Третото издание на Охрид ултра-треил ќе се одржи од 17 до 19 септември, при што низ Националниот парк Галичица и Преспанско-Охридскиот Регион ќе се трча на 100, 60, 40 и 21 километар. Ќе учествуваат вкупно 450 натпреварувачи oд 20 земји, што вклучува и професионални тркачи и аматери.
Трката Охрид ултра-треил, која е носител на настанот, е долга 100 километри, со 4.800 метри искачување. Авантурата почнува на полноќ во стариот дел на Охрид и минува низ неколку села во пониските делови на планината Галичица кон манастирскиот комплекс „Свети Наум“. Се очекува дека за комплетирање на патеката се потребни најмалку 12 часа.
Втората трка е Галичица ултра, долга 60 километри со 3.200 метри искачување, додека на Самотска треил се трчаат 40 километри и има 2.000 метри искачување. Најкратката трка е Летница треил од 22 километри и со 1.100 метри искачување.
Финишот на сите трки е во Охрид, на платото пред хотелот „Палас“.