Таа не беше родена кога Венус Вилијамс веќе имаше освоено четири гренд слем турнири, но 15-годишната Американка Кори Гоф ја елиминираше петкратната шампионка на Вимблдон на нејзиното деби на гренд слемот.
Гоф е најмладата тенисерка во историјата на Отворената ера што од квалификации стигнала до главната ждрепка на Вимблдон, но тоа не ѝ беше доволно и ја победи 39-годишната Вилијамс со 6:4, 6:4 во првото коло.
„Не знам како да се чувствувам, ова ми е првпат да плачам по натпревар, по победа“, изјави Гоф по мечот со Вилијамс.