13-ГОДИШНИОТ МАРКО ПЕЈЧИНОВСКИ КОЈ СО НЕКРОЗА НА НОЗЕТЕ ГО ПРЕПЛИВА ЕЗЕРОТО, ЌЕ ТРЧА ЗА ДЕЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ НА „ОХРИД ТРЧАТ“

    13-ГОДИШНИОТ МАРКО ПЕЈЧИНОВСКИ КОЈ СО НЕКРОЗА НА НОЗЕТЕ ГО ПРЕПЛИВА ЕЗЕРОТО, ЌЕ ТРЧА ЗА ДЕЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ НА „ОХРИД ТРЧАТ“Марко во видеопорака ги повика тркачите да се вклучат во тимот на лицата со ретки болести на 'Охрид трчат' на 2 јуни. (Фото: принтскрин од видео)

    Тринаесетгодишниот Марко Пејчиновски од Охрид, кој со некроза на нозете лани на 28 август за девет часа го преплива Охридското Езеро, иако има здравствен проблем годинава ќе трча за поддршка на лицата со ретки болести на традиционалната трка „Охрид трчаТ“ на 2 јуни.

    Општината го прогласи Марко за почесен граѓанин на Охрид за неговиот подвиг.

    Од Здружението за поддршка на луѓе со ретки болести „Живот со предизвици“ велат дека здравствениот проблем кој го има Марко го оттргнал од секојдневните физички активности, и се насочил кон единствената спортска активност која е во можност да ја прави – да плива.

    Марко во видеопорака ги повика тркачите да се вклучат во тимот на лицата со ретки болести на ‘Охрид трчат’.

    Видеото е достапно на овој линк.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари