­та по­ли­ци­ја ем ќе има­ат по­до­бар трет­ман.
    Та­ка поз­на­ти­те ан­гли­ски “бо­би” по­ли­цај­ци ќе ше­та­ат Ал­бан­ци по ули­ци­те на Лон­дон. Та­мош­ни­те по­ли­цај­ци се мно­гу фи­ни, та­ка што си­гур­но не­ма да им доз­во­лат на бе­гал­ци­те са­ми да ше­та­ат по гра­до­ви­те. Кај нас, си­ро­ти, ај што се уп­ла­ше­ни, ту­ку мо­ра­ат и са­ми да ше­та­ат по ули­ци.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари